Кај нас поздрави се коливе неголи низ Европа. На ѓомити поарни патишта и условии и сервиси имаат ама подамбетер од нашите се. Пред 4 дена стигна Пежо 5008 од Германија стакло е ,капка корозија нема. Па шуба вожња има,кој пасат кој бакрачи. Глеам овие новите сите ги земат кинеските со 1.5Турбо бензин моторите со 190коња. Внатре ентериер како ролс ројс Се исплаќа за 16,000 евра со 7 години гаранција со турбо бензин мотор. Можи да се наштима на плин, нашиве овде ќе го дотерат
Кај нас се поздрави, по немаат корозија оти во зима фрлаат само камчиња, солта скапа им е а во Европа фрлаат и сол. Е сега кај нас се нездрави од тоа шо патиштава нон стоп бам бум, де дупка де шахта, аир нема Пежото тоа како автобус е комфорно, 5008ца. Кинезиве се чудо, сите ги надминаа. Ти да видиш како се квалитетно напраени, масивни, тешки, тоа вратите ко тенк да отвараш. Секоја им чест. Внатре врија од луксуз, мислиш во вселенски брод си а не кола. Браво, браво. Вчера имаше ко саем на електрични коли во ИГ, беа DongFeng DFSK Friday EV и Seres 3, MG ZS, Porsche Macan 4 ev, Tesla Model 3, Hyundai Ioniq 6. Кинезиве доминираат, овај DFSK Friday EV е страшилиште. Не видов никаква разлика меѓу кинезиве и Порше, Порше носи и тој кинески батерии така да исто тие се, Кинезиве уште подобри беа. A тој со 1.5 бензин за 17 000 еур е машина, за таа пара поарна нова кола нема.
DFSK колега од работа ја зеде пред недела дена,седишта внатре како на Ламборџини,луксуз на мах а најмногу впечаток остава шо кокпитот му е гумиран и пластиките се монтирани во гумиран простор така шо нема крцкање,шкрипење како кај Мерцедес на пример или Сеат. Вака така ќе ја паднат продажбата изглеа на vw. Сега има новости после нова година давачките драстично ќе паднат за увоз на возила. Реално за 16-18,000 евра поарно е кинеска нова кола неголи старо Ауди со 500,000 свртени.
Неее, него моделот се уште не е претставен во јавност ниту пуштен во продажба и никој не знај како е дизајниран и како изгледа освен тие. Пошто мора да помини под разни тестови му прават камуфлажа т.е кријат се додека не биди официјалната свечена промоција Обично тестови вршат таму низ западна Европа ама еве за прв пат и во источна итоа па и во Македонија хаххаа.
Да, да, сфаќам. Ама скроз ко некој да не исчистил колата од снего и тргнал ми личеше и морав да зумирам и имав "АХА" момент. Ама никогаш не би претпоставила дека вака би камуфлирале. Интересно.
Meanwhile in China: BYD го превземаат полека, но сигурно приматот од Тесла за најпродавани електрични возила. Останатите кинески брендови напредуваат со брзина во светлината со своите електрични модели и нивната продажба драстично се зголемува. Европа и Америка воведуваат нови царини на кинеските возила за да ја намалат нивната продажба во Европа. Европските, посебно германските брендови се во вртоглав пад и затвораат фабрики.
Ќе дојди денот ќе возиме кинеско, шо се брзаш хаха Били со тешко срце ќе ја сменам Маздата.. кола со душа е таа ама со нетрпение чекам да седнам зад воланот на некој DongFeng или Chery, ваљда ќе биде еден ден. До сега шо имам видено, кинезиве ја газат конкуренцијата, ја газат, и овие европјаниве и азијативе
Ќе помине уште време. Моментално не се конкурентни кај нас. Ама иднината е натаму. Ја таман се подновив со европско, ќе треба да го менувам за кинеско.
