1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Агенција за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од SparkyAngel, 11 февруари 2013.

  1. Mracna

    Mracna Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    112
    Нема да биде, смееш да доцниш 10 дена.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ladybbc

    Ladybbc Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Користи ли ова агенција воопшто за нешто?
     
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    171.454
    Пол:
    Женски
    За земање грантови за самовработување:D
     
    На Ladybbc му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.704
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Женски
    Знаете ли какви обуки за занаети нуди бирото за вработувње.На нивната странапишува само дека нуди обука за занаети а не пишува кои.
     
  5. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    30.903
    Пол:
    Женски
    Ги замолувам да ми одговорат тие кои се разбираат. Моја блиска личност е невработена, со високо образование и плус има и магистерски срудии завршено и моментално е пријавена како активен барател на работа во агенција. И стигнала порака дека треба да се јави кај некој службеник во агенцијата поради можност за вработување. Дали мора да ја прифати работата доколку не и одговара и дали ќе изгуби нешто ако не се согласи? Оти наша претпоставка е дека којзнае за каква без врска работа станува збор...
     
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    171.454
    Пол:
    Женски
    Јас имам одбиено и ништо не се случи.
    Имаше лимит, мислам до 3 пати..
    Не ме држи за збор за бројкава.
    Пополнува документ дека не е заинтересирана и толку.
    Но мора да оди на лице место
     
    На Divinebutterfly, Zaljubena26 и CaraMia им се допаѓа ова.
  7. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.658
    Пол:
    Женски
    Може да одбие.За да не ја викаат вака постојано нека се префрли во пасивен барач на раб.треба да се пријавува на 6мес.
     
    На Zaljubena26 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    171.454
    Пол:
    Женски
    Убаво е да се знае..

    5 работи поради кои може да ве избришат од евиденција на невработени
    Лице што нема да прифати обука два пати во текот на две години се брише од евиденцијата на невработени

    За невработено лице се сметаат сите лица кои се пријавени во Агенцијата за вработување, кои се невработени и активно бараат работа, способни се да работат и се подготвени да прифатат секакво соодветно или погодно вработување што ќе го понуди Агенцијата.

    Сите лица кои се регистрирани од страна на Агенцијата за вработување како невработени имаат право да ги уживаат сите права утврдени со закон кои им следуваат на невработени лица.

    Секој граѓанин кој што е евидентиран како невработен е должен лично да се јавува во Агенцијата на секои 30 дена и да докаже дека активно барало работа во последниот месец. Невработените што нема да ја исполнат оваа обврска во рок од 30 дена по истекот на рокот на јавување утврден во индивидуалниот план за вработување, се брише од евиденцијата на невработени лица.

    Дополнително, АВРМ има право да избрише од евиденција граѓани кои се упатени од Агенцијата кај работодавач, а тие не се јават или одбијат да засноваат работен однос, или пак одбие обука, преквалификација или доквалификација заради вработување.

    Невработените лица кои не ги почитуваат преземените обврски од индивидуалниот план за вработување исто така се бришат од евиденција.

    Лице што нема да прифати обука два пати во текот на две години исто така се брише од евиденцијата на невработени.

    Сите невработени лица кои од страна на инспекцискиот орган се затекнати да работат спротивно на законот или одбијат работно ангажирање за вршење на јавни работи се бришат од евиденција.
     
  9. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    30.903
    Пол:
    Женски
    Која е разликата помеѓу активен и пасивен барател освен тоа што на активните нудат чат-пат по некое работиче без врска? Дали се укинуваат некои права при преминот од активен во пасивен?
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Ако си пасивен барател на работа нема да земаш паричен надоместок од Завод. И нема да ти нудат работа и обуки.
     
    На Zaljubena26 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Каков паричен надоместок? Активните зимаат?
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Ако имаш работено некаде минимум 9 месеци.
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Истече времето за редактирање, па морам вака да пишам.

    Паричен надоместок се зема ако веќе не работиш.
     
  14. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Пиши ми лп. Ако можам ќе ти помогнам.
     
  16. Dusica24mkd

    Dusica24mkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Ве молам.за.помош.... Кога завршив факултет , при пријавувањето во агенцијата погрешно ми го запишале образованието .Наместо Високо образование 180 кредити, VIB степен, тие ми пишале Вишо образование V степен, кое никогаш не сум го имала. Тоа го дознав откако ми ја намалија платата во март месец, поради настанатат грешка во 2010 год.
    Отидов во агенцијата со дипломата и ми направија корекција. Го однесов образецот на работа, не не сакаат да ми извршат запишување во архива и досие, бидејќи ми бараат потврда за корекцијата и грешката од агенција. Од агенција не ми даваат, не давале такви потврди... И сега што да правам... Ве молам.за совет, ... Неправедно сум оштетена. За на суд, е лесно, но имам ли право на потврдата ...
     
  17. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Завери ја дипломата кај нотар и приложи ја кај работодавачот како доказ.
     
  18. Dusica24mkd

    Dusica24mkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Ami oni gi imaat site potrebni dokumenti, istite se dostaveni pri vrabotuvanjeto. Problemot e vo podatocite vo agencijata.Sega elektronski se prevzemaat podatoci za obrazovanie za M1/M2 prijava direktno od agencijsta.Zatoa i sekoe novo doobrazuvanje treba tamu da se zavede.
     
  19. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Поднеси писмено барање до агенцијата за вработување да ти издадат потврда за корекција на грешка. Тие ќе треба да ти одговорат писмено, потоа одговорот достави го на работа.
     
    На cresa-jagoda, Deni87 и Dusica24mkd им се допаѓа ова.
  20. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.837
    Пол:
    Женски
    Што значи кога во Агенција ќе ти ги земат податоците, а не си пријавен?
    Колку време треба да помине од тоа земање податоци за да одиш да се пријавиш? Дали има некое ограничување?