Автомобил за на свадба А дали некој знае колку чини лимузина?И дали доаѓаат во друг град,оти мислам дека само во Скопје изнајмуваат .Сигурно е поскапо за во друг град...Иако кумовите неши идни имаат ауди џип,сепак сон ми е оддамна со лимузина Па ако знае некоја точно нека ми каже,фала ви
Автомобил за на свадба maca99 da iznajmuvaat i jas iznajmiv sega za vo septemvri i me kostase 380 evra skapo no sepak imame mnogu vozenje ako ti trebaat informacii kazi mi ke ti pisam lp
Автомобил за на свадба А ти од каде си? Не се изнајмуваат само во Скопје, има и во Штип, Струмица, Битола..... А мора ли со лимузина Маца? Мене некако ми е тоа веќе видено, сите изнајмуваат, поубаво ми е некое количе убаво украсено,скоцкано. Сепак, твоја свадба си е, ти одлучи си, па извести не’. Поздрав
Автомобил за на свадба Може ли лимузина да биде поубава од Ауди џип?!? Лимузината е веќе изживеана а џипот кога ќе се украси ќе биде лудница, верувај-испробано
Автомобил за на свадба ^ aбе знам хаха,ми се допаѓа и џипот секако и тој ќе биде на свадбата ,ама запнав за лимузина оддамна и лимузина сакам што да правам
Автомобил за на свадба знае ли некој каде можам да изнајмам коли за свадба значи барам лимузина или некоја кабрио многу барам знам и од прилика колку чини
Автомобил за на свадба Имаш во некои од фото студијата (како што е Фото Јасмина, за нив сум сигурна дека има-од реклами на радио), изнајмуваат лимузини, цената ако не се лажам им зависи од големината на лимузината.
Автомобил за на свадба освен овие да има на нивната официјална страна мислев плус уште некој други да не имаат
Автомобил за на свадба Во фото Јасмина се само тие две лимузини кои ги имаат на страната http://www.fotojasmina.com/limo.html Исто така ги имате и цените кои важат за во Скопје http://www.fotojasmina.com/cenovnik_limo.html , за другите градови има други цени мислам
Автомобил за на свадба Сакам за свадбата да изнајмам автомобил со возач( не сакам некој гостин да замарам да ме вози) ама не сакам да е лимузина, туку само некој солиден автомобил. па ако некој може да ми помогне да ми каже кои нудат ваков вид на услуги во Скопје би ми помогнал многу. Фала
Автомобил за на свадба Целиот живот сонувам да се повозам во лимузина,уште од мала тоа ми е голема неостварена желба.Така да цврсто сум решена за мојата свадба само со лимузина ќе може да ме земат.На моите им реков или така или да не ме даваат. Па барем тогаш да си ја исполнам желбата.
Автомобил за на свадба Јас возам едно мало бело количе, кое што се договоривме дека ќе го средиме како бонбонче! Неговата кола е мноооогу голема, и би била попрактична, секако, но сакаме сами да се возиме, никој да не не вози. Малку се муртеа нашите, ама кој ги врти...
Автомобил за на свадба па можеш да си ја направиш како сликата на Snow-Queen. Ако веќе сакаш и повеќе да вложуваш, најдете и мало количе(црно) за младоженецот па така одете до црква и регистрација,потоа можете со големата кола (заедно) до ресторант, ако веќе одите прво во црква и матично.