Автомобил за на свадба Тоа е интересно, ама нас штосот ни е да си се возиме во една кола, цветно украсена, но не како невеста, некако ми е само ко за мене. Тоа е ептен штосно, ама не е за нас.
Автомобил за на свадба Веројатно свадбата е веќе помината, ама ајде, може одговоров ќе му послужи на некој друг. Vip-taxi изнајмуваат автомобили со шофер. Јас сум задоволна од услугата, шоферите беа пристојни, средени, намирисани, возеа претпазливо, како што доликува. Од мене имаат :up:
Автомобил за на свадба Од чиста љубопитност денес исконтактирав со нив, и цените и услугите, и се што ми текна на памет ми беше потврдено. Се изненадив од професионалноста, па и се замислив дури...
Автомобил за на свадба Никаков циркуз не сакам од свадбава, па ни од превозното средство! никаков, пајтон, кочија, лимо...дури јас сакам да се возиме со на веренкот службената кола, баш е јако брендирана, и тоа јас да возам му викам, баш ќе биде јако невеста да ја вози таа кола, ама тој не сака...малку ми е срамежлив за тие работи, па така ќе не вози брат му или братучед му во пристојно накитена домача кола ЕДИТ ...и сакам, нормално, заедно да си се возиме и во кола да си разменуваме нежности и импресии од дотогашниот тек на свадбата
Автомобил за на свадба Дечко ми не многу многу коментира на оваа тема, ама ми има речено дека има посебна желба околу превозот. Па така да ако таа желба му биде одобрена-бидејќи не зависи од него...ќе биде многу јако.
Автомобил за на свадба Хмм,јас сакам да имаме некое малечко количе,ама штосно да е украсено и да се возиме сами.Тој сака да не вози другар му односно тој што ќе ни биде девер со неговата кола претходно убаво украсена така да здравје боже кога ќе дојди моментот да одлучиме ќе се бориме осеќам А идејата и за кочија некако ми е привлечна,а во мојот град можеби има шанси да се изнајми си велам
Автомобил за на свадба Ima nekojinformacija za nekoj pajtondzija vo makedonijava? ako imate broj ili znaete nesto takvo pisete mi!
Девојќи дали знаете како им се движат цениве за автомобил со шофер за свадба на Vip-taxi,почнувам да си мислам и за таа варијанта,за да не им правам обврска на некој од гостите да не вози.Пробував да ѓи контактирам ама не добив никој на тел. што го имаше на веб страната
^мотори,лимузини,пајтони,олдтајмери и слично....а мене моето војниче ми кажа дека ќе дојде да ме земе со воен транспортер
Snow дефинитивно по јако здравје,баш ме насмеа алал да тие ... ... Замисли иде дечкоти со тенк по тебе да те зима.... ,поголема атракција здравје..
^^да да и моето војниче рече Хамер-мислам хахаха, и на него он со трубачи па ќе видиме дали стварно ќе е така