Мене за 80 денари долг кон банка директно на работа ми се имаат јавено. И тоа 80 денари оти вработената во банка погрешен износ за уплата ми имаше кажано. (Демек ме барале на мобилен и не сум се јавувала, а тие директ на работа. Процедура цела, повикот низ секретарка, па не е поврзан со работа па низ други канали мине. Додека да ме добијат пола фирма знаеше дека "од стопанска ме барале") Си го изедоа после во банката кретени Инаку имаше превара пред некое време, порака на Вибер ти стига као демек од Колекта дека ако не уплатиш одма пари за долгот ќе бидеш даден на извршител. Ни долг имаш ни ништо, ама стравот од извршител е голем и луѓе даваат податоци и картички, па овие си повлекуваат после. На мајка ми и имаше стигнато, па го земав бројот и им ѕвонев, ама брзо сфатија дека од мене нема ништо да добијат, па се вадеше со "мора да е грешка".
Вака сега малку ги извртувате муабетите и не е се објаснето како што треба , секое деловно лице според финансиска стабилност и завршна сметка за да остане ликвидно има законска обврска за наплата на побарувања со што несмее да го надмине дозволениот процент на ненаплатени побарувања ... едноставно е неможам да работам ( било што )еве да продавам круши а при тоа да немам добивка , тоест да ги давам гратис неможе , зашто после неколку години државата ќе ме стави во стечајна постапка .... сите овие друштва имаа договор со поединачни правни лица за превземање на портфолио за наплата или откуп на истото , зависно од моменталната ликвидност на деловниот субјект ( ако сум продала 10 круши во прв квартал до крај на истиот мора да имам наплатено минимум 6 круши за да на крај на година бидам во добивка или според закон ако наплатам само 4 од тие 6 тогаш две круши морам да ги продадам на еос или колекта ( да ја вратам основицата ) затоа што се наоѓам во финансиска нестабилност и до крај на 4 тиот квартал би била неликвидна ) . Ако правиме муабет за банка ги предаваат за наплата после 60 дена задоцнување на рата кредит или 90 дена задоцнување за негативно салдо на ТС , за мали претпријатија или финансиски друштва минимален период за превземање за наплата само е 90 до 120 дена задоцнување , а за откуп е над 200 дена задоцнување и се прави претежно квартално( секои 3 месеци ) ... Реално ако ги гледаме работите се ова е случај за превземена услуга или позајмица, корисникот ги искористил добрата или средствата и е свесен за последиците од доцнењето , а при тоа е лицето неконтактибилно или одбива да плаќа . Оној кој е контактибилен и при тоа врши било каква уплата ( независно дали е делумен долг ) пред 4 задоцнети рати не би бил контактиран или предаден на наплатна служба .... Извинете ама никој кој не е должник со задоцнето побарување не е баран од ваква служба , ги бараат должниците затоа што секако во корист нивна е да го подмират долгот што поскоро и да со потпишување на договор е известен корисникот на услугата за правните последици кои ќе се превземат за неподмирување на обврските ( договор кој никој не го чита пред да го потпише ) . Ниедно од овие друштва нема надлежност да врши принудна наплата ( блокада на сметка, конфискација на движен недвижен имот ) но затоа има ингеренција да го предаде на оттужување предметот и да го предаде на извршител кој потоа врши принудна наплата вака или онака ..... па после поминале и 2 години и денар не е вратен ,има исклучоци ама 90% се корисници кои си врзале во крпче дека немораат да вратат и никој ништо не им може , тука јас навистина сакам да ја знам дупката во законот која може да го заштити должникот , а да го оштети доверителот ... Повторно не правам муабет за начинот на кој ја вршат наплатата ( се користат средствата кои даваат најдобри резултати ) , затоа што кога на должникот ќе му чукне извршител на врата и ќе му каже сума за наплата секогаш изговорот е дека не бил известен или незнаел , никој не му се јавил , не се сеќава дека имал воопшто некаде долг .... Повторно темава секако ја разбирам ако збориме за навреди и закани при наплата , ама дека кога стигнал случајот во било која од агенцииве веќе е застарен тука малку сте грешка, за да биде застарено дело или воопшто "дело" да биде треба да влезе во судска постапка , ете минимум 12 месеци од прв ден на задоцнување со плаќање да влезе во постапка и плус 5 години да не се отужи да нема донесена одлука за превземање од страна на извршител тоест вршење на принудна наплата ( тука имате застарено дело) , што во тој момент далеку сте од агенцијата за наплата која и да е туку треба на извршителска врата да се тропа .....
