Јас се пријавувам месечно. Инаку денес бев и точно е дека кого и да молиш нема шанси да те вратат во листата и дека одма компјутерот те брише. дали ден дали пет си закаснил нема везе. Инаку прецедурата е следна: ти праќаат решение на домашна адреса, и ти приложуваш жалба во Архива на аврм со доказ зошто не си се пријавила ( мене ми рекоа дека само лекарска потврда помагала ако и тоа помогне), и чекаш одговор на твојата жалба. Инаку прашав и кој одлучува и таа во архива ми рече Министерство ама не кажа кое.
Кога се пријавував порано гледав да е на време, ама еднаш закаснив, датумот се паѓаше во недела а јас не отидов во петокот и не ми направија проблем. Можеби затоа што беше недела, не знам. Инаку логично е да одлучува Министерство за труд и социјална политика, а жалбите ретко ги уважуваат. Ако си била во болница, притвор и сл.. Знам дека со отпусна листа (или доколку имаш други краткотрајни здравстврни проблеми) може друго лице да пратиш место тебе за да го запазиш рокот
Ако се пријавуваш секој месец немора да појдиш истиот ден, мене ми се имаше случено и по 10 дена да појдам па не ми направија проблем. А порано мораше да се пријавиш точно на датумот. На мајка ми така и имаа направаено проблем. Сега можи се неколку дена закаснување.
Навистина, толку ли е тешко да отидете да се пријавите до денот кој ви е запишан во картончето? Дека нема да се вработите преку завод, нема, ама зошто да ризикувате да ве избришат? Се може да се случи за 12 месеци (врски, среќа, партија, не е битно) и зарем вреди да се пропушти шанса за државно вработување од немукает? Инаку, да, во Скопје бришат ако закасниш и еден ден.
Дечки некој за сигурно ако знае да ми каже дали ако сум редовен студент можам да се пријавам во агенцијата за вработување?? Работодавецот ми рече дека се распрашал и небило проблем,а некаде читам дека е проблем. И дали може да се пријави со копија од диплома од средно или мора оригинал. Благодарам однапред.
Ќе може ама со средно. Јас сакав така при крајот на студиите ама службеничката беше фина и ми рече да се вратам кога ќе дипломирам. Така и направив. Не памтам за документите ама и уверението и дипломата ми се дома така што оригинали сигурно не задржуваат
Дечки ќе може ли мала помош. Што се случува доколку те пријават од некоја фирма во Агенција како вработен, а претходно не си се пријавил како невработен во Агенцијата?
Мораш најпрво да се пријавиш како невработен во агенцијата за вработување и да бидеш активен барател на работа,зашто само така ќе можат да те пријават за вработен во фирмата. Еднотавно мора да имаш документ дека си активен барател на работа во агенцијата и невработено лице.
Не мора да си пријавен во АВРМ како активен барател на работа за да може после работодавачот да те пријави. Јас никогаш до сега не сум била пријавена во АВРМ ниту па сум стапнала во Завод за вработување, кога се вработив директно ме пријавија од фирмата во која сум и ми тече стаж и пензиско и здравствено осигурување без проблем. Тоа со пријавувањето им е само да имаат евиденција колкава е стапката на невработеност во државата. Дури ни здравствено осигурување веќе не мора да зимаш преку завод туку можеш сам да се пријавиш во Фонд за здравство.
Од каде ваква информација?! Нема врска, освен ако не ги користат активните мерки на владата за ослободување од одредени надоместоци. Во тој случај лицето треба да биде пријавено како невработено.. Инаку, доколку не се пријавиш до одреден датум секој месец во завод, те бришат од евиденција и немаш право 1 година да се пријавиш... Па кога ќе се земе во предвид тоа, доаѓаме до фактот дека не можеш да се вработиш во таа 1 година....што не е точно.
Јас оваа информација не ја треснав од рака...туку од мое лично искуство во две фирми каде што досега бев пријавена ми бараа да бидам заведена и пријавена во завод како активен барател на работа и ми бараа потврда за невработено лице пред да ме пријават. Се додека не ги добија овие документи не ме пријавуваа...така што од таму знам дека треба.
Тоа значи дека на твој грб си користеле субвенции Небитно.. Ако ги прочиташ подобро погоре и моето и мислењето на @SuperGirl24 ќе ти се разјасни.. (Буквално во иста минута сме го пратиле мислењето)
Доколку ти барале потврда дека си невработено лице, си можела да одиш да се пријавиш и веднаш ќе ти дадат од АВРМ потврда. Јас никогаш не сум се пријавила во АВРМ и до сега сум немала никаков проблем. Како што кажа @Dust претпоставувам и јас сакале да ги искористат субвенциите, па затоа и ти побарале потврда.
Ве читам и се чудам ...сигурно сте во право не викам не...само јас направив онака како што ми кажаа и побараа...тоа е се. Сега веќе знам...сепак фала и за вашата информација!
Дечки ми треба итно совет во врска законот за волонтирање.Гледам на сајтов на аврм има совети (толкување на закони итн) за работодавачи ,Да не знаете дали постои такво нешто и за ние што бараме работа? Каде би можела да се консултирам или можеби во синдикат?
avrm i fondot za zdravstvo od 2007 ne se zaedno moeto posledno prijavuvanje vo zavod bese 2007 dekemvri i se vrabotiv duri vo 2009 a prethodno imav raboteno kako honorarec i nikoja firma ne.mi pravwla problem deka bilo moralno da bides prijaven vo avrm kako nevraboten jas ova prvpat od vas go citam sega. Toa samo im treba kako evidencija na nevraboteni vo MAKEDONIJA i ne brisat vednas mozes eden den i duri nedela da zakasnis...
Да ве прашам во врска со огласот од АВРМ што го имаат за невработени лица, односно бараат практиканти за приватни фирми, плаќаат фирмите месечно по 6000 денари, и понатаму со можност за вработување. Прашањето ми е, како да аплицирам, што да пратам, сиви? Ако знае некој да ми каже, баш најважното не го разбрав.