1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Агенција за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од SparkyAngel, 11 февруари 2013.

  1. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Ги гледам огласиве на avrm и сакам да пратам CV, па да прашам го испраќате по меил или по пошта?
     
  2. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Јас по меил праќам :)
     
    На K.Mari4ka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.947
    Допаѓања:
    20.747
    Поголем дел од огласите се само формални,но има и такви иако се поретки кои навистина бараат работник.
    Татко ми се вработи во поголема фирма во нашиот град преку праќање cv на фирма која имаше објавено оглас на аврм.Сите бевме изненадени кога му се јавија и го повикаа на интервју,а потоа го вработија,без врски и без партиски книшки.
    Затоа јас си праќам cv на секој оглас кој ми одговара,па ако имам среќа добро,ако не ништо.
    Најчесто аплицирам преку меил,но за некои огласи од типот на продавачка во бутик се јавувам и на тел кој е ставен за да прашам во врска со огласот.Скоро сите велат: Огласот веќе е завршен,а го објавиле истиот ден.
     
  4. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    348

    Истото го правам веќе некое време, повеќе од месец дена активно, па ќе видиме дали ќе сум дел од среќниците вработени без пријатели и партија.
     
  5. Muchaca

    Muchaca Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    5
    Oglasite staveni na avrm se tamu samo kolku da se rece deka ima oglasi,tie se veke popolneti....ova mi go kaza nekoj koj e tamu vraboten vo agencijata demek rabotava "da se slucuva nesto"sakav samo da ja spodelam so vas ovaa informacija kolku da se znae kako se odviva se vo ovaa nasa drzavicka
     
  6. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    348
    И мене истото ми го кажаа, ама и ми напоменаа дека сепак има мали шанси огласите да се вистински и да се бара работник.

    Упорно вртам и пуштам cv, на дел од огласите ми кажаа дека веќе има примено( огласот објавен во 10, јас вртам во 12 на пр. ) на некои дека ќе ме побараат да оставам cv, а на некои дури и ми велат дека е грешка дека таа личност на која и се јавувам нема фирма и дека не бара работник.

    Мислам дека на аврм може било кој да остави оглас па затоа и има многу лажни, но кога веќе немаме друг начин за наоѓање на работа ќе мора да пробуваме и вака колку и да се мали шансите.
     
  7. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.690
    Пол:
    Женски
    Кога праќате CV по маил, оставате порака некоја или како?
     
  8. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Па ќе пишеш

    Почитувани

    Ви го доставувам моето CV во врска со огласот (и ќе си наведеш за кој оглас) и доле ќе пишеш
    Со почит
    (Име и Презиме)

    Јас немам пратено досега на меил ама така би им пишала
     
    На Nade-sunrise му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Или - Почитувани, аплицирам за работната позиција XY. Вo прилог Ви го доставувам моето CV.
     
    На Nade-sunrise му/ѝ се допаѓа ова.
  10. la.malparida

    la.malparida Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    Прашањево не е за тука, но не најдов соодветна категорија..Сакам да прашам доколку една линост веке работи и е на договор од на пример 6 месеци,дали тој договор може да се раскине во случај личноста во меѓувреме најде друга работа или мора да чека 6 месеци за да се вработи на друго место.ако знае некој нешто околу договорите нека пише,важно ми е.
     
  11. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски

    Јас мислам дека може да се раскине но, по закон мора пред 1 месец да кажеш дека сакаш да го напуштиш работното место.
     
  12. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Дали некој има информација кога ќе биде вториот циклус за аплицирање за неповратни средства за самовработување во износ од 3000 евра ?

    Свекрва ми беше вработена во државна фирма и ја отпуштија, а ја делеа 2-3 месеци од можноста да е евидентирана како технолошки вишок. За да има скромни примања до пензија ( 2 години ), замоли пријател да ја евидентира како вработена во неговата фирма овој период за подоцна да ја прогласи како тех. вишок. Секако, сама редовно си ги плаќаше придонесите. Господинот кој и ја направи услугата решил да ги искористи поволностите за вработување на млади до 29 години и ослободување од трошокот за лични придонеси на истите. Прашањето ми е следно, кратко и јасно а во агенцијата не успеаа да ми го одговорат- Како и дали е можно сега тој да ја прогласи свекрва ми за тех. вишок без да го изгуби правото на вработените до 29 години, ако е можно секако. Патем, осигурана беше на неодредено ( негова грешка за жал). И ако не е тоа можно, може ли сама да даде отказ и да се оттараси од плаќање придонеси до пензија, затоа што велат, не смее сега тој да го намали бројот на вработени до истекот на 3 години. Зарем, вработените не смеат по своја воља да го напуштат работното место ??
     