А не кажуваш да си честиш, види ти Шо зеде, црн гољФ ли хаха, не, А5ка имаш земено ти Ќе биди, овај Chery FX е лудило брат, каков Ауди какви бакрачи, исто и DfSK T5 Forthing, плус со Мицубиши мотор, па шо да биди повеќе
Chery FX е лудило од модел. Имав можност да го видам од блиску. Ептен квалитетно возило, наџиџано со се и сешто. И надвор и внатре изгледа премиум, модерно, како спејшатл. Сега имаа и некоја акција со попуст. Т5 Forthing Evo гледав рецензии доста за него. И од тој дечкото од МК гледав видеа, мислам дека RPM му се викаше каналот. Geely Stingray е исто доста интересен модел. На овие најслаба страна им е слабата понуда на мотори. Черито иде со нивни 1.6 бензин кој е доста добар. Фортингот со 1.5 митцубишивиот мотор некако влева повеќе доверба. И двата си се трошаџии. Ја би рекол дека главен проблем кај овие е цената. Значи за иста или слична цена имаш Хјундаи Тусон и Киа Спортаж. Може релативно не се толку кул, но се веќе етаблирани брендови кај нас. Ете да спуштат едно 5000 евра попуст и да работат со помали маргини, има да уништат секаков пазар овде. Е лошо е исто така што и слабо имаат маркетинг. Страниците им се катастрофално изработени во Вордпрес. Реклами на социјални мрежи нема. А треба да фрчат на сите страни, агресивно да настапат на пазарот. И поради тоа на крај секоја трета нова кола е Тусон, а не Чери.
@quattro , чисто за споредба колку сме им небитни е разликата во веб страната кај нас и во Србија на Чери, а и цената. Кај нив за почетниот модел е €23 000, а за истиот модел што го има кај нас, Noble е €26 000, кај нас е €30500
Сите производители т.е салони кај нас имаат повисока цена за разлика од регионот особено Србија, не само Чери. Во Србија и општо навлезена е Кина длабоко.
Не знам како им се давачките, царините итн. дали има разлика од тука и Србија. Да, Кина е далеку навлезена таму, ама цел тој товар доаѓа од Солун преку Е75. Така да, за транспорт секако влегува преку Македонија. Значи не би требало да има голем проблем. Работата е што кај нас воопшто не се трудат да бидат конкурентни на пазарот. Може ние сме мали, ама едноставно со тоа што се откажаа, дозволија Корејците, Јапонците да навлезат кај нас и да владеат овде. Или пак, нашите дилери си ги дигаат цените до небеса за поголем профит а не сакаат да вложат ниту во една веб страна. Така бизнис не се одржува.
Еве ја Витарата на акција од 22 000 евра за 2WD Hybrid и 27 000 за AWD Hybrid Не изгледа наџиџано како кинезите, но следува со проверен квалитет и моторни уреди кои немаат смрт. https://suzukiauto.mk/vitara/ AWD верзијата, која е поевтина од цела кинеска конкуренција, нуди многу повеќе можности од се во таа класа. Докажано off - road возило.
За ова што ќе речите? Колите на обичните смртници ги најдоа како најголем виновник за аерозагадувањето, а нема врска што големите корпорации загадуваат далеку повеќе, сакаат да ги убедат луѓето што одат на работа со нивната кола купена половно за 3000еу дека се најголеми загадувачи. Можеби ова ќе беше исплатливо кога просечната плата ќе ни е 4000еу па да можиме Тесли сите да возиме или коли од 2020 нагоре од салон. Или не знам, да се заангажираа прво да направат добар и редовен транспорт, градски и меѓуградски.
Комисијата бара али нема да има таков закон зато шо 80% од колите во МК се од 2002(просек) па нагоре а државата ќе биди во голема загуба ако се доведи законот за еуро 5.
Каде се купуваат украси и сваштарија за кола? Ко на пример, парфеми, освежувачи за воздух или како и да се викаат оние за у кола. И остали ствари? Знам на бензиските имаат у разни бои, едни ко човечиња. Но ми треба поширок избор. Дали има некоја поспецијална продавница? Од каде купувате? Само не ми кажувајте на интернет, оти треба да набавам нешто вакво интересно за помалку од недела