Колку би коштало ова да се поправи? И предлог каде? Не ми се смејте, минимална штета. Си работи жмигацевот, од позади на ретровизорот нема ништо.
Само капачката на ретровизор сменија. Цени зависи од модел за модел. Побарај си на karoserija.mk, delmak.mk, autocentar.mk
Таму го фалат Лало, ама поголеми идиоти нема, затоа што му одат премногу коли и на ваков маркетиншки трик. Јас ај дека другар ми ваучер имаше да го искористиме и ја регистрирав таму колата и поскапо ми дојде од претходно, ХА ХА! И ај што беше поскапо со се ваучерот се изначекав за да ја регистрирам едно добри 2 и пол или 3 часа, ЕДНАШ И НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ТАМУ. Исто така другар ми ја имаше оставено колата поради посериозено електричен проблем и две недели никој не му ја чепна пошто бараше работа колата многу и си ја зеде...
Лало се занимава само со електроника, а овде се работеше за механички проблем. Дефинитивно работат на стара слава и кола таму веќе не би однесол, па ни на најлош непријател не би му препорачал таму да ја однеси. Инаку проблемот е навидум решен, со 3000 врски. Масло не течи, но од време на време пак мириса на изгорено масло и суптилно чади. Шо значи и после 3х однесена кола, проблемот не е целосно решен. Како и да е, чарето ќе си го барам на друго место, ама таму не, па и пари да ми даваат. Инаку и таму беше и регистрација и све. Над 1000€ им дадов во последните 2 месеци. Пу јзк.
Можно е да капи масло од картер,од штопна на картерот или да има пукнатина на картер. Често тие модели капат масло и од мењачот. Ако го немате сеуште средено одете во avtoinzenering Битола. Можите да ги најдете на фб имаат профил Кире се вика. Во Прилеп добар мајстор шо можи да ви поможи Мартин џомеро. За Опел е поќето ама работи и со мерцедес и бмв.
Проблемот беше наводно до капакот на деклата, тој бил пукнат. Го видов и јас со мои очи. Го сменија, веќе не капи масло, ама уште од време на време, ако се вози со поголема брзина во 5-6 брзина, па откако ќе се запри после то замирисва на изгорено масло и чади малку. Е сега дали се уште течи масло од негде, па затоа пак мириса/чади, можно е. Како и да е, фала за предлозите, можеби ќе ми помогнат.
Ја се надевав дека е хибрид за тие пари. Основниот модел Дачиа Дастер хибрид чини толки. За тие пари подобро би било Дачиа (SUV).
Toyota споредуваш со Dacia ? Затоа што само нудела повеќе и била поефтина? Ако е така, тогаш кинеските се најефтини, најмногу нудат за цената и имааат страшен дизајн и надвор и внатре и во моментов кинеската автоиндустрија е 1000 години понапред од цела европска, самата европска е зависна од Кина за суровини и материјали па да праат коли французите, германците.. Но пред Тојота никој не е ниту ќе бидe, зошто сите учеа од јапонците како се прави квалитетно возило и кинезите се блиску до тоа зошто пола од нив носат јапонски бензински мотори само спакувани во Кина, а Европа се уште е далеку и од едното и од другото, особено па Дачиа/Рено.. Toyota е КУЛТ.
После дупло за одржување за Dacia ќе дадеш. Моторот на Toyota трае со децении, одржувањето е минимално.
За кинески автомобил несакам ниту да слушнам. Знам дека Тојота е можеби најпродаваното возоло во свет, но Дастер е најпродаваното возило во Европа. Реално не ја сакам Дачија, но за тие пари меѓу седан и теренец мислам дека секој би избрал теренец.Мојот Х3 од 2016 не го менувам за ниту една од овие иако се нови.
Зошто секој да избере теренец? Зависи на кој што му треба, а поголем процент на луѓето им треба за градска вожња, така што сигурно би избрале Toyota sedan затоа што помалку троши на отворено отколку Dacia Daster и плус по добар комфор има во Toyota. Генерално ако зборуваме за марки Toyota е далеку подобра од Dacia, а и Toyota има теренци ако е за терен..
За истите пари само глуп човек би избрал седан пред SUV. Трошат привлижно исто Дастерот е хибрид, седанот никогаш не може да биде покомфорен од SUV. Дастер е најпродавано возило во Европа.
Не сум знаел дека сите светски Претседатели, Премиери, ВИП личности, Бизнисмени, светски познати личности, биле "глупи" затоа што се возат во Седан (лимо) наместо во СУВ т.н "џипови" . Има разлика да си светски најголем производител и да имаш репутација на најдобар производител, почитуван за разлика да си продаван само на еден континент и да си во сопственост на туѓа групација (Рено) и притоа да имаш репутација на најлош автомобил, да, да, Дачија имаше и има таква репутација. И да, најпродавана е Дачија во ЕУ затоа што е ефтина а не дека затоа што е квалитетна, за разлика од Тојота која е најпродавана во СВЕТОТ поради квалитетот кој го има а не поради цената. Има разлика, нели?
Каде го виде Дачиа Дастер Хибрид за 20 000 евра? Си утнал малку, за 10 000 евра. За иста цена Toyota C-HR има. А за 2000 повеќе имаш Toyota Corolla Cross Hybrid.