  13. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167

    Следниот оглас за грантови за самовработување ќе биде од 12-23 мај.

    Инаку фирмава не смее да го намали бројот на вработени - тоа значи вработен од фирмата може да си замине, но тој да се замени со нов во рок од 15 дена. Во случајот технолошки вишок е сосема нешто друго.
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    ме интерсира дали треба да се регистрираш на страната на АВРМ(e-rabota) ако си невработен , и дали така имаш нешто подобар увид во огласите или исто е?
    И што значи ако се регистрираш треба да ставиш CV?
     
  15. Ekatarina95

    Ekatarina95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2014
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    37
    Здраво на сите :) Неодамна се вработив и ми рекоа да одам во Агенција Партнер . Поднесов за трансакциона сметка и за картичка другата недела треба да одам да подигнам. Туку сакав да ве прашам дали агенцијата ќе ми крати нешто од плата во вид на провизија или ? Доколку да би сакала да знам колку или зависно е од висина на платата ? :) ај ве молам објаснете ми ако можете подетално ,затоа што ова ми е првото вработување а се надевам и посериозно . Фала однапред :)
     
  16. Muchaca

    Muchaca Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    5
    Ако си се вработила преку агенцијата тогаш таа ке ти зема провизија колку што знам јас,а колку и како зависи од агенцијата...тоа требало да ти го кажат однапред :)
     
  17. Ekatarina95

    Ekatarina95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2014
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    37



    Не сум вработена преку агенцијата туку директно си се вработив но, на местото каде што бев на разговор за работа ми кажаа дека соработуваат со агенцијата и дека сето тоа е еден вид на формалност за документите . Не знам најверојатно така е регуларноста што знам
     
  18. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Екатерина јас имам искуство со агенција партнер пред 7-8 години. Поправиме ако грешам ти ќе бидеш вработена односно ќе бидеш ангажирана преку договор на дело. Значи работодавецот не ти дава решение за вработување, туку те ангажира преку договорот од дата до дата која е наведен во договорот. Тој договор оди преку некоја агенција и затоа твојот работодавец те пратил во партнер. Нормално дека агенцијата ќе си земе одреден надоместок, та нели не работи џабе.
    Ако ти си ја нашла сама работата, во договорот ќе стои дека твојот работодавец преку партнер те ангажира за тој одреден период и ќе пишува колку треба за тоа да ти плати. Така тој си е чист пред законот. Агенцијата ќе си биде платена, е сега не се сеќавам како одеше плаќањето. ДАли фирмата префрлаше пари на партнер, па партнер ни испаќаше нас и дел задржуваше за себе или фирмата дирекно нас не плаќаше. Искрено не се сеќавам како беше.
    Јас партнер ги мразам од дното на душата, незна зошто, беа во некое канцаларииче во близина на МТВ, и беа страшно нељубезни, секој месец ни каснеа со потпишување на договорите и така, но да не те плашам тоа беше доста одамна. Отиди таму и ќе ти објаснат се.
     
  19. Ekatarina95

    Ekatarina95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2014
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    37

    Да. секако дека е прво договор на дело на ограничен временски период еве првично 6 месеци сум на обука затоа што таква е работата треба труд и многу време да се научи ,па отпосле доколку се покажам во најдобро светло ќе ме задржат и ќе потпишам договор за стално .Но,ајде полека полека ќе си биде и тоа. Во моментов јас сум во тотална збунка како одат сите тие работи и затоа вака морам да се распрашам . Ќе одам другата недела до Партнер ќе видам се што како па,ќе ви пишам. Инаку вака со договор на дело тече стаж? Колку што го сфатив надредниот ми рече ќе си бидеш пријавена ќе ти тече стаж... Не знам дали добро слушнав,во моментот 300 мисли ми се врткаа во глава и бев многу загрижена како ќе пројдам... :)
     
  20. vedrina

    vedrina Нов член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали некој знае Во Италија некои агенции за барање стан или куќа со цимерки за студирање. (Пјаченца е градот кај што барам стан со цимерка)