Добро, но има врска и големината на гумата и таму со резовите на неа и уште други зафрканции или грешам?! Моментално јас имам Пирели на колата, Фиат Стило со 3 врати, сакам да ја средам и да ја продавам за 2 500 €.
Провери во Dog Security, автомобилски галантерии, ауто лидер, солид итн.. А можеш и сама да си ги офарбаш или пак кај авто лакер некој за попрофесионално.
@Bezimenka90 Исто и во мото центар можеш да прашаш, има повеќе места за фелни. Или пак да ти порачаат или сама да си порачаш. Исто распрашај се по автомобилскиве групи на фб, за Корола пасуваат фелни и од Мазда и другиве некои азијски коли, зависи со колку штрафови е и лежиштето. Од европскиве коли не пасуваат речиси никоја, можеби од Пежо ама тешко. Ако не можеш да најдеш, наједноставен начин е да си ги офарбаш.
Релативно добар автомобил, со 1.6 Hdi 90 коњскиот дизел е топ моторче, докажан мотор, нее голем потрошувач, само обрати внимание или пак земи со себе некој што се разбира или во сервис на проверка, да се проверат сепак масните делови кои ги има дизелот и мора по одредена километража да се заменат а на секој дизел се доста скапи. Послабата верзија треба да е и без варијабилен замаец што е предност оти кошта скапо замената, провери турбина, систсмите за издувни гасови, тука спаѓа егр вентил, дпф филтер, катализатор. Пежовците општо сите имаат посебна мана и со електрониката и компјутерот, ама мала веројатноста е да имаш проблем, сепак проверете и тоа. Исто и предница задница во каква состојба е подвозјето. Некои се жалат и на проблеми со кровот, така да пази и на тоа, ако си за 207, поубо земи си го хечбекот со обичен кров. И бензинците не се лоши, таму ги немаш овие масни делови како турбо, дпф итн.. Само кај бензинските агрегати битна е состојбата на ланчето пошто и тоа по одредена километража се менува ама сепак ХДИ дизелот е докажан агрегат. Целово ова што ти го набројав, не спаѓа во мани на колата, туку потрошен материјал што е нормално на висока километража и години да се замени а кошта скапо. Гледај колата да е редовно сервисирана, сите сервиси направени мал и голем за да немаш после проблеми, едноставно да е одржувана. Среќно !!
Пука глава на мотор меша вода со масло (честа појава) Проблем со бомбина и тешко се наоѓа нова. Бучен мотор,трошат масло,трошат доста гориво. ако е на плин рачунај вентилите се веќе пред ремонт пошто пежо нетрпи плин,брзо ги суши и паѓа вентилите. кај 2.0HDI немаш пукање на декла,немаш проблем со дизни,немаш проблем со прегревање и шо е најбитно 2.0HDI иди со фабричен фиксен замаец а 1.6HDI е со варијабилен. 2.0 е постариот мотор. Така да дизелот на пежо е одличен.
Дечки здраво, возам Citroen C3 2010 год, 1.4 бензинец. Вчера по кратко возење, кога ја паркирав колата ми се уклучи перката за ладење. Откако ја изгасив колата, перката вртеше уште 10 мин. После тоа, ја возев уште 10км за да стигнам до дома, по 1км се изгаси и не се вклучи пак. Денес пак исто, се пали и во вожња и плус ми дава antipolution faulty на дисплеј и ми светна сијаличката за моторот. Ја однесов кај еден мајстор во комшии и ми рече не е ништо, треба перката да работи и ја тргнал сијаличката за моторот што светеше. Вика дека на комјутер му давало проблем со турбината, ама терај немаш гајле. Секако не му верувам, сабајле ќе ја носам во Автонова, таму редовно ја сервисирам. Е сега, ме интересира, ако некој има искуство да даде совет или мислење околу проблемов, дали е нешто сериозно? Да напоменам дека пред година дена исто ми се уклучуваше перката и во Автонова ми рекоа дека е комјутерска грешка, ја избришале и ок си беше. Со претходната кола изгорена сум од мајстори и некако немам доберба, кога ќе видат женско што не разбира ништо, буквално си прават што сакаат. Исто, ќе ве замолам за предлог на асален сервис што работи со цитроени, бидејќи автонова ме изгореа со пари само да не е цилаз, бидејќи со нив имам лошо искуство.
Цилаз се најголемите олоши,врска од животот немаат. Можно е да имаш проблем со сензорот за температура. А тоа дека треба да тераш не е ништо остави стручњаците нека возат нивните коли да ги возат така. Врска од животот немаат. Има во Ченто за француски возила го фалат доста Мартин турбо сервис. Пиши на гугл mtt ќе ти излезе види контактирај го мислам со закажување работи.
1.4 PSA нема турбина, атмосферец е бензинецот, како му дава турбина?! Почесто уклучување на перката значи дека моторот ја постигнува максималната температура, ако 90 степени е нормална и моторот се разладува со расхладна течност, на 108 степени кога ќе достигни пример, се отвара и перката дополнително, меѓутоа за тоа пример ако се вози на угорница со 4 души и клима пример. Прво провери сензорот за температура, најчесто тој оди, а после и целиот систем за разладување, од антифриз, црева, па се до хладњак и радиатор (интеркулер) итн.