Агата Кристи Агата Кристи (англиски: Agatha Christie; 15 септември 1890 - 12 јануари 1976), позната и како Агата Мери Клариса Милер (Agatha Mary Clarissa Miller) или според псевдонимот Мери Вестмакот (Mary Westmacott) била плодотворна британска писателка на мистериозни романи, раскази, креатор на Херкул Поаро (белгискиот детектив), и Мис Џејн Марпл. Кристи има напишано повеќе од 70 детективски романи под презимето на нејзиниот прв маж, Колонел Аркибалд Кристи. Таа има издадено и неколку љубовни романи и една книга за деца. Агата Кристи е родена во Торки во државата Девон како ќерка на Американецот Фредерик Алва Милер и неговата жена Клариса Милер. Нејзиниот татко починал додека таа била дете. Агата учела дома, каде што нејзината мајка ја охрабрувала да почне на пишува уште од рана возраст. На 16 години таа била испратена во едно училиште во Париз каде што учела пеење и свирење пијано. Кристи била одлична пијанистка, но нејзиниот страв од сцената и публиката и срамот ја спречиле да продолжи со музичката кариера. Во нејзините книги, таа ретко ја споменува музиката иако нејзините детективи Поаро и Мис Марпл покажувале интерес во опера. Кога нејзината мајка ја однела Кристи во Каиро за една зима, таа таму напишала роман. Охрабрена од Еден Филипотс, сосед и пријател во Торки, таа започнала со пишувањето и издала неколку стории. Нејзин најпознат роман е „Убиство во Ориент Експрес“. Омилена писателка ми е , го обожавам нејзиниот начин на пишување и сакам криминалистички романи .. Што ќе кажете вие за неа ?..
Прва прочитана книга од неа ми беше токму Убиство во Ориент Експрес. А последно - Пајакова мрежа. Не знам зошто, ама повеќе ги сакам нејзините дела во кои главен лик е Поаро, а не некој обичен детектив Агата Кристи дефинитивно не е за читање на плажа, затоа што ќе испогорите на сонцето како мене Губите осет за време додека ги читате нејзините дела исполнети со висока доза на мисериозност. И си велите: Ајде уште оваа глава, ајде уште оваа глава... се додека не ја дочитате целата книга за еден ден
најомилена моја писателка за која можам слободно да кажам дека секое нејзино дело е полно со неизвесност и со криминалистика,тоа и ми се допаѓа кај неа. Поаро е препознатлив во повеќе нејзини слики,а тоа како и завршуваат нејзините книги тоа само тие кои ја читале можат да сведочат.полна со адреналин,и неочекуван крај. браво за женава од каде толку инспирација за таков стил да пишува секогаш...
Го сакам стилот на Агата Кристи, женава мислам дека ќе го буди интересот на широка читателска публика секогаш, неверојатен талент. Последно нејзино прочитано дело ми е „Несреќата на невините„ ја читав претходниот месец, извонредна книга, поттикнува на размислување и тоа не само во правец на тоа кој е убиецот туку и (не)спремноста на луѓето да ја прифатат секогаш вистината која не е во согласност со нивните желби и потреби и ги поткопува нивните убедувања. Сум прочитала неколку нејзини дела. Околу приватниот живот знам дека работејќи како медицинска сестра во војната научила доста за примената на отровите и тоа знаење го користела во своите дела понатака. Знам дека кога ја напуштил сопругот кој многу го сакала изгубила меморија извесен период и додека сите ја барале секаде, таа отишла во некој хотел и се пријавила со името на љубовницата од сопругот. Потоа се премажила и со вториот сопруг кој бил археолог доста патувале заедно и од тие патувања често црпела инспирација за многу свои дела.
Агата Кристи има интересен стил, меѓутоа мене веќе ми здосади. Имам многу дела прочитано од неа, најдобри ми се Леш у библиотеци и Десет малих црнаца. Не ми се интересни веќе, се заситив некако. Инаку Мис Марпл ми е подобар лик од Поаро
Агата Кристи ми е извонреден талент,многу ми се допаѓаат нејзините книги.Го обожавам заплетот,те тера да читаш уште и уште... Сега симнав книги од Агата Кристи во компјутеров,ќе ги исчитам деновиве.Последна прочитана книга од Агата Кристи ми е "Тело во библиотеката" и тоа ја прочитав,ми се чини,во еден здив,за еден ден. Толку ме привлече да читам повеќе и повеќе за да го дознаам расплетот на целата приказна. Инаку ја имам прочитано,според мене,најдобрата книга на Кристи,"Убиство во Ориент Експрес" и "Десет мали црнци".
