Е фала многу, не знаев дека треба да одам да се пријавам. Прашав некој дали знае нешто во врска со тоа, да можев одма да одам, ќе одев.
Не мораш да бидеш барател на работа во АВРМ за да имаш здравствено осигурување. Не се грижи ќе си тече здравственото осигурување.
Има некој што се вработил преку агенцијата за вработување?? Дали ви имат вратено некој од фирмите.. Јас стварно не знам која е поентава имам испратено 30 покани и ништо.. Да не треба да се јавувам ?? Или да им пишам на приватните мејлови?
Би ти препорачала да не си губиш време и нерви со огласите од АВРМ 90% од тие огласи поготови тие што се со огласување од 3 дена се со најден вработен. Бидејќи државниот систем налага дека за да се пријави некое лице мора прво да се пушти оглас во АВРМ. Шо значи најголемиот бр фирми ги објавуваат огласите ради реда. Сконцентрирај се на огласите од приватните агенции шо ги имаш на нет.
Знае ли некој надоместот што го дава АВРМ при останување без работа, дали доколку се вработиш целосно го укинуваат или само е во мирување до следно останување без работа?
Доколку не се отиде во рокот за да се пријавиш за невработен, дали те бришат од евиденција и дали неможеш да се пријавиш година дена повторно?
А влијае тоа за наоѓање на работа? Влијае тоа за наоѓање на работа? Дали воопшто неможеш да се вработиш година дена?
Не! Слободно можиш да се пријавиш (ако си полнолетна )носи си диплома од основно образование. Јас баш минатата недела се пријавив ... П.с Само гледај не оди кај некој постари ... Оти јас ете имав случка кога бев ме прими една постара женичка и ме бутна ми рече не можиш ... И се обратив во соседниот кабинет каде без никаков проблем за 5 мин завршив работа .