Плата зависи од фирмата, а не од дипломата. Ако си во јака фирма и со средно школо, ќе си имаш убава платичка, ама ако не си во солидна фирма и магистер да си, ќе имаш пониска плата од среднист во добра фирма.
Help, ме бунат работиве со заводов за вработување.Моментално сум невработена но од задутре почнувам со работа на едно место и одма ќе ме пријават од фирма , па прашањето ми е дали претходно јас треба да одам да се пријавам во заводот за вработување поради здраството или нема потреба бидејќи тоа ќе го направи фирмата во која ќе се вработам?
Здраво, можеби прашањето не е за овде, се извинувам. Дали има некој искуство со самовработување преку неповратните средства кои се даваат за отпочнување на свој бизнис?
Нема да завршиш работа. Ти треба печат од фирмата каде што работиш, а и полномошно за да можеш сама да одиш
Што ти треба точно од аврм? Лично твој м1 образец ? Со печат од аврм? Мислам дека тоа може лично, јас поинаку сфатив, дека ти треба со печат од твојата фирма, оди во завод ама не на главниот влез, туку од страна од кај паркингот, па и да не е таму ќе те упатат.
Здраво, да не знае некој дали сеуште постои агенцијата за вработување партнер не можам никако да ја најдам
Ми јавија пред 2 години, сум се пријавила пред 3,4 години не памтам, многу рандом Мислам дека постои и дека уште е до МКЦ у тоа збутаното баракиче
Здраво одјавена сум од работа и имам право на паричен надоместок дали овој надоместок следува само еднаш или што губам доколку го искористам?
Надоместокот зависи од стажот што го имаш. Ама вкупен стаж. Не само тој од фирмата. На пример.... Ако стажот ти е од 9 месеци до година и пол, имаш право на надоместок само еден месец. Од година и пол до две и пол години надоместокот е 2 месеца. Се зема просек од плата од последните 6 месеци. Ама нема да земаш целосна сума, туку процент. Врз каква основа си одјавена?
Како што прочитав мислам дека просекот е од 24 последни плати исплатени, дали знае некој точно? И кога во месецот се исплаќаат, дали е поврзано нешто со исплата на социјална помош?
Пример другаров даде отказ сам. Сега уште оди на работа. После ќе треба да оди да се пријави во агенција? Има стаж 6 години од поќе фирми Како ќе прима надоместок или дајте линк.