Автомобили

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Superiska, 7 април 2010.

  1. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.046
    Допаѓања:
    8.082
    Пол:
    Женски
    Спаѓа ли ова под гаранција?
     
  2. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    10.429
    Пол:
    Машки
    Ако не е истечена гаранцијата, ќе биде највероватно и ова во неа, зошто нели гаранцијата гарантира за целото возило овие 2-3 години дека нема да има никаков проблем, нели? Е сеа ако нашиве не ти ја прифатат и не им се работи тоа е друга работа..
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.046
    Допаѓања:
    8.082
    Пол:
    Женски
    7 години ни е гаранцијата. Според мене ова подлежи на гаранција ама ќе видиме денес како ќе биде, ако се нема ресетирано, ќе ги барам.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    1.693
    Самата пумпа е со пловак која мери и количина на гориво. Можиш да провериш во бордо
    Влези во менито треба да ти покажи колку км можиш да извозиш. Ако покажи пример 300км а стрелката седи пред резерва најверојатно пловакот нечита рамномерно. После возење сам треба да се стабилизира или дотури уште 2000 денари гориво треба да се нормализира. Колата е нова не би требало да има проблем со пловак.
     
  5. Madi

    Madi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Препорака за мајстор за кола Nissan 1.5 dci Reno ?
     
  6. Lucky22

    Lucky22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Имам Bmw 320d GT 2014 година во Англија. Во последно време започна сама да кочи додека возиш кога премногу врне. Значи пример возиш 120 км/ч на автопат и врне силно, сама почнува да кочи по 20/30 км/ч зависи кога како - буквално се чувствува дека кочи и брзината се намалува иако не чепкаш кочница, а најстрашно е дека светлата за кочење позади не работат кога ова се случува. Значи намалува, ти си возиш се е ок после 2 мин повторно и се така во круг, само се случува кога возиш над 80, додека е под нема никаков проблем. Бев на овластен bmw сервис и рекоа дека не знаат што е проблемот дека никаква грешка нема на дијагностика ниту пак на таблата кога се случува, сменивме сензор за дожд на шофершајбна, кочници се е океј но сепак истиот проблем. Читав онлајн по форуми, ништо специфично не можев да најдам. Некоја идеја што може друго да е? Размислувам да ја донесам во bmw кај нас во Македонија, можеби ќе најдат нешто повеќе :D
     
  7. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    1.693
    Автоматик ?
     
  8. Lucky22

    Lucky22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Не, рачен
     
  9. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    10.429
    Пол:
    Машки
    Да не има оксидирано некој дел од инсталацијата поврзано со електрониката, кој знај.. Многу специфично ова, чим таму не откриле тешко дека овде ќе откријат овие нашиве.. Детално тресење на механичар и електричар треба па така може ќе откријаш. Такви се поновиве коли, никакви..
     
    На Lucky22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    1.693
    N47T мотор највероватно 2.0.
    Има поќе причини:
    1. Абс или есп сензор. Имаат на сите 4 тркала посебно.
    2. Автоматско кочење при одредена брзина. Ме буни тоа што велиш дека над 80km/h почнува да кочи а под 80 се е нормално. Највероватно тука е активен некој систем за заштита.
    3. Проблем со рачната. Некое од моторчината можно е да не враќа скроз.
    4. Некое од тркалата блокира.
    5. Abs пумпа.
    Напрај една проверка. Повозија колата на сув коловоз 3-4км и застани и провери со рака на бандашите кое тркало е жешко. Ако блокира некое ќе биди доста потопло од останатите.
    Во Мк можеш да ја провериш во порше Македонија или кај Ибро Скопје. Тој е за bmw добар.
    Можеш и во менито во колата да провериш дали некое тркало има проблем. Самата кола има диагностика. Ако некоја од плочките е истрошена ќе ја пиши со црвено а останатите во зелено.
     
    На Lucky22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. grungy

    grungy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Не се разбирам, помагајте. :)
    До сега возев Поло 1.2 бензин 2006 и ептен ми е криво што мора да го менувам поради околности.
    Ми требаат мислења што да барам до кај 5/6000?
    Јас би сакала голф 5/6 и има до таа цена, ама сум скептик за нив дали ќе најдам асален за тие години и цени.
    Друго што гледам е hyundai i30, поло некое поново.. гледам се нудат пежо 208 и рено ама па тие некако не ми прават мерак..
    Кој е најдобар избор за таа цена?
     
  12. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    10.429
    Пол:
    Машки
    Голф никако, само ќе го поправаш пошто се отепани од возење.

    Подобро Хјундаи бензин или Пежо 208 1.6 дизел или пак најдобро Тојота Јарис/Аурис бензин.
     
    На grungy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    1.693
    Голфот само држи цена и е преценето возило со куп проблеми. 2009-2011 6ка кошта 7-9,000 шо е премногу. Hyundai i30 ти е подобар избор али постариот модел до 2012. Поголеми се и се многу удобни и без големи проблеми. Од дизелот 2.0crdi 140кс еден од најдобрите мотори. Бензиските 1.6 125кс добар. За одржување се многу евтини и има делови на лагер.
    Имаш исто и Астра Ј 1.7дизел јапонски исузу мотор 2010-2011 година за така цена нуди доста комфорт,удобност,добра звучна изолација.
    Мицубиши ланчер многу уба машина. 1.5 бензин 109кс еден од најдобрите и издржливи мотори. Почна да се увезува и дизелот со 1.8Di 150кс кој е нивни мотор кој истиот го носи и Asx.
    Реното овие поновите 1.5dci 90кс ги отепаја од возење и се покажаја. Од фирмите само такви возат. Малце се поскапи ама се добри. Сепак на твое место би зел Мицубиши или Астра Ј.
     
    На grungy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.729
    Допаѓања:
    12.951
    Пол:
    Женски
    Mitsubishi Space Star бензинец (1.0 или 1.2) какви се во глобала?
     
  15. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.653
    Пол:
    Женски
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    39.424
    Пол:
    Женски
    Hyundai i30 ти е добар избор. Ние имавме getz и за 17 години само редовен сервис правевме и толку. Не покажа ништо друго колата. Ја продадовме за такси да ја возат. Уште ја гледам низ град како се тркала (од пред две години е продадена).
    Пристрасна сум и за Пежо. Дизајнот и ентериериот ми се врв на поновите модели. Возам Пешо во моментов исто сум задоволна. Дизел е и е баш економично.