Ајде да споделиме искустава со агенциите за недвижности. Мислам не е зборувано за ова на форумов, можеби некому ќе му користи што ќе купува стан или деловен простор. Јас имам хорор искуство. Контактирав со повеќе од 10 агенции. Повеќето ми оставија впечаток дека си "играат" агенција. Прво работат и попладне и сабота, па после испаѓа не неможе попладне и сабота. Ќе ми речеа ќе ти се јавиме утре, и ги нема една недела. Им беше наведено не приземје и не поткровје, абе прво нешто што ми нудеа беше приземје и поткровје. Кажав трособен, одиме да го видиме, тој двособен, ми вика па еве овде ќе го преградиш Сите некако по иста филозофија се водат. И на крај хоророт. Најдовме стан, агенцијава го викна човекот што го продава,се договоривме , цена, услови се, подадовме рака и дадовме капар на агенцијата. И се договоривме имаат еден месец они да ги средат документите. Помина месец абер нема да се јават, се јавувам и таа вика ауууу па имаме проблем се искомплицира, каков проблем бе па што не се јавите да известите. Е инвеститорот несакал да го даде по таа цена. Па трчи, пусти капарот да си го вратиме. Женската си лапна пари и уво не ја боли. Па како продаваш и се договараш за нешто што уште го немаш . Па нели агенција за посигурно, побезбедно, јас да не трчам туку они, наплаќаат 2% (околу 1000 евра испаѓаше да им се плати), џабе. И на крај дирекно кај инвеститор од агенција ни А не сакам да слушнам.
Не потпишавте договор за капарот? И мислам дека во ред е да го кажеш името на агенцијата, за да знаат и другите
Јас прашував пред некое време тука, на форумов, за искуства со агенции за недвижности и никој не ми изреагира. Убаво што си ја отворила темава Нас ни требаше агенција бидејќи продаваме многу атрактивен имот во Скопје и искрено долго време се мислевме на која агенција да го довериме, баш поради приказните како твојава. Се надевам дека не ја утнавме агенцијата иако до сега ние најдовме повеќе заинтересирани луѓе отколку тие. Ама не можам да кажам ништо лошо затоа што до сега се многу коректни луѓето, а и бидејќи се работи за деликатен имот не очекуваме чудо па преку ноќ да го продадат. Ќе видиме за некое време како ќе се покажат ама убаво би било да напишете тука од кои агенции сте задоволни, кога веќе не ги кажувате тие од кои не сте.
Се согласувам со коментарот на Ирена.1 повеќето си играат агенции за недвижности. Краен непрофесионализам, само трчаат по провизии а ништи немаат стаботено како што треба. На повеќе наврати сум била во директен или индиректен контакт со агенциите за недвижности. Значи прават договори за купопродажба а немаат вработено ниеден правник, договорите им се катастрофа, не им е битно како се составени. Па не е се еден терк, секоја купородажба си е случај за себе. Јас лично не би препорачала ниедна агенција, подобро ќе си читам огласи и сама ќе се ја завршам работата.
Платено на агенцијата. Значи не на продавачот. И со неа, да потпишано. Си ги вративме, меѓутоа имаше нервоза и неспиење. Со продавачот неможеше ништо да се потпише затоа што уште они средуваат документи. Муабетот ми е нивниот однос како да продаваат на тезга на пазар, (всушност и на пазар треба серизност) незнам со што да споредам. Абе ако си рекол ќе се јавам, крај јави се макар и да ми откажеш сите си имаме обврски. Ако има проблем, јави се извести ме, па јас да одлучам. Се мислев дали да ја кажам јавно, несакам антиреклама да правам има луѓе работат по агенциите од тоа живеат. Јас бев генерално незадоволна од десетина агенции нема да ги пишам, ама оваа со хороров беше АМБИЕНТ
ми треба хитен одговор дали знаете некоја агенција што идаат по куќи и зимаат проценка лолку треба да се продаде куќата?
Ha,tipichno e ova za agencijata AMBIENT I gazdaricata Vesna(kolku me drzi memorijava) ...prevarantka i manipulator vo sekoja smisla...prashajte gi i vrabotenite tamu dali I koga zemale "plata" I koja "tortura " ja dobivaat od nea ,pa I do koj stepen ima sobrano "takvi kapari " ..profesionalizam 0..samo se ushte se chudam kako seushte I opstojuva agencijava..
Здраво, дали може некој да сподели искуство за било која агенција за недвижности со која соработувал и има позитивно искуство?
Јас имам позитивно искуство со Дом и дизајн. Испаднаа високо професионални, од моментот на нудење на недвижноста па до моментот склучување Договор кај адвокат (си имаат тие свој), постојано беше со нас агент кој договараше термини и не состануваше со другата страна. Е сега, провизија земаат, ама пак бркаат работа од почеток до крај.