Имам прочитано повеќе книги од Агата Кристи. Во последно време не читам многу книги од неа, некако ми се здосадија криминалистички романи. Дефинитивно најомилени ми се Убиство во Ориент Експрес, Вашар злочина и Дивов хлеб. Последната си мислев дека е криминалистичка, ама испадна дека е еден преубав роман за животот, многу ми се допадна. Сега планирам повторно да почнам да читам наслови од Агата Кристи, начинот на пишување е одличен.
Еден од моите омилени автори Секој роман знае да Ви го одвлече вниманието и да Ве држи во неизвесност до последната страница. Секоја и чест на Агата! Нејзини книги што ми оставиле впечаток се: Мистеријата на синиот воз, Отворени карти, Трета девојка, Куќата на злото и уште многу многу други да не ги набројувам сите
Шејм он ме, дури сега ја гледам темава за мојата омилена авторка. Ја обожавам, просто ја обожавам. Можеби нема ептен висок стил на пишување, но затоа за мистерија, сплетки и неизвесност е најдобар мајстор. Дефинитивно најдобрите криминолошки романи ги има напишано. Памтам прва книга нејзина ми беше "Убиство во Ориент Експрес" и книгава ја прочитав во еден здив. Како што кажам одлични заплети имаат сите енјзини книги. Имам прочитано огромен дел од нејзините дела, поточно сите оние кои што ги имаше во библиотеката. Исто така и дома имам колекција од 7 нејзини книги. Во омилените би ги вбројала претходно споменатата "Убиство во Ориент Експерс" после "Смрт на Нил" , "Убиство во Месопотамија" , "Пајаковата Мрежа" , "Куќата на Злото" , "Азбучните Убиства" . Спред мене дефинитивно кралица на криминолошките романи !
Ми се допаѓа нејзиноот стил на пишување. Не ти дозволува да се одделиш од книгата се додека не ја прочиташ и неможеш ни да претпоставиш каков ќе биде крајот се до последната страница. Кралица на криминалистичките романи!
Некако не е мој стил, пробав да ја читам Убиство во Месопотамија но некако не ми се допадна стилот, дејствието, незнам едноставно не успеа да ме заинтригира крајот и ја оставив
Со оглед на фактот дека обожавам криминалистика,Агата Кристи е мојот омилен автор.Те тера да размислуваш,да бидеш адвокат,судија,сведок..да направиш свој случај и да ги анализираш ликовите кои се претставени. Уживам да решавам загатки и љубопитно да ја читам секоја наредна страна.Толку вешто и умно знае да започне приказна,да ја заплетка,за на крај толку едноставно да ни ги "сервира" фактите на кои најмалку сме обрнале внимание во текот на читањето.Браво Никогаш доста од нејзините мистерии.Секоја книга си носи своја убавина,што прави да не ја оставиш се додека не ја завршиш. Ми се случувало да јадам и да читам(ова делува како вицот со книгите ),но навистина го правам тоа кога ги читам нејзините дела. Најомилената Убиство во Ориент експeрс. Уф колку се измачив барајќи го убицет во секој лик.Неизвесност на највисоко ниво.Неможев ни да претпоставам дека таков расплет ќе има книгата.Ете баш поради тие расплети,кои се толку добро скоцкани,го обожавам овој автор. Ви ја препорачувам на сите горенаведената книга,и сигурна сум дека без разлика на бројот на страните,за 2 часа ќе ја прочитате.Неможе да се остане рамнодушен на таквите приказни.