Убиства (или убиство) со огледала ја про4итав и таа е книга од неа, а ина4е филмови според нејзини книги имам гледано повеќе и стварно ми се допаѓа нејзиниот стил, сакам такви книги....
ја обожавам! прекрасна е навистина ...нејзиниот стил и начин на кој комуницира преку книгите е навистина УНИКАТ ....ги имам прочитано скоро сите нејзини книги
Имам прочитано една книга од нејзе само Пајаковата Мрежа и анвистина ми се допадна што е заплеткана и тој што го изврши убиството и беше подршка во планот и никогаш не би помислила на тоа...
Ја обожавам! Имам прочитано повеќе меѓу кои највеќе ми се допаднаа-Убоство со огледала,Убиство во ориент експрес,Г-ѓа Макгинти је мртва,Пајакова мрежа,Леш у библиотеци и не се сеќавам ама мислам дека беше уште една на српски...незнам каде да ја најдам Убиство на Нилу,ми ја фалеа многу и незнам дали ја има на македонски преведена?Ако некој знае ВЕ МОЛАМ ПИШЕТЕ!И дали 10 малих црнаца е убава?и таа ми ја препорачаа.
Прва книга што прочитав од нејзе беше '' Убиство во Ориент Експрес '', и таа книга негдека 3 пати ја имам прочитано, откако дознав дека постои библиотека во денешницава, решив да и обратам повеќе внимание и читав многу дела од нејзе..Убиство во Месопотамија, Убиство на Нил, Убиство со огледала, Азбучни убиства, 13 проблеми, Пајаковата мрежа..толку мислам, може уште некоја и искрено стилот веќе го научив, на почетокот често го утнував убиецот, но со секоја наредна прочитана веќе ми стана досадна, но тоа е зашто нејзините дела ги читав едно по друго, и веројатно е поради тоа. Но важи за една од моите омилени
Интересен стил на пишување. Кога читам книга од Агата Кристи едноставно се исклучува и мислам страниците сами се вртат. Ликот на Поаро,самиот по себе е мистериозен,но смешен.Интригантен и непредвидлив. Мислам дека никогаш нема да ми бидат досадни овие книги,едноставно не навлеков на Агатчето. Да не се повторувам,Убиство во Ориент Експрес,Мистеријата на Синиот воз,Пајаковата мрежа,Убиството на Роџер Акројд и неколку други.. Неколку веќе ми стојат на приоритетната листа..
Дефинитивно една од моите фејворит писатели/ки! Еве последно од неа ја прочитав And Then There Were None. Препрепрееедобра книга! Книгата има 310 страни, а јас на 300та страна уште не можев да претпоставам кој е убиецот според мене таа и е една од најдобрите, заедно со Curtain: Poirot's Last Case. Сите книги и се совршено осмислени
Прва нејзина книга што ја прочитав- и мене ми беше „Убиство во Ориент Експрес“..Иии..И мене најмногу ми се допаѓаат нејзините книги во кои Поаро е детектив. И редовно си го гледам на НашаТв секој петок во 20:00h. Стварно многу ми се допаѓа нејзиниот стил на пишување
Ја обожавам Агата Кристи и нејзиниот стил на пишување Агата Кристи е вистински гениј. Во секоја книга што ја имам читано ме има шетано и играно на милион начини без да бидам ни блиску до решение, и секогаш останувам со подзината уста кога ќе ми го стави решението пред очи, никогаш не се повторува, напротив користи различни трикови. Поаро и госпоѓа Марпл се едни од најдобро изградените ликови кои било кога ги имам сретнато во една книга. Прва книга која ја прочитав од неа беше Убиство во Ориент Експрес и ептен ми се допадна Ги имам прочитано и Уснуло уморство, Искринчави цијанид(овие две ги читав на српско хрватски), Таинствениот господин Квин, Убиство по азбучен ред и Убиство во Месопотамија. Сега на ред ми се Во хотелот Бертрам и Пајакова мрежа, ги купив, ама никако да им дојде ред да ги прочитам
Прва прочитана книга од неа ми беше „Убиство во Месопотамија“ и веднаш ме импресионираше, после ја земав и „Убиство во Ориент Експрес“ и се заразив со нејзините книги Омилени ми се тие кај што го има Поаро, ама најомилена ми е „Куќата на злото“ иако го нема него Најинтересно ми е кога неможам да погодам кој е убиецот, и секогаш ќе ја прочитам прво последната страна а кога „регуларно“ ќе стасам до неа испаѓа дека пак не сум погодила