BMW 1 почетник не може да го вози. Си има закон 2 години до 77kw а серија 1 и 116 да е пак е над 77kw.
Вие што се разбирате во коли, шо ќе кажете за половен fiat 500? Дали се скапи за одржување, најчести дефекти и проблеми шо се јавуваат?
Зависи со кој мотор ќе го земеш. 1.3 Multijet е проверен мотор, економичен и евтин за одржување. 1.2 бензинскиот е малце поскап за одржување и знае да потроши повеќе, а знае да биде и доста тромав и слаб. 1.4 бензин веќе троши повеќе, но е позабавен за вожња. Воглавно немаат некоја посебна маана, електрониката им е послаба страна на Фиат. И секако, битно е како е одржуван. Мало, градско возило, за двајца. Доста е клаустрофобично назад и тешко голем човек да седне. Гепек има мал. Лесно е за управување, паркирање, и овака е доста впечатливо по изглед. Би сакал еден Abarth да имам.
Таја кола е тотално ужасија од кола. Прво подвозје има катастрофално,делови слабо се наоѓаат,бучна,вожња никаква. Еднино ако земиш Абартх,тие се со спорт подвозје и се појаки. Класичниот модел шо се вози низ мк е 1.2 бензин или 1.3 дизел. Бензинец Фиат немаат убав мотор али дизелот е одличен. За таја сума на пари можеш да си земеш на пример Алфа Мито,далеку подобра од Фиат 500.
Братучеда ми го има. 1.2 бензин 2010 година. Скоро година дена го вози. До сега околу 200еур има вложено во него. Направи сервис што е нормално и смена некоја пумпа и лагери од подвозјето. За една ипол година до сега освен ова, друго ништо, вели задоволна е. Па сега не знам, зависи како ќе ти се погоди. Иначе е тромав особено на поголеми угорнини со 3та 50-60, фазла не оди. Тие старите со бензински мотор арни се, мислам мотор, другото и така и така. Ако купуваш таква до кај 700-800еур океј за почетник, ама од тие новите Grande Punto, не би ти препорачал.
1.3 Multi Jet дизел оди во многу коли, го има и во Сузики Сфит, Опел Корса, итн. Налик добар агрегат. Е сега другите болки со електрониката никој не знае кога и каде. 1.6 дизел ХДИ Пежо мотор до сега се покажа најмногу. Види Пежо 207, уба вожња има, е сега и тоа си има болки со електрониката ама бар поатрактивен изглед има. Пунто делува пензионерски многу.
Девојки, продавам Фиат Панда. Одлично количе, особено за почетници Супер ми служеше овие 7 години отприлика. Искрено, само два пати сум одела на автомеханичар. Ја купив одлично сочувана и со редовни сервиси од сигурен извор. Од некои приватни причини, намалуваме на едно возило дома, па тоа е причината да ја продавам. 2006 година, бензинец Клима во одлична состојба - греење и ладење Редовни проверки и сервиси Скоро направено: Серво (новосервисирано, пред 2 месеци), полирана и фарбана пред 6 месеци (чисто поради обнова на кровот кој од дрвја, листови и надворешни фактори) па сега си светка чисто Последен редовен сервис пред месец дена, нови амортизери, гуртни и нов акумулатор. Дополнително - давам плус две комбинирани гуми. Поминати км: 141000 Цена: 2600 EUR
За синот гледаме да земеме кола Он има бендисано форд фокус 2013год 2.0 со пежо мотор била И се од опрема имала фулл Да не ја има некој?