А, зошто банката дава мои лични податоци? Кој им дал дозвола никој, тие се јавуваат и ако имаш платено, еве маж ми го бараа еднаш демек за ратата и тоа дента банката си имаше повлечено можеби уште не биле легнати парите тие вртат. Маж ми ни ден не касни, зошто плата прима секој први, а има рок до пети пример он исто е на траен налог. Информациите ги купуваат некако тие фирми, зошто кога прашав јас од каде на ним лични информации во банка рекоа дека не знаеле. И дека они немаат врска со тоа. Е сега ако ме излажале тоа е друга работа. А, и што има они да замараат, ако некој не плаќа се знае банката те дава на извршител и чао. Ако некој решил да не плаќа или нема како тие и 50 пати нека вртат на ден...
Се додека е банката доверител не смее да дава лични податоци од тој облигационен однос на трето лице во случајов агенцијата за наплата, доколку даде треба претходно да го продала правото (побарувањето) на таа агенција за наплата, и треба да го извести должникот дека наместо сегашниот доверител има нов доверител, и правата и обврските од договорот ќе важат спрема новиот доверител. Ако некoja банка ви даде лични податоци на трети лица тогаш пријава до Дирекција за заштита на лични податоци, ако се утврди повреда, а ќе се утврди, тогаш врз основа на тоа имате право на надомест на штета да ви исплати банката, ова право е многу, многу малку користено од граѓаните, затоа што и не се запознаени со оваа можност, инаку без разлика кој и да е доверител во случајов банката или агенцијата за наплата, никој не смее никој да вознемирува без разлика на својството дали е доверител или должник, и ова е уште еден правен основ за барање за надомест на штета.
Од банка им се информациите, не смеат без овластување да се јавуваат. Мене секогаш ми се претставувале дека се по налог од банка. Зборувам за Мелон и Матрикс, другиве не знам кои се. Ако истиот ден кога е направено уплата се јавуваат ,тоа е зошто не е книжено од банка. Искрено немам намера да бидам безобразна кон некој што си ја работи работата ако имам револт кон банката. Тие луѓе се таму за парче леб така да најмалку што можам е да кажам кога ќе се плати и толку. Ако се запази рокот нема никој да не бара. Јас малку поинаку ја гледам нивната работа, верувај дека стварно што не се плаќа на време е проблем за следна потреба од таа или др банка.
Вознемирување не е еднаш ако некого побараш на телефон. Друга работа е што чисто се сомневам дека банката не ги проверила сите дупки во Закон за овие работи. Не е тужба против било кој, сепак е правно лице кое знае што прави.
Досега не ми се јавиле, па неможам да зборувам какви се. Но се имам јавено на адвокат кој ја застапуваше фирмата за одржување на зградата. Ужасно искуство. Сметката ми беше платена со задоцнување од 3 месеци и затоа ми беше спроведена постапка за која адвокатката ми бараше 3,000ден. Да не беше татко ми кој се спротивстави и остави целиот процес да се води на суд, јас ќе си ги платев тие 3,000ден. Најтрагично од сето е што тие 300ден. не беа прикажани како долг на ниту една последователна сметка. Немав добиено ни предупредување туку дирекно решение за наплата. По ова искуство целосно ги разбирам луѓето и низ какви глупости поминуваат. Истава фирма, повторно сакаше да ме тужи за платена сметка и оваа година. И повторно на истиот подмолен начин. На мартовската сметка од 2021 стои неплатен долг и со неа решение за наплата. Ја прашувам фирмата за која сметка се работи затоа што сумата не ми е позната и и праќам принт скрин од сите плаќања направени во последните 12месеци. Замислете ми вадат неплатен долг од 2019 кој досега никаде не беше прикажан. Добро е што имам електронско и што сега се плаќам преку сметка. Па им го пратив налогот, да видат дека се е платено и тоа на време. Воедно им реков дека ако не ми го поништат решението веднаш, јас ќе ги изведам суд, зошто ми набилдаа трауми за цел живот за Платени сметки.
