Јас ја искористив оваа програма лани, агенцијата за вработување на сметка префрла околу 5.000 денари, од тој бруто износ од 6.000 ден се плаќа осигурање, значи ти треба да најдеш фирма која има потреба од практиканти и треба одобрување од аврм, јас не доставив никакво cv, си најдов фирма, ми дадоа од аврм формулар кој го пополнав со лични податоци и образование и чекав да ми одобрат, тоа чекање траеше еден месец, мислам дека исто услов од фирмата е да има вработено повеќе од две лица, друг начин е фирмиве да дадат апликација дека имаат потреба од практиканти и по рандум да те изберат тебе. По истекот на три месеци работодавачот може, но и не мора да те вработи.
Jas dva pati aplicirav i ne planiram po tret pat da apliciram.ako sakas probaj pojdi vo avrm tamu ke apliciras za koja profesija sakas i ke cekas da te pobara nekoja firma koja ima porteba od aplikanti ili pobaraj sama.
Кај да си барам сама фирми? Тој дел не го разбирам. За брзо треба да идам натаму, па ќе аплицирам, ќе си ја пробам среќата. Фала ви. @elimkd @Polsko
Некој газда ако познаваш што ти е пријател, роднина, познаник ... Мене школски другар ме зеде во фирмата кај татко му Со среќа
Јас кога прашував (во својство на правно лице) ми рекоа дека треба фирмите да се пријават, па после АВРМ ги препорачувала кандидатите што се пријавиле кај нив, барем за Скопје само така функционирало (тогаш, на претходниот повик, веројатно исто и сега).. Имало стандарди кои морало да ги исполнува фирмата, број на вработени, обрт на средства (мислам), дали отпуштила вработени претходно и ред други глупости @Dalmatinka93
Нема врска тоа дали Скопје или Кратово или било кој град во Мк, закон си е закон и секаде исто си функционира, можностите се тие или да те повикаат на среќа или како што кажав сама да си најдеш фирма
Се пријавив на обука за шминкер преку агенцијата за вработување. Дали некој има искуство колку време трае процедурата додека започне обуката ?
Читав низ темава ама наидов на различни мислења, доколку некој може да ми каже во врска со поракиве што ги праќаат да се пријавиш кај тој и тој во толку саат за некоја обука во работен клуб во спротивно ако неоправдано не се појавиш ќе бидете избришани. Јасно ми е за месечново што мора да се оди ама ова не ми е јасно, што ако не отидам?
Другарка ми знам дека ја избришаа кога не отиде на некоја таква обука, не знам за што точно беше. Јас имам отидено два пати, ни даваа списоци да се запишеме со лични податоци, па после веројатно ги бришат тие што биле повикани, а не дошле. Ова ти зборам за обуките, не за саемот. Таму не водат евиденција.
Секогаш те известуваат каде се одржува обуката, јас еднаш бев во самата Агенција, а еднаш во мојата општина. Организираат различни обуки за невработени лица, не е истата обука цело време. Стварно не се сеќавам колку траеја, околу 2-3 саати можеби
Обукава е во 11часот во Понеделник, а еве сега ми се јавија од една фирма за интервју од 12часот истиот ден и сега како стварно не ми се јасни
@Kala22, изминатиов период Заводот активно се занимава со тоа што е можно поефективно да ги избрише пријавените баратели на работа. Па сега како што доаѓаат локални избори, можат да замислам што ќе се случува. Колку помалку пријавени, толку виртуелно се намалила невработеноста во Мк. Не знам за обуките како е ама ако три пати одбиеш работа, те бришат од списокот на активни баратели. Колку што знам, не смеат да те повикаат за работа која е под твоите квалификации (пр. имаш факултетско образование а те викаат за чистачка) ама да знаеш дека прават финти, особено ако си се пишала и за нешто вон образованието (работа во кол-центар, работа како продавачка, презентации, промоции итн). Интервјуто секако ти е побитно (Со среќа) ама кажи им на овие од Завод зошто не одиш, да не ти го пишат како „одбивање“.
На страната на аврм ги има контакти/е маил од службениците,ако неможете да идете јавете се за да ги известитите за да не ве одјават
И мене ми пишаа за таа обука,јас најдов е маил од тој службеник му пишав дека сум на далечно патување нема да можам да присустувам И уште сум пријавен
Јас за едната обука бев зафатена кога ми закажаа, им кажав во Агенцијата и ме пишаа за друг термин кога исто имаше обука. Можеш така да направиш.
Ќе пробам сега така ќе им пишам, се надевам ќе ми одговорат да не сум после во мисла дали сум уште пријавена или не.
Обуките на кои јас бев беа еднодневни, ама имаат и обуки што траат подолго време, само што мислам дека за нив треба да се пријавиш, не се задолжителни.