1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Автомобили

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Superiska, 7 април 2010.

  1. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    6.029
    Пол:
    Машки
    Рено Меган е океј како што реков, особено со 1.5 дци, ама е комплицирана механика и скапо за одржување, како и секој друг дизелски агрегат.

    За разлика од Хјундаито, тука имаш еден обичен напореден линиски 4-цилиндричен атмосферски бензински мотор без замајци, дпф и други глупости што ги има дизелот. Сервисот е смешна цена, 2500-3000денари. Ќе му се изнавози без главоболки, плус дека почетник, измислено за почетници и да изгори ламела итн, а да е дизел ќе фрлиш 700еу за цел сет куплунг, а овде смешни 7000-8000денари за ламелата. И дизелот е супер на Хјундаи, тој со 4 клипа, ама не и треба зошто сепак дизел агрегатите се покомплицирани.
    Хјундаи Гетц ради овие причини и затоа држи цена, одат и до 3500еу.
    Корсата бензин океј е и таа, ама со долговечноста на Гетц не си може, дефинитивно корејците тука газат.
     
    На Две Принцези му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    1.315
    Hyundai Getc е најголемото срање од кола. Лимариа катастрофа,иако е бензинец носи всријавилен замаец од 2004 до 2008. И30 е со фиксен.
    received_898338871682359.jpeg
    received_918078099649901.jpeg
    Гетц 2008,трапо скапан цел ќе излези тркалото. А за цел сет ламела да се замени кошта 5000 само работна рака и 15000 цел сет.
    Масло трошат,грејат налето. Возам моментално i30 2.0CRDI 140коња 2010 катастрофа од кола. Башка хјундај гетц звучна изолација ужас.
    Барајте vw lupo 1.2TDI, Fiat Linea 1.3Mjet
    Seat Ibiza 1.9TDI,Nisan Micra 1.2i, Audi A2 1.4TDI и така натаму. Барајте коли кој не скапуваат. Без разлика дали се чува во гаража или надвор,таја кола која што нема поцинкована шасија скапува.
     
    На Thebotpet му/ѝ се допаѓа ова.
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    6.029
    Пол:
    Машки
    Голф 6, подвозје. Секоја кола корозира ако е изложена на екстремни зимски услови, екстремни. Хјундаи И30 е со варијабилен новите генерации. Гетц не. Комплет сет на Гетц е макс до 8000ден итоа Sachs & Valeo, ЛУК е 11 000. 1.4 ТДИ треси како трактор, толку не рамномерна работа на мотор.. башка баш овај звучната изолација е катастрофа.

    Еве го Sachs за Гетц https://www.autocentar.mk/кумплуг-sachs-3000954230-is25973004.html

    1.6 CR ТДИ
    vw-golf-mk-6-2011-1-6-tdi-is-this-a-lot-of-rust-v0-8dm1mww43mo81.jpg
     
    Последна измена: 21 јануари 2024
  4. Thebotpet

    Thebotpet Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2023
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    Koga bi zimal mala kola gradska se naoga i polo benzin i polo dizel,isto taka seatot bi go izbral opel corsa po novite modeli ,sepak germanska kola e germanska ne ejaponska ili korejska da pritissnes so prstot ke propadne cela sasija,inaku sekoa kola skapue dali golf dali megan dali neznam so rwdi toa so gi nosat odozgore slabo osrzuvami.sum se vozel vo toyota korola 06 gof buci celata na 100 rwdioto ne se slysa i ako prajmr musbet,sum se vozel i na ovie pono oive 2019 mislam bese 20 nebitno na 120 ze trese celata,izolacija 0.sepak bi izbral germanska kola a vie korejci japonci ne se bash kvalitet
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    1.315
    Не е на голф,на хјундај гетц е подвозјето. 1.6i 106кс 16v 2008 и за жал е со двомасен замаец а разликата кајнего е што е long live. Исто и 1.5CRDI е со двомасен. И30 140кс е со фиксен фабричен. Сменав само ламела ко ја зедов оломнани.
    IMG_20240121_225321.jpg
    Еве слика од моторо на хјундајто гетц
    received_1063216381153372.jpeg
    Дури цревата метални рѓосаја.
    received_585741830396546.jpeg
    Венецо цел скапа.
    received_1191543541677784.jpeg
    received_154034317589275.jpeg Хонда кај шо ја спремаме пред фарбање.
    Messenger_creation_954118315762045.jpeg
    Киа 2012. Цел венец скапа.
    Евети слика од опел
    received_916337756176044.jpeg

