Автомобили

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Superiska, 7 април 2010.

  1. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    9.671
    Пол:
    Женски
    Зошто? Што им фали?:?:
     
  2. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.214
    Допаѓања:
    8.416
    Пол:
    Машки
    Во каталог фабриката извадила толку потрошувачка ама тие тестирања ги вршат во други околности, со празно возило, со летни гуми, вртење на моторот во мали вртежи без нагли стартување, можеби било лето, тие вршат тестирања кои ја вадат најмалата ама не секогаш е веродостојна таа потрошувачка и во пракса. И некогаш компјутерот лаже, пишува 11 а да троши 8, или обратно да пишува 8 а да троши 11.
     
    На bookslover и Billy Idol им се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.392
    Допаѓања:
    40.773
    Пол:
    Машки
    Да, во зимо има поголема потрошувачка. Зависи и како ја возите колата, на колку обртаи, дали ја стартувате, гужва во град итн. Не е исто да се вози во Скопје и Прилеп.

    Пример татко ми секогаш ја вози на поголеми обртаи, а сестра ми на ниски, и нејзината потрошувачка е пониска од таа на татко ми.

    Борд компјутерот и никогаш не може точната потрошувачка да ја даде. Единствено ако сакате да тестирате колку стварно ви троши, треба да го наполните резервоарот до горе, да поминете, да речиме 100км, и да го дополните пак до горе. И да удрите една математика, да ја најдете разликата. :D
     
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    21.529
    Пол:
    Машки
    Јас имам Опел Астра 2008 ГТЦ ко кибритче троши, а добра и задоволен сум. Особено вака зимно време ко шо е на дизел не очекував олку брзо да пали. :D
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    9.671
    Пол:
    Женски
    Малку смотанко прашање, али што се обртаи? За што служат? Која им е функцијата?
     
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.392
    Допаѓања:
    40.773
    Пол:
    Машки
    Колку вртежи/обртаи има моторот во дадена минута - RPM. Повеќе вртежи= поголема сила=побрзо оди колата.

    Нормални вртежи кога стои во место - 800-1000 RPM

    Ниски и економични - под 1500 RPM

    Ефикасни - 1500-3000 RPM

    Високи / Спортска вожња 3000-4000/5000 RPM зависно од автомобилот.

    Црвена зона е обично над 5000 RPM која ако се пречекори може да настане оштетување на моторот.

    Со менување на брзините, се намалуваат/зголемуваат обртаите за поефикасна работа.
     
    На H.VAGA, Amellie13, Stark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.105
    Допаѓања:
    9.411
    Пол:
    Женски
    За да разбереш поубаво со женски пример сака да ти каже ако возиш со 50-60 у 4та трошиш помалку гориво, ако ја оптеретуваш со 100 у 4та трошиш повеќе гориво. Најдобро е да држиш рамна брзина и да не ја држиш у непотребна брзина, колку повеќе мењаш брзини, толку повеќе трошиш.
     
    На Amellie13, Billy Idol и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.392
    Допаѓања:
    40.773
    Пол:
    Машки
    Тоа, плус примерот што го дадов со сестра ми/татко ми. Ако ја држиш во 3та на 60/70 ќе троши повеќе, отколку ако ја ставиш во 4та. Тогаш ќе паднат обртаите/вртежите.

    Тргни - застани троши повеќе.
    Возење брзо, па намалување, па возење брзо исто троши повеќе отколку со една брзина да крузираш.
    Ако ја нагазиш на отворено над 110км/ч нагло ти се зголемува потрошувачката.

    Ако е ладно, на моторот му треба повеќе време да достигне температура - повеќе потрошувачка.

    Значи се зависи од условите и од шоферот. Исто постара кола има поголема потрошувачка отколку кога била нова.
     
    На H.VAGA и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  9. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.105
    Допаѓања:
    9.411
    Пол:
    Женски
    Определување на крајните брзини е по следниов распоред определената брзина на шал таблата поделено со брзините на мењачот. Пример 220 е определено и почнува да дели со 5, трета и почнува од 50км/ч, значи за да заштеди гориво треба да вози во 4та со брзина на средина од трета, што значи со 70км/ч на час.

    Е ова беше теоријата, никој ниту возел вака ниту ќе вози по математички правила. Се вози според брзината на другите возила, доколку другите возат со 100, ти ако им се убациш со 50-60 има да те соберат од позади по грешка гепекот низ шофершајбна да летне. После ако во пик на гужва почне да вози со 50-60 или не знае како да помине на кружен тек некој позади неа пешки ќе тргне да ја извади од кола и да ја раздига на клоци. :lol: Прво правило за возење е прилагодување на брзината според моменталната брзина на движење на другите возила кои се активни чинители во сообраќајот во нејзината насока на движење и да се внимава на пешаци.
     