Ауф да!Убиство во Ориент експрес!Возбудлива книга од прва до последна страница!Да ми речат читај ја пак,пак ќе ја читам!Агата Кристи,човече ма....симнувам ти капа... феномен од човек!Тој твој Поаро,ма чудо од лик...Камо сите инспектори да го имаат неговиот мозок..Едноставно Агата душо
Бидејќи сум тежок фанатик за крими-романи, и се што е поврзано со овој збор, Агата можам да ја издвојам како најнајомилена писателка. Буквално сите книги што и ги имам прочитано, ме оставиле со подотворена уста. Никогаш немам замерка за нејзиниот стил на пишување, кој не сум го сретнала кај ниеден друг автор. Кај неа ми се свиѓа таа ситничавост, сите тие детали и уствари во тие мали детали на крај се крие убиецот. Било која книга да земам да ја читам, кога ќе ја почнам никако не можам да ја оставам и додека не ја прочитам не мрдам нигде. Па затоа обично се трудам некако во меѓувреме да најдам друга занимација За најомилени ќе ги издвојам Куќа на злото, која воедно ми е меѓу топ 3, Убиство во Месопотамија, Пајаковата мрежа, Убиство на голф терен
Убиство со огледала Пајакова мрежа Тоа се двата романи кои ги имам прочитано од Агата Кристи. Од овој вториов не бев нешто многу воодушевена, но првиот е стварно добар.
Убиство во Месопотамија -единствената прочитена книга од Агата Кристи која многу ми се допадна! Се надевам ќе прочитам и други, ептен ми се допадна стилот на пишување... мистерија и неизвесност до последната страница!
Само една книга имам прочитано од Агата Кристи а тоа е Убиство во Ориент Експрес. Одлична книга, ме остави без зборови.
Прва книга која ја купив од Агата Кристи беше Отворени карти. Веднаш ми се допадна нејзиниот стил на пишување. Секогаш е непредвидлива до самиот крај, неколку пати успеав да го погодам убиецот. Белгискиот детектив Поаро ми стана омилен лик од книгите. Ги имам прочитано: Кој ќе го фати бранот, Убиство во Месопотамија, Убиство во Ориент експрес, Убиство на теренот за голф, Убиства со огледала, Смрт на Нил, Мистеријата на синиот воз, Куќата на злото, Големата четворка, Стапица за глувци, Мистеријата на седумте бројчаници, Сервисот за чај арлекин, Tko je ubio Rogera Ackroyda. Може да се примети дека ми е една од омилените писателки. Како најинтересни би ги издвоила: Мистеријата на синиот воз, Ќуќата на злото и Отворени карти. Би сакала да ги прочитам Третата девојка, Во хотелот Бертрам и 13 Проблеми, овие три книги одамна се продадени, а повторно не се издадени. Сега планирам да ја збогатам мoјaтa домашна библиотека со српски изданија од Агата Кристи.
Се што имам прочитано од Агата Кристи ми оставило силен впечаток. Најомилени до сега ми се Смрт во Нил - многу впечатлива приказна што ми го привлече вниманието и немаше шанси да погодам што всушност се случува, а тоа е огромен плус за трилер кај мене. Исто така и Зло под сонцето - премногу ми се допаднa. Не ме разочарала ниедна нејзина книга.
Периодов ги читам нејзините романи кои досега не сум ги прочитала. Само што ја прочитав ,,Зла судба", на српски, на нашки видов дека е преведена како ,,Залезот на судбината" и посакав да искоментирам нешто за оваа книга. Пред да почнам со читање, разгледував рецензии од други читатели и, според нив, знаев дека овој роман е малку поинаков од нејзините останати романи, дека има доста пресврти и неочекуван тек на настаните кои содржината ја претвораат во ролеркостер. Не знаев дали тоа ќе ми се допадне или не. Го нема Херкул Поаро, нема такво убиство во кое се трага по сторителот. Има само еден дом за стари лица од каде неочекувано заминува госпоѓата Ланкастер и Мрвица почнува потрага по неа, за да и' ја врати сликата која и' припаѓала. И од тука почнува се'. Дефинитивно омилена книга од Кристи и ја препорачувам на сите кои досега не ја прочитале. А кога сум на темава, да си кажам и дека Кристи ми е една од омилените автори. Ми се допаѓа нејзината имагинација.