Ама јас и немам дозволено на банката да дава мои лични потатоци никаде. Не ми е проблем до толку што се јавуваат туку начинот на кој се однесуваат, буквално прават како криминалец да се чуствуваш, дрски и безобразни. Им кажуваш што како, а тие упорни наметливи што еднаш им кажав не ја плаќам ратата и сега што? Им кажав и дека од банка ми кажаа буквално да ги игнорирам т.е спуштам слушалка кога ќе слушнам дека се тие. Од кога им се заканив со тужба престанаа са ѕвонат. А, зошто кога од банка им кажав за фирмава ми рекоа дека немаат врска со тоа? Ме лажеле? Рекоа " не знаеме зошто се јавуваат во наше име, не е прв пат луѓе да се жалат од нив".
Најмалку е битно дали банката има своја служба за наплата и од таму ќе Ви се јават или ангажирале надворешна фирма која ја води наплатата. Податоците кои ги имаат ниту се животнозагрозувачки ниту пак можат некако да ги злоупотребат. Име и презиме и телефонски број, дај Ве молам! Па оние топ шоп стил и други фирми што се јавуваат и нудат ваучери и одмори, презентации итд од кај имаат броеви и податоци? Е тие се за пријавување и вознемируваат. Ако јас должам рата па што ми е крива таму некоја девојка која си ја работи работата и се јавува на 100+ луѓе дневно за едното исто, ништо. Јас сум си крива! Ако сум платила денес и не виделе уште уплата никому ништо. Платив денес и чао пријатно. Па незнам што толку Ве вознемирува нивното јавување ако веќе јас должам во некоја банка. Па и девојката што се јавува сигурно има таргети кои треба да ги исполни. И незнам упорно за каква заштита на лични податоци се разговара и која е разликата да ми се јави вработена во банката и вработена во фирма која работи за банката? Потполно исто е. Секој еден потпишува документ за доверливост на информации и тие во банките и тие во овие агенцииве итд. Ако некој ги злоупотреби правно ќе одговара, но незнам како телефонски повик за кога ќе платиш е злоупотреба на лични податоци. Поздрв и секое добро. Посакувам сите многу пари да имаме и ништо да не должиме па никој и да не треба да ни се јавува. Ама како вика баба ми кога ќе скршам нешто, па за што ќе работат фабриките ако се трае вечно така и ова
Апсолутно си во право за односот. Не е само таму, секаде има такви вработени. Искрено јас секогаш сум имала коректен однос со нив и исто било од нивна страна кога сум соработувала. Од банка лажат, се оградуваат, информациите не се од тие на шалтер туку од правна служба.
Знам и јас, работам како правник. Затоа не би се залетувала така лесно со цитирање членови. My point of view.
Работата е што тие агенции за наплата ги имаат сите лични податоци на должникот, име презиме, адреса, ЕМБГ, итн., тие агенции не се во никаков однос помеѓу банката (доверителот) и физичкото лице - корисникот на кредит (должник), ниту пак вршат правна помош за да можат од име и за сметка на банката да го контактираат должникот, значи тие така наречени агенции за наплата се обично трговски друштва ДООЕЛ или ДОО, како што е секоја друга бурекџилница, сендвичара, бутик итн. иако и овие последниве можат да се договорат со банката па да го откупат побарувањето (правото) кое го има банката како доверител спрема својот корисник (должник), и доволно е во Централен регистар да стават нова приоритена дејност консалтинг или слично, а во исто време да си продаваат бурек, но ако не го купат побарувањето и да станат нови доверители и да го известат претходно должникот дека имаа промена кај доверител дека веќе не е банката туку е тоа и тоа ДООЕЛ, ДОО. До тој момент не смеат да му се јавуваат на должникот, особено што должникот не дал согласност неговото име и презиме, адреса на живеење и ЕМБГ да му се дадат на некоја непозната фирма и дополнително да му се јавуваат и да вршат притисок, тоа дури и доверителот не смее да му прави притисок на должникот затоа што така го вознемирува, ако должникот не плаќа си постои законска постапка и начин за наплата, а секое претерување (јавување секојдневно, или на секои 3-4 дена, итн.) така наречено потсетување на должникот е незаконско однесување на доверителот или особено на некоја фирма (агенција за наплата) која по ниеден основ нема правен (законски) основ за да врши потсетување на некој дека некому должи, тоа е класично рекетарство затоа што постетувањето е во вид на уцена, заплашување и слично. Затоа должникот може да бара судска заштита од таквото однесување на тие трети лица. Видете да не должам многу со постов најпластично, преку пример, Стопанска му вели на газдата на бурекџилницата од каде што секој втор ден купувате бурек, кога и да ве види да ве потсеќа дека должите не сте платиле навреме рата, и дека извршител ќе ви чукне на врата, па зарем е нормално од бурекџилницата да ве потсетуваат дека должите рата?