    И бмв 530 е од 2004 ама е фулл цинк шасија за разлика од корејските кој се само обичен лим.
    Иначе се насе да замениш сет на гетц вкупно иди над 20,000 денари.
    8000 сет ламела,потисна и лагер.
    2000 горна пумпа
    3500 долна пумпа
    5000 работна рака
    2000 денари масло за мењач(старото само ќе истечи кога ќе излези десната осовина па ќе мора ново)
    600 денари глицерин.
    Можи да се најдат и поевтини цени(нормално заменски,фушарија)
    али цените се поскапени скоро за се. 2500 до 3000 бепе работна рака ама сега е 5000. Овие цени се за гетц 1.2 1.6 двата мотори. Едниот 1.6 е со двомасен замаец. Тој башка.
    Рачунај кад тад за година до две ќе мора да отвориш ламела иако е бензинец. Најмногу ради то се продават,ги извозват па ги продават.
    Делови тешко се наојѓаат како на пример компресор за клима за дизел.
    Порачана нова август месец од полска пошто во мк нема никаде. 500 евра нова.
    IMG_20240121_232230_490.jpg
    евеа старата
    IMG_20240121_232235_291.jpg
    Мораше да се препрај новата за да се напасова.
    Мало количе ама многу тајни крие.
     
  6. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    1.315
    Не скапуваат сите. Еве пример бмв 520 525 530 535 е60 не скапува ама цело е поцинковано. Исто така и ауди а5,а7,лехус,хонда,пежо овие над 2009,реното,посебно фиатот не скапува од 2002 па наваму. Не е до гаражирањето,до самата кола е проблемот како е произведена. Е сеа колку пари толку музика.
     
  7. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    6.029
    Пол:
    Машки
    За Голфот сликата што ја пратив затоа пишав прва реченица подвозјето. Иначе знам Хјундаи си имаат своја платформа, подвозје, моторизација.

    Добро, азијските коли во почетокот на 2000-те имаа проблем со корозијата, па и сите останати други, но помалце. До 2006 и Мерцедес корозираше, на крилата, на хаубата, Пасат Б.5, Б.6. Опел исто го јадеше. Ама од 2006 нагоре почнаа скоро сите да прават возила со антикорозивна заштита. Како шо рече ти, германците од први од 2005-06, јапонците и корејците од 2008-09 нагоре немаат проблем. Али сепак зависи и од климатските услови имале или немале заштита, и да имаат ако живејш во Норвешка, итоа како ќе попушти, или Италија од влагата од морето и солта, сонцето го гори лакот и бојата итн.. Се си има свое. А за делој потешко се наоѓаат, од искѕуство тоа го потврдувам, се наоѓаат од трети земји да чекаш, Полска, Чешка.. Не дај боже па каросериски да ти затреба.

    И30 има повеќе верзии, ако би одел на Хјујдаи/КИА тоа би било стриктно 1.4 МПИ 100кс, можеби тром е моторот ама нее комплициран.

    Не зафркавај. Само азијците уште ставаат чист лим на возилата, другиве сите или пластифициран лим или пластика чиста, затоа магнет на хауба и не можеш да залепиш. Корола е корпулентно изградена и масивно, тешки врати, лим. Од Корола потивка кола нема, ни мотор се слуша ни ништо. На автопат на 130км/ч секоја кола бучи, прво циркулацијата на ветрот се слуша а после моторот, бензинецот е потивок од дизелот, ако има 6та брзина ништо нема ни да слушниш бучава. Корола 2014, за 2 секунди на место при нагло кочење, толку брза реалција и осетливост на кочниците ни една друга кола нема, освен Порше. И вожњата е мека, ни дупка ни шахта се осеќа. Корола е најпродавана кола во светот, преку 50 милиони единици, Голф е 37 милиони. Во Македонија, 2022 и 2023 сега, нови, зборувам за нови возила од салон, не ппловни, најпродавани се Киа Спортаж и Тојота Корола.

    Ако германците правеа, немаше Мартин Винтеркорн 2011 на саемот да биде загрижен од Хјундаи и да го испитува И30 и на германски да рече: "Како им успева, ние не можеме, БМВ не можат".

