1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Агенција за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од SparkyAngel, 11 февруари 2013.

  1. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.980
    ^ Пријави се за пасивен барач на работа, тоа е најголема лага дека тие ќе ти најдат работа.

    Од рекла-казала муабети, на еден дечко со машински му се јавиле за во месара.
    А на друг, па и не сум чула дека се јавиле.

    Реалноста е таа.
    Ма, што ќе ми е секој месец да им висам.
    Еднаш на 6 месеци, ајт.
    Може и еднаш ќе биде, ќе се вработам. :D
     
    На mimiiiii, Hipster и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  2. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Па и најпаметно е да ти кажам тоа да се сменам во пасивен барач на работа. Бидејки по секако од дома зимам пари секој месец кога треба да одам да се пријавам. Што до сега неколку месеци немам добиено позитивен одговор. Само во зијан сум. А колку акции имаше за практиканти по 6 500 ден месечно со договор на 3 месеци. Никаков одговор не добив, а првично за тоа и аплицирав.

    Ова е само замарање секој месец пријавување, да го мислиш, да не го пропустиш рокот. А никаков фидбек до сега!
     
  3. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.405
    Пол:
    Женски
    Е кога ќе ми спомне некој искуство ми иде да го :punch: све може да се научи,инаку јас да имам искуство па што не ми најдат ? Само глупости пријави се таму,па у фонд за картони па електронски па све у пм не ми треба ништо што сака нека се случи.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    каla21 Се вработи.ЧЕСТИТКИ... :clap:
     
    На glosipgirl, srcekrsacka и kala21 им се допаѓа ова.
  5. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Честитки и од мене Кала, дај боже сите во скоро време да си дочекаме работа :)
     
    На srcekrsacka и kala21 им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Ако има некој добро информиран тука, ќе може ли да ми даде конкретен одговор?
    Нели ако не се пријавуваш редовно во агенцијава, те бришат од список на невработени и немаш право да се пријавиш една година. Дали е точно дека ако се вработиш пред истекот на таа година, од фирмата нема да може да те регистрираат во социјално како вработен (за осигурување) поради таа „казна“ од агенцијата?
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Според Член 59-а од Закон за вработувањето и осигурување во случај на невработеност:

    Значи според законот, невработениот го губи правото да се пријави во евиденција на невработени а не во евиденција на вработени, има разлика, тоа се две посебни евиденции и со толкување на Законот се доаѓа до заклучок, дека ако е избришан од невработени таа казна му следува само за повторно пријавување како невработен а не како вработен.
    По службена должност одговорното лице од работодавачот ќе изврши пријава за вработување М1/М2 (ќе го евидентира во вработени.) Во спротивно би дошло до кршење на одредбите од законите кои ја регулираат материјата (ќе работи непријавен што е незаконски, нема да ги користи правата како вработен)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Tие кутиите што и се за поплаки, фалби ,предлози ке почнам да ги полнам .Tака да знааат. :!:
     
    На srcekrsacka и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Во мојот град кутијата е полна дали со нешто корисно или не незнам, но знам дека подолго време е ваква изгледа никој не ја отвара, па само ќе се нервираш и безвеза ќе трошиш хартија и пенкало :rofl: :)
     
  10. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Eден ден мора да се отворат.А штом нешто е преполно, мора да се празни, или ќе претече...
     
  11. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Почитувани вработени во агенцијата.

    Крајно сум револтирана од вашето неработење.Почнувајки од вашата чистачка па се до директорот.
    Добро бе луге си имате златна работичка и платичка , што ве кошта да мрднете со малото прсте или и оно сака за замириса на странска валута.Од каде бе странска валута од човек кој не видел македонски денер а не па валута...ви се чудам на титулите правник, виши референт, директор ...

    Ако само еден од секој град би бил фер и би си ја работел работата за која е платен, каде ќе ни беше крајот.
    Ама вие сакате валути.Епа тие се заработуваат со десет прста и со малку памет.
    Вие направивте новото правило .Каде има пак ќе има, каде нема НЕМА.
    Свестите се ЕЈ.Доволно и наштетивте на државата и невработените од кои живеете како кралеви.
    Животи се прашање.Луге достојни за почит, од чии раце треба да се засрамите кога земате.
    До таму ли дојдовме со законите?
    Со газдите ијдруми да правите?
    Да продавате лица со посебни потреби како да се робови?

    Срам и арам станавме ЕЈ.До кога вака ...додека изумреме како вид.

    Помислите на нас обичните луге.Ислушајте ги проблемите со кои се соочуваме секојдневно, без разлика дали сме невработени или не, сепак сме луге ,а не само статистички број.

    Треба да сте на страната на работникот, оти од неговите раце ви доага лебот на маса.

    П.С. се надевам нема да ве приватизираат.
     
    На gjoker4e, PaLaVa, billyy и 3 други им се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.865
    Моето пријавување во завод траеше цел 1 месец по кој заради задоцнување од 1 ден ме избришаа од листа без можност да се пријавам следна година....
    Не дека очекував да ми најдат работа, ама начинов на намалување на бројки им е :fubar:
     
  13. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    ^^Па мора статистиката да иде напред, да им се намалу бројот на невработени :devil:

    Ај многу ме интересира да пише некој што го примиле на практиканство и во која фирма ако не е тајна, зашто јас два пати се пријавував и ниеднаш не ми најдоа и на крај ме избришаа и мене зашто не сум се пријавила на време
     
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Јас бев пријавена 7-8 месеци , ни еднаш не ми се јавија за ништо , закаснав поради обврски и ме избришаа :D
    Месечно симнувале по 7000 луѓе од список , па така сега невработеноста ни е намалена на 29 % 8) :clap:
    Ова е само Агенција за евиденција , нека се јави некој што нашол работа преку Агенцијата да го частам , требаше да се пријавам на 6 месеци јас глупава секој месец , и ете ме шкртнаа :D
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Да не знае некој кога повторно излегува огласот за самовработување??
     
  16. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Некој да знае нешто... :?:
     
  17. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.955
    Пол:
    Женски
    Oglasot za samovrabotuvanje stapi na sila od deneska. Utre odi vo zavod, informiraj se podobro okolu istata.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167

    Едно е кредит, а друго е грант. значи тие што земаат кредит го враќаат соодветно на условите по кои го земаат. Грантот за кој се аплицира со своја бизнис идеја и е во износ од 185000МКД или 3000евра не се враќа, но затоа пак кандидатите не добиваат кеш пари, туку можат да набават опрема и репроматеријали за својот бизнис во вредност на оваа сума. Со тоа што сами си решаваат што ќе набават, од каде итн. Им помага консултант во изработка на бизнис план каде наведуваат што имаат свој личен влог и што планираат да набават од грантот.
     
  19. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    Следниот оглас е во јануари 2014. На веб страната на АВРМ обично објавуваат календар на активности. Таму сигурно ќе објават и кога ќе бидат следните мерки (отпрлика по јануари, другиот оглас БИ требало да е во април/мај и третиот во септември). Инаку веб страната на проектот е www.samovrabotuvanje.mk
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Истото се случи пред неколку години со мојот сопруг ,беше избришан од евиденцијата и сега за апликацијата во Македонски шуми му издадоа потврда за само 4 години а тој е долгорочно невработен 12 години плус му вметнале лажен податок, божем одбил вработување во јавни работи во 10 часот утрото а во 2 часот го прифатил.Беше вклучен во јавни работи на патот и за истата работа фактичќи молаше, а не пак да ја одбие... :(
    Ете колку помага Агенцијата за врабтоување. :!:
    Затоа внимавајте со картончињата и проверувајте си ја евиденцијата.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.