    На Cutiepie123, Puellapulchra и Billy Idol им се допаѓа ова.
  10. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.481
    Vo katalog ti pisuva kombinirana potrosuvacka. 10L vo grad za 1.5Turbo motor e mnogu ali sepak e zima na prvo palenje raboti na pogolema turaza 1500rpm dodeka e pod sauh. Pod 9 litri tesko so toj motor. Toj motor e so OPF slicno na DPF nekogas ke si kreva potrosnja pa ke pajga ali racunaja 9L potrosnja vo grad. Matizo moj 11 mi trosi vo grad itoa 3 klipa e i 50ks :rofl:
     
    На bookslover и Billy Idol им се допаѓа ова.
  11. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.481
    Pisi do koja krajna suma na pari barate kola pa ke vi pisam nekolku modeli.
     
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    179.360
    Има некој од мене кола шо трошела повеќе?
    Додуша ја сменив после 5 год
    Локал 17 отворено 10
    Ламја али си ја извозев квалитетно
    Сега оваа 6.5 градска
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    1.695
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, пингам @Billy Idol, @quattro.

    На пат накај Дубровник скоро 40тина мин пред граница колата сама ни покажа “low tire pressure” на едната гума. Застанавме на бензинска ја напумпавме но се докажа потоа дека имала некое дупче.

    Ја однесовме на механичар тука во Дубровник при што ни стави вакво плагче ама е на некако многу лошо место и читавме дека не е добро да се враќаме со неа по автопат и слично зошто е сепак 10 саати, и скоро повеќето е планини, малку да има некое дупче отиде.

    Што препорачувате и дали ви се случило вакво нешто? Не знам исто колку е паметно да возиме со резервната гума затоа што е сепак 10 саати пат или едноставно да најдеме овде гума и да си купиме и мирна глава накај Македонија?

    IMG_8689.jpeg
     
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.392
    Допаѓања:
    40.773
    Пол:
    Машки
    Нема да имате проблем со вакво чепче, може да ја возите долго време.
    Пробавте дали диши? Ако не, немајте гајле.
    Резервна единствено ако е во целосна величина, ако е мини гума тогаш не.
     
  15. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    1.695
    Пол:
    Женски
    Ама чепчето е странично а ние имаме околу 10 саати пат до Мк, плус по планини. Секаде читавме дека не е баш безбедно да возиме со неа толку пат зошо може да пукне и уште поголем проблем да си направиме затоа и прашав за искуство.
     
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.392
    Допаѓања:
    40.773
    Пол:
    Машки
    Јас имам возено со чепче. Не беше странично како вашето, но немаше никаков проблем. Гумата беше 100% репарирана и употреблива.

    Обично од страна ако е гумата дупната не може да се поправи и треба нова. Но чим ставиле чепче, значи дупката не била голема, и ако не диши, би требало да е океј да си дојдете.

    Ако толку не сакате да ризикувате земете нова гума и сменете ја.
     
  17. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.214
    Допаѓања:
    8.416
    Пол:
    Машки
    Слободно без проблем возете, нема никаков проблем да имате, битно е остатокот од гумата да е здрава и да има шара. Ова не е ништо страшно, без гајле.
    Само намалетеја брзината на движење за 15-20% за да има подобар грип со подлогата за да е побалансирано оптеретувањето и да нема толку големо триење ако веќе ви е грижа.

    И уште еднаш, без проблем возете нема никаков проблем. Тубелес се овие гуми без гајле бидете.
     
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    179.360
    Ја би купила нова
    Оти се знам дека ке ми биде шубе
     
    На Трагедијаупмм, eliesaab и bookslover им се допаѓа ова.
  19. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    1.695
    Пол:
    Женски
    Фала ви момци @quattro и @Billy Idol.

    Знам дека ќе ни биде шубе и најверојатно ќе одиме со опцијата да купиме нова во вторник сабајле пред да си одиме.

    Исто исто, башка што е долг пат до Мк и ќе го премислувам цел пат да не се деси ова да не се деси она
     
    На ALISA0000, Billy Idol, quattro и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.214
    Допаѓања:
    8.416
    Пол:
    Машки
    Во тој случај мора да ги смените двете гуми, и лево и десно бидејќи соодносот на истрошеност нема да е ист и ќе има разлика во вожњата, ќе има различен грип на гумите со подлогата а со тоа се оптеретува и механичкиот дел на подвозјето. Кога се менуваат гуми, без разлика што е едната здрава мора да се сменат двете.

    Но ако ви е само да си дојдите, земете една гума сега па во Македонија двете ќе ги смените или ако во колата имате резервна гума неа употребетеја ако ви е шубе, ама мислам Киа нема резервна само сет за репарација ставаат во гепек.
    А може да возите и со оваа гума сега, тубелес е без внатрешна и не е страшно ништо.
     
    Последна измена: 20 април 2025
    На bookslover и ALISA0000 им се допаѓа ова.