    Немаше да бидат загрижени и сега од кинеската конкуренција па со закани, санкции и даноци да се штитат. Нека го отворат пазарот за сите, ама ќе бидат преплавени со кинески возила, црно им се пишува на европската индустрија и затоа се служат со санкции спрема Кина. Италија и Франција влегоја заедно, го формираа Стелантис, сега Фиат и Пежо се едно исто, тоа го направија ради стравот од кинезите да не пропаднат и бидат згазени. Германија исто трепери, се служи со огромни даноци за кинеските возила да не се продаваат нагло штититејќи си ја на лукав начин нивната индустрија. Ама ѓабе, пред 10 години европјаните отвораа фабрики во Кина да работат за ѓабе, ама сега кинезите отвораат во Европа. BYD отвори фабрика во Унгарија. Зошто се бунеја Германците и французите?

    @AAKG
    1:55 минута, "Der BMW kanns nich, wir könnens nicht".
     
    Последна измена: 22 јануари 2024
  8. Две Принцези

    Две Принцези Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    371
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите,зедов фиат пунто 2006 год.дизел па ќе видам сега како ќе се погоди
     
    На AAKG и quattro им се допаѓа ова.
  9. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    1.315
    Odlicen izbor,so zdravje da se vozi. Go imav so 1.9 motor konj od kola.
     
    На Две Принцези му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Две Принцези

    Две Принцези Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    371
    Пол:
    Женски
    Благодарам
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  11. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    79
    Opel zafira 2007/8 kako se pokazani?
    Koj motor e najdobar? Za dizel
    Kako e so srevis, potrosuvacka??
    Fala vi
     
  12. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    1.315
    IMG_20240207_150706.jpg
    Овај.
    1.9CDTI 88Kw 120коња 6 брзини мењач.
    има со 101кс 120кс и 150кс дизел.
    Најдобар е 120кс,нема проблеми. Ќе пазите на мењачот да е ок,да не мрда рачката од мењачот кога се дава и одзема туража. Другото е ок.
    Масло и сите филтри кошта 6000денари.
    Голем сервис каиши 20.000 денари.
    Троши 8лири во град а на отворено 4.5литри.
    Подетални информации ако ти требат слободно пишими во порака.
     
  13. Tomasa

    Tomasa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2023
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    349
    Пол:
    Женски
    Сакам да купам кола, само што положив, и немам никакво искуство од коли.. Некој поискусен да ми предложи некоја кола, за почетник, највеќе ми треба за до работа, да е некоја мала и да не троши многу..
    Ми предлагаат Citroen C3 или Peugeot 207 .. а јас стварно незнам..
     
  14. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    6.029
    Пол:
    Машки
    Peugeot и Citroen се иста компанија. Во овај случај, јас пре би одел на Пежо 207, повеќе естетски ми се свиѓа. За почетник идеално, лесно за одржување а и нее скапа регистрацијата. Исклучиво со дизел мотор, или 1.4 или 1.6 Hdi, особено 1.6 е доста рентабилен, докажан а и мал потрошувач, преку сила 6литри нафта ако троши. Може и бензинец особено тие со TU ознака, во овај модел мислам дека е само 1.4 TU, другите 1.4 и 1.6 со Princе ознака немаа некоја добра експлотација. Али.. најидеално тие со дизел мотор. Се имам возено со 207ца со 1.4 Хди дизел мотор, чипувано беше на 90коња, перфектно си влече и 5 литри потрошња изваде на 100км.
     
    На Tomasa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.646
    Пол:
    Женски
    Дали е паметно да се купи автоматик? Знам дека е полесно и поубаво, ама викаат ако се расипе нешто мора цел дел да се смени што е многу поскапо од мануелно. Се мислиме со сопругот за Peugeot 3008, на старо но ова со автоматик ни е да не испадне после ѓавол и пол да плаќаме ако некад нешто и бидне. Совет?
     
    На felisitas му/ѝ се допаѓа ова.
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.219
    Допаѓања:
    11.041
    Пол:
    Женски
    Автоматик да, ама само понова кола, да речеме автоматик од 2017 навака а не автоматик од 2010.. Иначе, нормално дека е поубаво, рачна на дугме, кумплугот не го осеќаш колку лесно се стиска..
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.646
    Пол:
    Женски
    Маж ми малку се замисли, бидејќи му рекле ако се расипе цели делови се менувале и сл, и многу скапо било. Иначе да секако нема да е постара од 2017. Па затоа се мислиме.
     
