АВРМ и ФЗО не се поврзани. Здравствено осигурување може да се плаќа лично на месечно ниво, доколку не исполнуваш од условите за осигурено лице на товар на фондот.
Има ли некоја што зема плата од мерката Практиканство или знае колку пари треба да исплатат на практикантот? Не ми е јасен договорот
околу 7400 д излегува бидејќи се одземаат за здравство , данок и такви работи. И ги пуштаат околу 15ти во месец, П.С. Дали некој има искуство со раскинување на договорот за практиканство.
Дали со завршена 4та година можеш да работиш некаде.И дали мора да си заведен во Заводот?Не ми се јасни овие работи.Дали бараат свидетелства?Јас барам работа до октомври колку да не седам цело лето дома,но не ги знам правилата. Хелп.
На пример конкретно кај сакаш да работиш, ако е во маркет, продавница,бутик мораш да ае пријавиш за да те осигурат онака не верувам на црно да раб во тие сфери, не бараат таму свидетелства само копија од лична карта, трансакциска итн.... Јас така работив лани до октомври летово во маркет, само 3 месеца и тоа требаше само да направам и ти даваат нели договор да потпишеш за плата..
Во Заводот бараат копија од лична карта и трансакциска? Ако работам на црно многу помала плата ќе земам (не дека ќе е и многу голема де).Јас свидетелство ќе земам во јули,а планирам да барам работа од другата недела,затоа прашувам.
Леле душо не се сеќавам баш ама мислам само од лична карта за во заводот а трансакциска таму не ти треба Ама мислам дека и треба од свидетелство да за да те пријават таму
Треба копија од диплома зависно од степен на образование ако е средно се носи од средно во завод , без да се пријавиш нема да можеш да работиш
Во АВРМ е потребно да однесеш копија од диплома и копија од лична карта за да те внесат во системот како барател на работа. За приватниот сектор не е задолжително, а во јавниот е задолжително доколку таму бараш работа. Пожелно е да се пријавуваш. Ништо не губиш.
Зошто не сакаш да се пријавуваш? Веројатно не треба да носиш диплома. Ако се вработиш, работодавецот од тебе ќе ја побара потребната документација со оглед на тоа што не си евидентирана како невработено лице.
Сакам и ќе се пријавам. Само јас те разбрав дека за приватен сектор не треба свидетелство во Агенцијата.
За во аврм треба диплома за завршено образование, за моменталниот највисок степен што го имаш.. За да те вработат не треба ..
Треба повторно да се пријавам во биро. Ми заврши породилното боледување и решив да не се враќам на работа. Значи спогодбено не работам веќе. Заа да се пријавам повторно во аврм треба ли да го носам листот дека сум одјавена или само со лична карта?
Здраво ајде едно прашање што се надевам ќе ми одговорите. Во завод се пријавував на 6месеци како невработена и сега на крај на месец треба пак да одам да се пријавам. Прашањето ми е дали може некој ден порано да отидам иако на картончето има датум од-до? (Во мојов случај треба да одам од 30.10-01.11 па дали пример можам да отидам 28-29.10 ?