Не знам, ама ако ги презапишам вонредно нема да ми пише дека впнредно сум студирал бидејќи веќе еднаш.имам слушано.предавања. Се на сесе, не ми е тоа зборот, ако некој има искуство со ваков случај нека пише, ме интересира
Друг ми беше муабетот.. Ако ги запишеш вонредно, тогаш оваа година статусот ќе ти биде вонреден.. Ако оваа год статусот ти е вонреден, нема да имаш проблем со работата.. А ти пак продолжи си редовно после тоа..
А ако статусот ми е вонреден, како ќе докажам на работодавец ? Аман, бирократијата е замрсена. Сите бараат да си пријавен под биро за невработени, а јас дали може да сум , еве не знам....мн неразјаснети работи
Ако си вонреден, земаш потврда за вонреден студент и така ќе му докажеш на работодавецот.. Во завод се пријавуваш со дипломата од средно.. Всушност едно време јас кога се пријавив, бев редовен студент во постапка да се префрлам во вонреден... На пријавата тогаш памтам пишав само средно образование (секако само тоа имав завршено тогаш, без оглед што во тек ми беа студиите) и во завод никој ништо не ме праша.. Ама јас ради реда се пријавував, без да наведам некои посебни вештини и без да драматизирам многу..
Не треба да може, АМА како што гледам на никого не му е гајле за тебе ич нема да им е, затоа што ќе запишуваш вонредно да полагаш заостанати.
Јас бев студент сеуште формално, а во меѓувреме се пријавив во Завод како невработена...ми требаше за стипендија за сестра ми, а од на факс не ми даваа потврда за редовен студент зошто само уште магистерската ми беше останата а сите семестри ми беа завршени и затоа се пријавив во Завод и фино лепо си бев ем студент ем пријавена во исто време
АВРМ и нејзината евиденција Мајка ми веќе 3 месеци зимаше пензија кога и стигна писмо дека заради ненавремено пријавување во АВРМ како невработена и се одзема правото да се пријави во следните 6 месеци Врска немаат.
Значи која превара се Да се јавам денес во 9 и 15 а смс стига во 14и21 Само нека ми се заканат како претходниот пат дека ќе ме избришат од евиденција, има на глава да им се качам..и подалеку
Дечки што е со поракивве за можно вработувања по е маил и смс. Секако неможам да им вратам назад на пораките. Што ќе се случи ако не отидам? Не сум моментално во МК. За утре ми закажале термин кај Х службеник, и пишува дека морам да се појавам, согласно со законските прописи. Штом дојдам во Мк на 6 месеци ке го сменам во пасивен барач на работа, и онака до сега 5 години ништо ми немаат помогнато.
http://avrm.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx Веќе две години постои ваквиот вид на грантови од државата. Ме интересира дали некој член/ка на форумов пробал со вакво нешто и каков бил резултатот. Од она што имам читано, реткост била некој од старт-ап бизнисите да доживеат повеќе од една или две години. Ова за во странство, во Македонија не се пишува на оваа тема, а факт е дека некои земаат грантови.
Дали ова се однесува на тие 5000 евра што ти ги дава владата за да покренеш свој бизнис? Ако е тоа што мислам тогаш тоа беше чисто перење пари.
Мој другар зема. Ниту отвори бизнис ниту парите ги оправда. На почетокот се даваше пари на рака, па подоцна во материјали. За последново не ме држи на збор. Знам дека се даваа пари преку врски и партиски книшки. Но ако имаш идеја тоа не значи дека не треба да пробаш. Со среќа
Не планирам јас да отворам свој бизнис, само сакав да знам што се случува и дали на некој му успеало.
Сигурно дека имало и на тие што им успеало. Но се даваа и безврска пари. Идејата е супер но не е за овој народ.
Се даваат пари на сите што ќе направат добар бизнис план за бизнис што ќе биде одржлив.. имаш и тренинг за тоа Секако ако не ти успее бизнисот во првите 2 год, мораш да ги вратиш парите и тука е тешкиот дел, заглавувањето. Инаку нема пари на рака, само се плаќаат фактури за материјали.. Убава замисла е, ама кај нас ретко кој се осудува на ракво нешто..