Јес да форумов е женски ама и меѓу нас жените има многу голем дел на возачи Па така да секој совет во врска со автомобил би ни бил добредојден Прашајте си се за тоа што ве интесира избор на автомобил, марка модел, можен дефект ,потрошња и се во врска со автомобил Може да си пишете и кој каков автомобил поседува и како е задоволен од него
Дали некој имал искуство со блокирање на egr вентил и дали отприлика знаете која е цената да се направи тоа? Ми побараа 100€ и некако голема сума ми изгледа само за блокирање. Доколку имате некое друго решение, пишете ми.
Ке го чистат вентилот? За каква кола станува збор? Мислам дека цената е таа, чистење како чистење е лесно ама има доста работа бијдеќи треба да се вадат многу делови за да го извадат и вентилот.
@Rebecca_R Нема да го чистат. Ја блокираа грешката компјутерски, па сега физички ќе го блокирале само egr вентилот. Колава е Peugeot 307.
Не знам што точно им значи тоа, јас знам дека вентилот се чисти или се става нов (а нов е над 500 евра, зависи од моделот на колата). Грешката комјутерски може да ја блокираат ама тоа би значело дека нема да ти се пали сензорот дека има некаков проблем. А како ке го блокираат вентилот - немам идеја.
@Rebecca_R Фала ти многу за одговориве. Многу работи и мене не ми се јасни околу постапкава. Плус и ценава некако само за блокирање е висока според мене. Прашав и кај друг механичар, тој ми рече да го оставам како што е, не било ништо страшно.
Нема на што, имам одредени познавања, па не е проблем да ги споделам. Инаку ако egr вентилот не работи како што треба а ти го возиш автомобилот може и турбината да отиде, а тој дел е прилично скап. Тебе на шал таблата ти јави дека е до вентилот (т.е. нема да јави контректно дека е вентилот, туку јавува дека моторот треба да се провери) или на сервис утврдија?
@Rebecca_R На шал јави anti pollution fault, а на сервис компјутерски утврдија дека било до egr вентилот. При возење нема никаков проблем, ниту се осеќа намалување на моќноста на моторот. Како еднаш годишно да се појавува ова ми се чини. Ќе посветка малку и се гаси, обично кога ќе се појавеше го исклучувавме моторот на неколку минути и после се беше ок. Јас мислам најдобро е да се исчисти ама сигурно им одзема на механичариве многу време, па затоа даваат некои други опции. Не сум баш многу за блокирање ама изгледа немам друг избор. А што е блокирање и каква е постапката околу тоа, Господ знае.
Знам дека при возење не се забележува ништо, можеш да слушнеш само ако се приближиш ептен блиску до вентилот, ке забележиш чудно зуење. Не што одзема време, вентилот има многу делови за вадење (4 ако добро паметам) и постапката за вадење е комплицирана. Блокирање мене мои звучи како да го блокираат сензорот кој ја јавува грешката. Ја би ти рекла да одиш кај трет мајстор.
Здраво. Не најдов друга тема па се надевам тука ќе ми помогне некој. Имам Ланчиа и имам вакво радио. На него немам такво за USB да си ставам песни да слушам, имам само за CD ама немам од каде да ставам песни на CD. Да не знаете нешто друго да се купува за поврзување, нешто ми кажаа преку тоа како упаљач што е можело..
Купи си усб за на упалијач Преку блутут ке се поврзиш Една бројка ма радиото пр 98.5 и на усб исто 98.5 ке го направиш
Љубител сум на автомобили, фанатик. Јапонските производители во прв план ми се. Имам две Мазди - двете произведени на другиот крај од светот, далечната Јапонија. Софтверско гасење на ЕГР е од 70 до 90евра, а можи и механички да се блокира. Исто е и со ДПФ кај дизелите, се гасат и можи да се извади. ЕГР се чисти, најпаметно е тоа, бидејќи некогаш ако затегнат на технички можеби ќе бараат. Иначе служи за рециркулација на издувните гасови (да ја чува природата ), го има и кај мотори на бензински погон и на дизел.
Може и преку AUX кабел, ама не гледам на радиово да има отвор за прикачување освен ако е на друго место стациониран, види во колата дали ќе најдеш AUX отвор. Друга опција тие тоа Bluetooth/УСБ упаљач.