Немаат матичен број со сигурност, бидејќи прашав. Банката има право да ангажира трета страна што ќе ја застапува со должникот, ПО НАЛОГ на банка, не за своја цел. Сите податоци се заштитени и верувам дека потпишана е согласнот за чување на истите (никој не би се дрзнел да работи без ова).Банката има право да си го обезбеди своето побарување согласно претходно договореното со кредитобарателот. За другото е се така како што си пишала меѓутоа со самото тоа што јас не си ги исполнувам или задоцнувам исполнување на обврските што сум ги потпишала на нотар со договор се паѓа во вода.
Моето лошо искуство со една агенција и банка... Се јавуваат дома кај нас и го бараат татко ми, ова беше пред 17 години и му кажуваат дека должи одредена сума на пари уште од 1988 или 1989 од тогашните тековни книшки. Татко ми никогаш немал таква книшка. Од агенцијата на телефон најдрзок и безобразен однос со закана за тужба поради долгот. Го имаа и неговиот ЕМБГ, со сигурност кажувам затоа што и дирекно им отидов во агенција јас тогаш. Податоците им се од банка дефинитивно. Е сеа што се случило како дошло должник да биде татко ми. Поради лоша евиденција во банка и поради тоа што кога се отворани сметките немало улица и број во нова и мала населба со исто име и презиме имало двајца и адреса нас. Некоеситаму, тетките во банка го запишале на документи должникот по негов надимак и скратена верзија на име на пр. Аце, а неговиот долг иде кај татко ми познат по цело име и презиме. Многу професионално од нивна страна нема збот. 2 год. пред да се јават од агенцијата, се јавија од банката, ние демек се оправивме таму со нив, затоа што за среќа должникот со исто име е наш комшија ама тие пак не смениле во систем туку само на хартија, таа хартија завришила во подрум каде за белја фати поплава. И тука настапуваа оваа агенција.. Шефицата таму ми рече дека има право да го знае ЕМБГ на татко ми, со оглед на тоа што настапува во име на банката. Штета што тогаш бев многу млада и не си ги знаев правата. Толку лош третман добив, као ние лажеме, сакаме да не платиме, измислуваме приказни за исто име, а меѓувреме си вртат дома и досаѓаат. Пак се докажуваме дека не е татко ми должник со банката и агнецијата добива повик од директорката на филијалата да избришаат податоци од нас не се на добра адреса. Таа се извини тогаш, ама претходниот однос не и требаше без разлика што грешката беше од банката. Си го доби од мене поштено за односот, не ја штедев пред вработените. После си го доби и директорката во банка пошо грешката е од кај нив. Се извинија и тие, демек сеа се е ок фино лепо и таман мислиш се е ок, ете ти после 6 год пак, овојпат повторно од банка. Татко ми неможе да подигне кредит заради долг што сега се дуплирал, пак неевидентиран долгот. Тогаш им отидов со адвокат во банка, се се реши со закана за тужба, затворање на сите наши сметки во таа банка и конечно бришање на долгот од името на татко ми. Овде вината беше во банката, лошо менаџирање со податоци, невнимание. Исто се вадеа дека тие не дале податоци, не беа никогаш ниту дрски, ниту надмени, ама непрофесионални докрај.
Тогаш сте можеле со едно вештачење за тоа дека сте претрпеле страв, стрес, нервоза и поради тоа ви било нарушено здравјето, заради фиктивен долг од банката, и да им барате надомест на штета утврдена во вештачењето и тоа вонсудски преку адвокатот кој што ве застапувал, и убеден сум дека банката ќе се согласела затоа што знае дека на суд ќе изгуби и ќе плаќа и трошоци и камата, така што сега е поминато време но ако понатаму се соочите со ваква или слична ситуација обавезно барајте надомест на штета, банките не се изземени од одговорност, и ако згрешиле ќе си надоместат, недозволиво е така да си впишуваат фиктивни долгови.