Нема да имаш никаков проблем при вработување во случај да не се пријавуваш. Доколку си пасивен барател агенција за вработување нема да те контактира доколку на некоја фирма им е потребен работник според твојата струка
дали би имало проблем за склучување договор за работа(осигурување) на скратено работно време? Бидејќи сум редовен студент?
Да, нема да може да те пријави во АВРМ, ќе треба или вонреден статус да имаш или да те пријави во АВРМ со средно, или во спротивно наместо работен однос, да засновате облигационен однос со договор на дело.
Дали е активен огласот за практиканство? Пред една недела прашав рекоа дека го откажале и ке има нов а на страната си пишува дека е активен. Знае ли некој што е работата?
Дали во скоро време сте пробале да се регистрирате на сајтот на АВРМ како физичко лице? Ја пополнува регистрацијата но не ми стига порака за потврда на меил. А таму пишува дека е испратена
Во АВРМ, дали има потреба покрај л.к. и диплома, да се достави и Уверение за положени испити, за да се пријавам како барател на работа.
Треба да покажеш оригинал лична карта, не треба копија. Исто оригинал Диплома или оригинал Уверение за положени испити на кое пишува дека си дипломирана. Одма ти ги враќаат, не бараат копија. Ако сакаш можеш и двете да ги носиш, ако не, можеш само едно или Диплома или Уверение. Не е задолжително двете.
Ако одам на пракса, после која би ме вработиле, дали е поарно да се пријавам како активен или пасивен барател на работа? Благодарам на одговорот.
Ако праксата е преку АВРМ тогаш мораш да бидеш активен барател на работа. Во спротивно, како си сакаш ти. Ама ако си активен барател на работа гледај да не закасниш со пријавување секој месец во определениот рок инаку ќе те избришат од евиденција и една година нема да можеш да се пријавуваш.
Доколку некој сака да работи во некој од продажните салони на Zara, Massimo Duti, Bershka, Stradivarious etjj.. нека ми пише да му пратам код за пријавување, има 150 слободни работни места. Или воопшто ако барате работа на друга работна позиција пишете ми во порака
Здраво девојки, редовен студент сум моментално и би сакала да ве прашам доколку се вработам на полно работно време дали ќе има некаков проблем да ме пријават во аврм? Притоа не дум пријавена таму. На факултет не проверуваат дали си вработен, со години еден куп колеги се редовни студенти и се со полно работно време. Ме интересирс главно дали ќе има некаков проблем во аврм?