Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Автомобили

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Superiska, 7 април 2010.

  1. ArielM

    ArielM Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2015
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Цилаз се ужас, само што ја земав колата направив редовен сервис кај нив. Ме убедуваа да ми смрнаѕ и ребраст каиш, а колава има мотор на ланче И плус, само што излегов од сервис, ми светна сијаличката за уље, дека нема доволно па драми правеа, како се они професионалци, итн.. а критика не прифаќаат. Од тогаш ја носам само во Автонова и презадоволна сум до сега, би ги сменила само ради финансии.
    Ти благодарам за препораката, баш ќе ги контактирам.
    П.С. ја земав колата од сервис, само уље и филтри сменија и ги тргнале грешките, сега си е ок.
     
  2. ArielM

    ArielM Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2015
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Оххх, не знам, за ова ви зборев, дека сум изгорена од мајсториве затоа што и јас врска немам
    Инаку, ја земав од сервис, сега е супер. Сменија само уље и филтри, демек фалело, па затоа давало други грешки.
     
  3. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.388
    Ако возите бензинци ќе си дотурвате масло на секој 3000км. Сите бензинци си трошат масло.
     
  4. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Возам дизел. Полнолетна е колата годинава. Околу 200 000 км. Не ја носам по овластени сервисери. Кажете ми на колку км се менува ребраст каиш? Сменив ребраст пред 50 000 Водна пумпа е посебно, не е со ребраст туку со надворешниот каиш е. Ја сменив пред околу 40 илјади, не знам дали треба и неа сега?
     
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.914
    Допаѓања:
    7.108
    Пол:
    Машки
    Голем сервис (водна пумпа, затегачи, ролери, шпанери, канален т.е клинест каиш, нова расхладна течност т.е антифриз, ребраст каиш - ако е со ребраст се менува ако е со ланец нема ребраст) се прави на секои 50.000 до 80.000км или на секои 5 до 7 години - во зависност од состојбата на деловите и компонентите - но се препорачува колку порано се врши големиот сервис тоа подобро особено за половни возила со голема километража (180.000км+) и старост, за да се избегнат сериозни проблеми на самиот агрегат ако настанат при пукање и кинење на деловите особено ребрастиот. Значи од прилика на секои 50.000 до 60.000км или секоја 4та или 5та година еве и 6та нека е ако имаш помалце км направено, е најдобро за да не ризикуваш. Тоа праксата го покажала најмногу за половни и стари возила со висока километража иако по препорака на 120.000км ама тоа мануал упатсво од фабриката се однесува на новите возила што излегле од погон и се со прв сет фабрички делови. Веќе со втор сет од вториот сервис нагоре и како се прават километри и години врват интервалот на големиот сервис се намалува.
     
    Последна измена: 17 јуни 2023
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Благодарам на опширниот одговор. Од 2018 год наваму немам сменето ништо освен улје и филтри. И нормалнп, алтернатор поправав, други ситни дефекти. Колата ја пишува сега 210 000 км, но знам дека е 50 000 повеќе реална километража. Ја проверив кога ја купивме.
    Што се ролери и шпанели?
     
  7. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.914
    Допаѓања:
    7.108
    Пол:
    Машки
    Ако немаш податок кога е направен големиот сервис, тогаш на механичар да видат и испроверат во каква состојба се ремените, затегачите, водната пумпа итн. и ако треба да ги менуваш, направи го големиот сервис што поскоро.

    Шпанер е затегач, а ролер е дел над кој се движи ременот.
     
    Последна измена: 17 јуни 2023
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.388
    80,000km е мах за возење на каиши и водна пумпа. Уште 10-15,000км извози и напрвиси голем сервис. Водна пумпа на инна а каишите на континентал. Тие одат цел сет комплет.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам.
    Пред 50 000 км (скоро 5 години) е сменето два ремени и тука негде и водната пумпа. Другово не знам. Сега нарачав каиши, затегачи,водна пумпа, и не знам уште што, се што предложи продавачот на авто делови.
    Мајстор вели не мора да се менува одма, може уште 10 000 да истера. Ама верувајте страв ми е. Не ја возам само градска. Во последно време често патувам, подалечни релации, па некако се плашам да не нешто ми се случи. Не се разбирам една гума да сменам, не па за повеќе. Ете еднаш ми се случи ми умре алтернатор баш на пат кога бев, колата изгасна, едвај запали потоа ми рекоа демек можеш да возиш до дома, ама почна да стега волан и пак изгасна. Другачија била оваа кола, без струја некоја пумпа не работела. Шлеп служба 300 евра бараа, па решив да барам на лице место сервис.
    Мислам дека се од ИННА нарачавме.Рекоа демек 60 илјади е максимум за водна пумпа, после било ризик. Реков и погоре. Постара кола е. 2005 год. Сервис правев кога ја купив пред 5 год. До сеа има 50 илјади минато. Не ми се ризикува. Плус па крш делови на нашиот пазар. Да возев само градска и кратки релации немаше да брзам. Ама вака не сум мирна. Улје ставав на Феби, еднаш го заборавив 13 илјади поминав, грам не фалеше. Последниов пат немаше Феби земав генерал моторс, и мајсторите рекоа ѓубре е тоа, уште на 10 000 да се смени и во меѓувреме да се проверува шипката. Знам се понашам ко да возам Порше панамера :rofl::rofl: ама јбг немам пари за нова, ќе мора да ја одржувам добро.
     
