Керамичка заштита и ништо нема да останува нанеа. 100 евра кошта али 2 години си рајат и лесно се мие без шампон. Со церада извај клај се гребат
За Карпош незнам кој прај со керамика. Али овие се најдобри. https://www.facebook.com/profile.php?id=100043111908156&mibextid=ZbWKwL Цената зависи од возилото. Кајмене беше оштетена затоа ме фати толку.
Овде ќе ми треба еден брз одговор. Дали како нов сопственик - втор, имам право на целокупната документација од возилото направена пред воопшто да се склучи договорот? Ги имаме останатите документи со сервисната книшка, но извештајот во кој е и наведен проблемот на возилото настанат пред да го купиме, не го даваат. Се двоумат. Како да го добиеме? Сметам дека имаме право над тој документ како нови сопственици, но од некои нивни причини малку се извлекуваат.
Имаш право да знаеш историја за возилото. Ако не даваат извештај за настаната штета предходно не ја земај колата.
За фамилијарни потреби со 2 деца Што е подобро? Мерцедес е класа 2006 или пасат 2006? Од гледна точка потрошувачка, делови, сервис, вожња....?
Е Класа е покомфорна, полуксузна. Пасат поефтин за одржување и регистрација и потрошувачка посебно 1.9 ПД ТДИ мотор најдобар и економичен.
Ве молам за мислење за Опел Корса D 1.2 2008 изгледа сочувано многу, но ме интересира сепак мислење. За возач почетник.
Sto mislite i kakvo iskustvo imate za fiat punto 1.9 jtd 2005g. Nemav nekoj izvor mi se brazase, a mi trebase nekoja kola ednostavna za sekojdenvni obvrski.
тој мотор ќе ги погреба сите останати. Одличен мотор без проблеми. Кој модел го имаш ? Ако е гранде 1.9 120 и 131кс се многу покажани мотори. 1.9 80,85 и 101кс исто така се добри. Само менувај масло редовно друго немаш проблем.
Ne e grande, obicno punto e. E sega za ks kolku ima treba da vidam. Vo sekoj slucaj fala ti za odgovorot
Дали вреди да се дадат 15к € за bmw x3 2016 xdrive 20 dizel 190 ks. Има автоматски менувач, дали е добар? Севкупно дали е скапа колата за одржување?
И скапа да се купи, и скапа за одржување и проблематична со ланецот, посебно ако е со N47 мотор, В47 и тој си има мака со ланецот но само шо е преместен на предната страна па ако јави проблем полесно е за менување.
Ланец 1000 евра и масло во мењач 250евра и тераш 200,000км без проблем. За одржување е скапа нормално. Мама му е ако не се менува масло во мењач паѓа мегатроникот. Се репарира ама поарно е да не дојди до то зато масло и филтер обавезно. Со маслото се лади.
Ајде да споделам едно негативно искуство со авто сервис. Се работи за Авто Контрол Прилеп. Кола беше однесена за регистрација, технички преглед, па по една недела и за мал и голем сервис. Ден после сервисот, од колата почнува да течи масло од долу во предниот дел, притоа колата почнува да чади, мириса на изгорено масло. Колата ја враќаме назад, во сервисот. Не информираат, ништо страшно, мал проблем, веднаш ќе го средиме. Цел еб*н ден беше таму, пред крај на работно време се јавуваат, дојдете за колата средено е. Наводно некои “штрафови не биле доволно завртени или испаднале”. Колата, по кратко возење ја паркираме и забележуваме повторно течење масло. На автопат пак замирисува на изгорено масло и чади! Пари се оддадовме за тие сервиси и регистрации! Само ќе кажам, бел ден да не видат. Предлагајте следна постапка, немам веќе памет од нервози.