Дали ова важи и за дипломираните? 23год сум, мислам дека важи зошто пишува млади до 29години? Мислења?
Што ако сум навела дека треба да се пријавувам на секои 6 месеци, а не се пријавам? Што губам а што добивам ако се пријавувам редовно, а не барам работа?
Едното беше активен другото пасивен барател на работа. А, што е плус/минус ако си ваков или таков барател ич не се сеќавам.
Ако вели дека е само за млади до 29, тогаш веројатно станува збор за мерката Гаранција за млади. Можат да се пријават само лица со средно или основно образование, кои не планираат да се дообразуваат понатаму. @Norah Jones како активен барател кој се пријавува секој месец си секогаш во предност кога 'наидува' опција, за разлика од пасивниот. Мислам ако не се пријавуваш континуирано на месец или на 6 месеци, системот те исфрла. Ако грешам нека ме поправи некој.
Ништо не губиш. Агенцијава е само формалност во барањето работа. Можеш и да се вработиш иако не се водиш како активен барател, а за пензија никаква врска нема таа. Буквално е институција за да се вработат партиски војничиња, да нишаат врата и земаат плата. Ништо друго.
Прашање: дали може да сум редовен студент, а да сум пријавена на пола работно време? Или мора вонреден студент?? Исто така уште едно прашање ако може да си пријавен со пола работно време и редовен студент , за стипендија дали може да аплицираш (онаа за успех стипендија) ако си во работен однос со пола работно време
Дали некој се пријавил на некоја од работилниците за напредни ИТ вештини? Со физичко присуство се или online?
Само едно прашање за полагањето испит за администрација дали има плаќања или се полагаат бесплатно ? Ако има некој административен службеник овде би ми било од корист ако ме контактира во лп.