ХДИ моторите на Пежо се добри, а и проектов Фокус е задоволителна платформата, повеќе од солидно е направен. Обратете внимание на основните скапи потрошни делови кои со текот на времето мора да се заменат ако не се заменати веќе. Ако е почетник, 2.0 развива повеќе од 105кс законски не смее да ја вози. 1.6 Хди треба тогаш, а и 1.6 иако е потромав - повеќе е докажан во експлотација еден од најдобрите мотори, 2.0 е солиден, секој шо зема Фокус повеќе одат на 1.6. Ако син ти мие генерација и има поминато 2год, тогаш можи да го вози. @Billy Idol Ти имаше ваков или Focus MK2 претходната генерација на овај? Па еве нека сподели мислење како е задоволен, ајде Били, реци нешто нама о твојим Фордом
Од претходната генерација е. МК2 редизајн. Иначе и 1.6 ТДЦИ е над дозволената граница од 104кѕ. @ALISA0000 , Фокус како Фокус, има добри и има лоши страни. Добри страни му се што е доста штедлив, посебно 1.6ТДЦИ моторот. Поправките се релативно евтини споредено со другите возила. Простран е и има доволно простор за се. Ако идете со караван верзија, како на сликата, тогаш ќе добиете огромен простор. Мани му се што е тромав, посебно 1.6 моторот и немаш никакво доживување како за млада особа. Знае да биде повеќе бучен, т.е. слаба му е изолацијата. На претходните модели некаде до 2005/6 се јавуваше и корозија, после го решија тој проблем. Моторот е доста добар и сум немал некои поголеми дефекти. Турбото може да рикне, на тоа да посветите внимание. Исто така пумпата за уље, МАФ сензорот, ДПФ и ЕГР знаат да прават проблем ако е премногу експлоатиран. Како секој дизел. Електрониката не му е најсјајна. Имавме ние некој проблем со некој сензор, не се сеќавам точно, потоа со сензорот за температура, електриката на прозорците се расипа. Клучот престана да работи. И знаеше понекогаш да се уклучи некое ламбиче онака, без ништо, па треба да го ресетираш компјутерот. Еднаш истече и течноста за кочниците. Другото се било стандарднo што се менувалo Лагери предни мислам некаде на 90 000км требаше да се променат. Што е малку. Внатре има доста пластика, посебно кај таблата за мултимедија па знае да почне да крца, што ме нервира ужасно. Инаку кај мене е купен нов од Ми-Да и редовно сервисиран. Прв газда. Па затоа овие работи ти ги нагласувам. Она што се носи од увоз, најбитно е да е добро сервисирано и одржувано. Ако ме прашуваш мене дали јас би го купил? Не. Нема ништо на него што ме воодушевува и ме тера да го возам, можеби затоа што пораснав со него. Автомобил од точка А, до точка Б за постари лица. Така го гледам. Од друга страна пак, знае да биде доста добар како што реков, посебно моторот, лесен за одржување и економичен за гориво без некои поголеми маани и скапи дефекти како кај други возила (француски, италијански).
Уствари да, 1.6 DV6 TED4 2 е со 114кс, Мислам дека во МК3 првично го имаше и 1.6 DV6 D2 90кс па после тој од 114, затоа го спомнав. Чим е 2013 колата, 114кс е.
Мислам дека го нема тој од 90кѕ во Мк3. Во секој случај, изгледа не е тоа проблем за членката чим праша за 2.0. Јас сепак би советувал да оди на тој 1.6 114кѕ. Проверен мотор.
Здраво, дали препорачувате сеат ибица дизел 2010 2011 или 2012 за почетник? На што се најосетливи сеатите? До сега никој од блиски не возел сеат, па и немаме баш некое искуство. Фала ви
Немате возено Сеат ама гарант имате возено Фолксваген или Ауди Епа исто е, Ибица е всушност Поло само друго пакување, и двете Шпанија се произведуваат. А Сеат е во сопственост на Фолксваген Групација само има друга политика, бренд наменет за младата популација. Може за почетник. 1.6 ТДИ 105кс дизел. Друг никој мотор, особено бензин. Обратете внимание на Сиеменс дизните, прават проблем. Ама мислам дека 2012 веќе ги заменаа со Бош дизни, не би требало да има проблем. Друго.. како и секоја кола, потрошните делови кога тогаш бараат замена затоа се и потрошни, али за дизел се поскапи. Обратете пажња, дпф, егр, турбина, замаецот исто цел сет куплунг е доста скап.