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.914
    Допаѓања:
    7.108
    Пол:
    Машки
    Можеш да извозиш уште 10.000км и да направиш голем сервис, баш како и што ти кажав погоре, тој е интервалот од 50.000 до 70-80.000км или од 5 до 6години, ама што поскоро го направиш тоа е и подобро, зависи каква одлука ќе донесиш кога ќе го правиш.

    Иначе за малиот сервис (масло и филтри) гледај да не го забораваш, на старо половно возило најдобро е од 8.000 до 10.000 да се менува масло, подмачкувањето и вискозноста, особеното првото е многу важно зошто од него зависат многу компоненти не само агрегатот, туку како турбо полначот итн. Тоа што не фалело грам, е океј, дизел агрегат е затоа, ама вискозноста, адитивите и квалитетот веќе се губи над 8.000км со оглед на тоа каков е квалитетот на нашиве масла. За нови возила интервалот е до 15.000км ама тие сервиси ги прават во овластени сервиси со нивни масла и адитиви по нарачка и спецификација на самиот производител а не со масла од локални продавници за автоделови каде квалитетот е под знак прашалник, имаше афера дека овие извиканите брендови како Кастрол, Шел, ги точеле арачиновци, и во Тетово, Гостивар, Косово, Албанија. Дури и на нив како нови возила нее добро да се ризикува, што поскоро се сменува тоа е подобро, маслото е како крвотокот кај човекот, освежување.
     
    Последна измена: 19 јуни 2023
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Да. Ќе го направам сервисот. Не чекам. И за маслата знам дека се дискутабилни. Ама верувај немам можности во овластен сервис. А нашиве механичари сите се ради реда. Иако ми се блиски пријатели, ми велат не менувај, чекај да се расипе, зошто да си даваш пари. Затоа овде прашувам.
     
  12. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.914
    Допаѓања:
    7.108
    Пол:
    Машки
    Овластените сервиси се добри дур е ново возилото пожелно е таму да се одржува, оти има и гаранција, ова она знаеш. А локалниве т.е не овластени сервиси се исто добри (зависи кој како) и полесно се врви, сите и кај вакви ги одржуваме. Иначе не мора да е од овластен сервис маслото земено, има доста оригинални масла и по автоделови. Пример Репсол е оригинално бидејќи Макпетрол го продава, исто и нивното Лубекс, Лукоил исто и тоа нее фалш, Лотос и Валволајн исто оригинал ги продава Синпекс, Равенол имаше една продавница ама не ми текнува кој е задолжен. Ама овие Кастрол, Шел па и Арал т.н "звучни брендови" се повеќе фалсификат.

    За промена и поправки, никогаш не чекај последен момент дур "оди" или "дур се расипе". Тоа е балкански менталитет и тука го правиме. Чим е нешто за менување, поправање, најдобро е веднаш да се смени, колку повеќе се оддовлекува тоа полошо а покрај тој еден проблем може да настанат и други проблеми и сериозни поправки и замени. Пример ребрастиот каиш ако пукни може да оштети и други компоненти од агрегатот, подвозјето исто, особено него, бидејќи тука во прашање е и безбедноста.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    A Феби маслото? Инаку да. Не чекам секогаш. Ама од незнаење некогаш ме има оставано колата. Пример сега да откаже водна пумпа нема да знам јас што е работата. Кога ми откажа алтернатор знаев, оти светна на шал табла, инаку немаше да знам. Кога беше колата без сила, не влечеше, чекот светнат, ни механичари не знаеја што е. Ама да сум возела така додека откриеме. Не возев, одма на дијагностика, па истата вечер до касно дремев во гаража да се замени мап сензор. Пак ќе речам, не е ниту нова ниту скапа кола, ама моментално единствена. Не можам да ја оставам ради реда не одржувана. Некогаш сама тргам на пат. Имам платено шлеп служба еднаш и не би сакала пак.
     