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    6.029
    Пол:
    Машки
    Наскоро сите автомобили ќе бидат со автоматска трансмисија како што оди технолошкиот напредок и како што излегуваат новите нормативи и барања од страна на законите а кои производителите мора да ги задоволат. Во САД, 99% од населението вози автомобили исклучиво со автоматски менувач, Австралија и големите азијски земји исто. На стариот континент се уште луѓето даваат предност на мануелните менувачи, но како што одиме напред се повеќе и ние европјаните се префрламе на роботиката. Па така и некои големи производители од 2025-2030 во понудата нема да имаат возила со мануелни менувачи без разлика дали станува збор за возила со конвенционални горива или електрични или на водород - што за овие две речиси автоматиката ќе биде задолжителна.

    Автоматскиот менувач има свои предности и мани, како и за секоја друга работа. Предноста е тоа што "компјутерот" сам си ја врши работата и е еден голем плус за во големите сообраќајни прометници, гужви или пак за долго патување и крузирање на отворен пат.

    Негативно е тоа што повеќе ќе се празни буџетот што е очекувано, колку посложено - толку поскапо. Одржувањето и сервисирањето си бараат повеќе внимание и мора редовно да се врши како и за се друго на колата за да се избегнат не сакани проблеми. Секако дека е поскапо бидејќи е посложена механиката а и тука е веќе електрониката вклучена, за разлика од мануелците каде е обична спојка со директен пренос - рачка до погонските тркала, додуша на новите возила и тие не се оставени без електроника и нешто дополнително, за да се постигни поголема ефикасност меѓу моторот и менувачот во однос на потрошувачката, емисиите за загадување итн..

    Се имам возено во Пежо 3008 1.6 е-Хди од 2013, со автоматски менувач, и во тие 2-4 часа вожња, менувачот си ја бркаше својата работа и бев изненаден, немаше многу каснење во реакциите, минимално до 2 секунди закаснување само. А ако се работи кај вас за Пежо 3008 од претпоследната и последната генерација (2017-) тогаш уште повеќе се пософистицирани и тие некои мининални манири се поправени. Ако возилото е прилично ново и со мала помината километража, во првите 10 па и 15 години од експлотацијата нема да имате никаков проблем. Редовно одржувајте го возилото и сервисирајте го, и моторот и менувачот и останатите делови и компоненти на него, не ги прескокнувајте сервисни интервали и ќе немате проблем.

    Јас да сум на ваше место, би одел на мануелец, зошто уште некоја година ќе бидат достапни, па да уживам во последните години од неговото постоење - ама јас автомобилски фанатик сум, од поинаков аспект ја гледам автомобилската индустрија и колите, затоа и така викам, ама и секогаш мануелецот ќе ми биде број еден избор, тоа чувство сам да си бираш брзини, која сакаш, да ги осетиш зупчаниците, клик-клак на менувачот кога влегува во брзината, звукот на забрзување во одреден број на вртежи (обртаи) и сл., компјутерот никогаш нема да го овозможи тоа чувство за жал :D. Али ете, светот се префрла на други промени, сакале ние или не, за некоја година ќе возиме исклучиво автоматик и електрични возила.....
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.646
    Пол:
    Женски
    Да од поновата генерација ќе биде. Ти благодарам на објаснувањето.:)
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  20. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    6.029
    Пол:
    Машки
    И да се надоврзам, Пежо имаат добри автоматски менувачи, и автоматик и мануелец, но од европските производители како ДСГ менувачот на Фолксваген Групација е за нијанса подобар во однос на работата и бирањето на брзини, двојна спојка. А кога станува збор за квалитет, тогаш јапонските производители се број еден по сите анкети и истражувања, целокупно за целото возило, од мотор до менувач па се до електроника, само кај нив што автоматските менувачи се од различен тип и различно ги бираат брзините, во одреден број на вртежи како да има една брзина само, CVT менувачи, најчесто кај Тојота, Хонда. А во последно време и корејските производители се синоним за добар квалитет, а пополека на тоа поле изненадувачки и брзо навлегуваат и кинезите кој дури и за нијанса се подобри од конкуренцијата - што е зачудувачко за западниот свет и прави се да го запре тој напредок од исток, и конкурентски во индустријата и политички.