Можеби, ама тврдам дека и најинвентивен производ да пласираш на пазарот во мкд, нема да биде да успее, пред се поради немањето кеш. Се знае што успева овде, Кински шоп и ефтини производи од Турција. Да не се лажеме
На почетокот мислам дека се даваа пари на рака. Нека ме поправи некој. Од бизнисите ништо, а парите испиени.
Ај едно малку глупо прашање...Дали пријавувањето се врши во подрачната служба на АВРМ во градот кој ми е наведен во лична карта како адреса на живеење, или може и во Скопје пример, ако сакам Скопје да барам работа?
Пријавувањето во евиденција на невработени се врши во местото каде што имаш жителство и не е поврзано со градот каде ќе бараш работа.
Стварно ли за државно да се вработам мора да сум како активрн оријавена? Инаку пријавена сум како пасивен скоро една година.За активен бараатда приложиш доказ дека активно бараш работа.
провери дали си уште во евиденција воопшто, на 6 месеци мораш да се пријавуваш и да си пасивно пријавен, ништо чудно и повеќе да немаш ни здравствено ни да те нема воопшто во евиденција. фати врски и некако среди ја работата. јас затоа се пишав како активен барател на работа, заради ваквите рокови.
Се си е океј,пријавена сум треба во март да одам пак. Сега фонд за здравство и аврм не се заедно како пред некоја година.
Ако те нема како невработен - како ќе се пријавиш за здравствено? не се заедно, ама се условени. законски ако немаш основ за здравствено, значи или си пријавена како невработена или си вработена - не можиш да имаш здравствено. Не е дирекно поврзано како порано - тоа знам, ама пак си условена.....
Егзакли. На ниво на систем - значи институционално повеќе не се поврзани, ама сепак мора да се знае работниот статус за здравственото осигурување. Работодавачот кога ќе те пријави како вработен, оди и те пријавува и како вработен во фондот за здравствено осигурување. Ако правиш приход од не знам повеќе од 132000 годишно, а формално не работиш во компанија - мораш сам да си плаќаш здравствено, а ако не си вработен и немаш приход повеќе од 132 000 денари годишно не плаќаш ништо. Белив ме, експерта сум за овие работи позз и убав ден
Јас прво бев во фонд за здравство се пријавив,па во аврм.Затоа ти кажувам.Сега во фонд се пријавуваш само еднаш со извод,лична карта и здравствена картичка или книшка.Ништо друго не е потребно. Во аврм си отидов со диплома и се пријавувам секои 6 месеци. Едит: има образец во фонд што го пополнуваш каде наведуваш дека не си вработен,точно,и внесуваш вкупно на годишно ниво од прилика колку приходи има во рамките на семејството.
Моја блиска личност има. По престанокот на работниот однос не по негова вина, во случајот стануваше збор за истек на договор за вработување си доби паричен надоместок. Должината на добивање на паричниот надоместок зависи од времетраењето на дотогашниот работен стаж (ова ако не земал претхгодно надоместок а ако земал мислам дека ќе важи само за дополнителниот стаж кој го стекнал откако се вработил по добивањето на тој надометок). На страната на агенцијата за вработување е објаснето за колку стаж колку месеци паричен надометок следува, ќе си провериш. Висината на надоместокот е 50% од просечната плата за периодот за кој следува надоместокот. Потребно е да отидеш во агенцијата за вработување, тие ќе ти средат се што треба и во рок од месец ќе си добиеш по пошта решение со одлука во која ќе ти пишува колкав период по колку средства ќе добиваш и на тоа решение имаш и право на жалба. Треба да внимаваш редовно во предвидениот рок да се пријавуваш во агенцијата оти ако заборавиш, системот автоматски те брише и ќе ги изгубиш средствата.
s Fala na info Jas procitav se na sajtot , no samo me interesirashe dali e for real ili samo za javnost stojat takvi izvestuvanja Ti blagodarammm
Јас требаше да се пријавам во сабота ама дека неработен ден и ќе одам утре. Дали ќе има некаков проблем со тоа што не сум пријавена на точниот датум?
Можеш да се пријавуваш најкасно после 1 месец од датумот на картонот што го пишува. Кога се пријавував јас се случуваше 1 недела или 2 после датумот впишан во картончето да одам. Не ми се верува да е сменето