  14. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.388
    Претпоставувам имаш астра х 1.7 :D
    Пошто имаше спомнато за маслото GM General Motors. То масло се менува на 7000km max.
    Феби маслото е на GM :worried:
    Феби ги превзеде ГМ. Стависи Мотул или Мобил. Мобил е многу квалитетно масло,далеку подобро од кастрол,елф и таканатаму. Голем сервис направиси,земиси континентал каиши и инна водна пумпа и рајат си.
    Во овластен сервис се прави сервиси додека е нова колата во првите 6-7 години. Поарно е оди кај локален сервисер подобро работат неголи овластените арамии. И обавезно да си смениш семеринг на радилица кога правиш голем сервис пошто голем дел од сервисерите не го менуваат туку го враќаат стариот а 250 денари е семерингот.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Како бе Феби на ГМ ?
    Не е астра. Но би сакала Астра Ј да имав.

    а како Феби е исто со ГМ ? Нели поскапо се продаваше Феби. Поима немам.. и сега излегува треба да сменам и масло ? Пред 7000 км е сменето, мислев да терам уште 2-3 илјади. Искрено не знам. Ми го препорачуваа ликви моли. Појма немам стварно. Во тие групите на фб ми е срам да пишам, се машки се.
     
  16. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.914
    Допаѓања:
    7.108
    Пол:
    Машки
    Терај уште 2.000 слободно и после смени, обично на 8 до 10.000км се менува, ама да нее 10 границата може и 9 или 8 најдобро пошто е постаро возило плус дизел.

    Febi Bilstein е добро масло, Феби е еден од поголемите и поквалитетни производители на пазарот за автоделови. Ако не возиш кола од General Motors GM концерн како Опел, Шевролет, не ти треба да ставаш масло на GM, иначе ГМ го произведува Chevron Company USA. Тоа за американски возила. Ликви Моли е супер ама ако го најдеш оригинално, оти покрај Кастролот и Шел и ова е најфалсификувано масло. Ако си задоволна од Феби и не го троши, терај си со него нема потреба да сменуваш друг бренд на масло.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.388
    Феби ги откупи ГМ оти пропаднаја. Е сега шо квалитет е ова новото производство никој незнај....Терај до кај 10,000 км после смениси масло.
    Иначе астра ј се многу убај али од 2011 па нагоре.
     
  18. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Ќе правам така до 10 илјади. Секако не менувам над тоа. Еднаш само се заборавив 13 илјади истерав со Феби.. Фала ти. Инску астри од 2013 ги гледам. Ама скапички.. со две врати ептен ретки се. Ми фаќаат око.

    @quattro па не најдов последниот пат. Пред 2 месеци нигде немаше Феби. Масло менувам на 5-6 месеци веќе. Брзо извозувам 10 илјади. ГМ земав оти не знаев што.. сите рекоа ѓубре е..
     
    Последна измена: 21 јуни 2023
    На quattro и AAKG им се допаѓа ова.
  19. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    80
    Mislenje za mercedes e270 cdi 170ks 125kw 2001god
    Potrosuvacka, delovi za servis skapi/evtini...?
    Kako e so voznja udoben neudoben komoten?
    Dali ima poudobna voznja i podvozje od VW BORA?
     
  20. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.914
    Допаѓања:
    7.108
    Пол:
    Машки
    За вожња далеку поудобен од Фолксваген Бора. Бора е на платформа од Голф 4, така да тоа тие Голф 4ка во седан верзија.

    Е270 во глобала нее лош мотор, меѓутоа како и сите дизел агрегати на било кое возило треба да се земе во обзир и да се проверат во каква состојба се и дали се сменувани потрошните скапи делови (дизни, турбина, егр/катализатор дали се запушени, пумпа за висок притисок, замаец итн..) кои треба да се сменат после одредена километража, во случајов има преку 300.000км и фазла ако е вратена, плус 22години старо возило, а секако треба да се обрати внимание и на диференцијалот зошто ова возило е на погон со задните тркала. Исто оваа серија а и сите модели на Мерцедес - Бенз до 2005 немаат високо антикоризивна заштита и не користат поцинкован лим, што значи клучно е и во каква состојба е и каросериски и шасиски зошто корозијата итоа убо го јадеше Мерцедес овие години, и Ц и Е па дури и С класата.

    Одржувањето е прилично скапо, повисока регистрација ради обемниот агрегат кој го носи плус од годинава и поскапено е за возила стари над 20години, потрошња испод 7 и 7ипол нема шанса да падне на овај мотор. Не се споредува со Бора во однос на вожња и комфор, различен сегмент се, прво Бора припаѓа на Ц сегмент и високо сериско производство, за разлика од Мерцедес кој се деклалира како луксузен премиум бренд а Е класата припаѓа во Д - седан сегментот, но и трошоците се повисоки за се итоа доста многу.
     
    Последна измена: 1 јули 2023
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.