Здраво, Би сакала да ве прашам дали има некој искуство за вработување или привремена пракса од страна на Агенцијата за вработување (или по старо Завод за Вработување)? Јас сум студент 1ва година на постдипломски студии, и се мислам дали да аплицирам. Секој совет и Ваше искуство е добредојден. поздрав
Јас учествував во еден проект од Агенцијата за вработување во соработка со Европска Унија за практиканство преку ИПАРД програмата,ми плаќаа од Агенцијата секој месец по 4000 денари(три месеци) и после тие 3 месеци ме вработија во компанијата бидејќи имаа потреба од вработен. Затоа те советувам да аплицираш,затоа што ништо не губиш. Баш сега видов дека на една од програмите надоместокот беше 6200 денари.
Со проектите за самовработување од сферата на земјоделството, сретствата што се земаат, значи 3000евра, на сите страни на интернет каде читав пишуваше дека се враќаат со каматна стапка од 1%. Е сега она што ме чуди е тоа што наши познаници кои имаат земено ваков кредит, парите не ги враќаат. Како е сега?
Дали страницата на интеренет за агенцијата е avrm.mk или нешто сосема друго? Се си мислам дека вака беше, но неможам да ја најдам, па некој ако ја има, ќе го замолам да ми ја прати
Пополнувам пријава за воведување во регистар... Ке може ли некој да ми каже, кај делот НЕФОРМАЛНО РАБОТНО ИСКУСТВО ( занимања во кои работел според НКЗ, односно ISCO) дали може да се наведат искуството како практикант и волонтер???
И јас ја поднесував истата пријава предходната недела, да во делот на неформално искуство можеш да наведеш пракси и волонтирања
Има повратни и неповратни средства. Сигурно тие зеле од неповратните и затоа не ги враќаат. Зависи за која програма аплицираш. Подетално инфо во Биро.
Не барајте помош од агенцијата за вработување, нема да најдете од таму работа или некаква пракса. Тоа е само едно обично име ''Агенција за вработување'' . Инаку тоа е завод за СТАТИСТИКА и ништо повеќе од тоа .
Лани во Октомври заборавив да се пријавам и ме избришале. Не ми беше важно но сега гледам имаат некакви програми за вработување и сакав да се пријавам но не можело бидејќи сум избришан. Како да ме вратат во евиденција?
кога си невработен на секои 6 месеци (не сум сигурна за периодов) треба да с епријавуваш како невработен. претпоставувам за да те вратат во евиденција треба пак истата постапка како и секој пат, но најубаво јави се и прашај или отиди до таму ќе ти дадат најточни информацци.
Можеш да бираш ако сакаш да те водат како активна т.е. навистина бараш работа се пријавувавш на 1 месец (јас така избрав) мислам дека имаше на 3 и 6 месеци.Ама со оглед на тоа што не им наоѓаат работа на тие секој месец што се пријавуваат да не правиме муабет за другите
Ќути, катастрофа. Џабе давам трошам пари за автобус секој месец да се пријавувам. Секаде викаат немаш искуство за работа. А пракси имам еден куп... ама џабе. Наместо некој да ти објасни работата од браншата тие се осекаат загрозени од практикантот. Бидејки си чуваат работно место за нивното дете, што летниот период е на некоја плажа и се сонча додека ти работиш кај нивните родители, а ти си тука успат на еден месец и те плаќаат со бедни 3000 ден за успат квантитативни работи да завршиш! Ахх ова го има само во мојата чудесна земја Македонија! Можеш да дипломираш и да си запишан на постипломски а се што ти се нуди да е (не)платена пракса!