Една од моите омилени автори. Сите книги што сум ги прочитала од прва до последна страна ми држеле внимание.
Со досега прочитани три четвртини од нејзиниот опус за Поаро и уште 2-3 вон истиот, можам да се самопрогласам за нејзин обожавател. ИАКО, мислам дека подоцнежните писанија (во Поаро серијалот) покажуваат многу послаб интензитет и се забележува форсирање на the element of surprise. Ја имам и автобиографијата (издание на Арс либрис чинам), па откако ќе завршам со серијалот, ѝ се токмам.
Јас последен пат ја читав Божиќна приказна. Се работи за еден лош човек коишто го вика целото свое семејство на вечера, а долги години не го виделе затоа што ги шиканирал.... Еден ден го наоѓаат мртов во неговата соба, украден накит. Чудно е што вратата била од внатре заклученане откривам повеќе, мора да ја прочитате
Таа не ѝ беше лоша, некаде кај средина кон подобрите. Пробај ја Трите мали прасиња (five little pigs) или Тажниот чемпрес (Sad cypress), вака од поновите (пишани за време и после втората светска војна). Некниг ја завршив One, two, buckle my shoe - солидна е, но малку крајот ми делуваше префорсиран. Дефинитивно не би ја препорачал The labours of Hercules. Као сосила напишано дело - чисто ради реда.