1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Агенција за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од SparkyAngel, 11 февруари 2013.

  1. male

    male Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Девојки ајде да ве прашам...јас сум редовен студент..и периодов дома сме во потешка финанскиска состојба па сакав да работам..си најдов работа и сега сакаат да ме пријават..со тоа што прво ќе мора сама да се пријавам во агенција за вработување, и после они да ме пријавеле... Дали јас како редовен студент можам да се пријавам во агенција за вработување? Дали ќе имам последици нешто со факултетот? Ве молам за брз одговор доколлку некој знае некаква информација..Ви благодарам
     
  2. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.884
    Допаѓања:
    34.236
    Пол:
    Женски
    Ke te prijavat so sredno obrazovanie...
     
  3. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477

    Секако дека нема да имаш последици околу факултетот. :^)
    Само ќе бидеш пријавена со средно образование.

    Јас сакам да прашам кои се потребните документи за пријавување?
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    треба копија од диплома,лична карта, и картонче за пријавување треба да си купиш
    откако ке бидеш евидентирана како невработено лице имаш две опции
    -сама да си бараш работа-пријавување на 6 месеци или секој месец пријавување и изработка на индивидуален план од нивна страна(носи си, сертификати, дипломи) од јазици компјутери и други курсеви :)
     
    На sadgirl21 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Како бе картонче да си купи :o мене така ми го дадоа. Сега почнаа да ги продаваат?
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Картончето не се купува, оттаму го даваат, уште тоа да се плаќа и може комотно да исфрлат некого од евиденција, бидејки и онака не се грижат за оние што се невработени, исто е дали е човек пријавен или не пријавен, па и мислат дека ако избришат некого, ќе уплашат, чудо ми ти големо, да беше друга ситуацијата во нашава држава, да се замисли човек, ама вака ич.
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    ^^ Освен копии земи ги и оригиналите од диплома и сведителства, да им ги покажеш на увид, не ти ги земаат.
    А тоа за купување картонче, веројатно мислеше на купување на работничка книшка, јас кога се пријавував прв пат купив таква а они од таму даваат картонче за пријавување. После испадна дека не ти треба работничката книшка и се пријавуваш само со картонче што ќе ти го дадат таму и лична карта.
    А работничката книшка си ја чувам да го благословам тој што ќе ја исполни внатре :rofl:
     
    На sadgirl21 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. male

    male Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Епа дечки еве вака, од прва рака, бидејќи бев вчера... Носиш лична карта и диплома од средно, они ќе ти дадат образец да си потполниш.. Меѓутоа доколку сте сеуште редовни студенти вие законски не смеете да се пријавиде како невработено лице во евиденција на невработени.. Вие смееете да работите и да ве пријават на тој начин што ви бараат само лична карта за да ве внесат во база на податоци, но не и во евиденција.. тогаш можете да работите колку сакате..сакате 2 месеци, 6 месеци или во текот на целата година, и тогаш не ви даваат картонче и кога ќе завршите со работата (пример јас планирам да работам само 2 месеци) немате потреба да одите да се пријавувате во агенција на секои 6 месеци или помалку... ајде позз и убав ден :*
     
  9. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    357
    Осигурана сум на работа во една продавница, преку мерката за вработување ( работодавачот не ми плаќа осигурување туку агенцијата) јас не работам периодов поради реновирање и незнам дали пак ќе ме повикаат на работа, но ме интересира дали газдите сами можат да ме одјават или пак треба да потпишам отказ и на тој начин да ме одјават.

    Незнам дали е вистинска тема доколку не е преместете ми го мислењето, но ми треба совет доколку некој е запознаен нека ме извести.
     
  10. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.954
    Допаѓања:
    20.848
    Имам понуда за работа во бутик, и планирам да почнам со работа, ама :!: во случај откако ќе почнам да работам ако најдам некоја подобра работа (поплатена) колку време порано ке треба да кажам дека ке дадам отказ и да не ми прават проблеми од аврм. И дали другиот работодавач од другото работно место(она што во меѓувреме би го нашла) ке ме чека да почнам со работа?
    Пример давам отказ останувам да работам во бутикот 1 недела, а во новата фирма почнувам да работам 1 недела покасно? Се надевам свативте што сакам да прашам
     
  11. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    357
    Најубаво би било да прашаш во агенција за вработување(биро) бидејќи има некои правила кои ни јас не ги разбирам за да немаш проблеми треба со газдата од бутикот да се договориш и при напуштање на работата да потпишеш спогодбен отказ, во спротивно немаш право да ја напуштиш работата 2 години. Се зависи од работодавачот. Доколку се договориш недела две пред да ја оставиш работата со газдата се ќе е во ред, но доколку тој ти прави проблеми и несака спогодбен отказ ќе имаш проблеми од страна на агенцијата.
     
  12. Piink

    Piink Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Знае некој каде ги објавуваат огласите за вработување во државни институции, конкретно ме интересира за училиштата?

    Или ако знае некој некое училиште каде бараат наставник по математика или физика, сеедно, нека ми пише. Може да биде и замена за некој веќе вработен што е на боледување и сл.
     
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Зарем сериозно мислиш да се вработиш во државна институција само преку оглас??? :^)
    Во оваа држава не се бара квалитетен кадар,туку поданици кои верно ќе служат на претпоставените.За да бидеш примена на оглас, претходно треба малку повеќе да се ангажираш и да се растрчаш кај градоначалникот,па тој да врзе збор-два со неписмените кадри на локално ниво и да го известат директорот дека ти си "најподобна" за работното место со тоа што ќе си фатиш врски (партиска книшка и кеш), па кога ќе објават оглас само ќе конкурираш за да се запази законската регулатива.
    А што се однесува до огласите,во овој период нема огласи.Тие ќе бидат објавени по три месеци,односно од декември па натаму.
    Без претходно завршена партиска процедура не конкурирај за да не се разочаруваш.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Piink

    Piink Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски

    Јас сум студент сеуште и не ми е целта да се вработам, но заради тоа што цело време слушам како имало голем дефицит на вакви кадри, посебно од физика, ме интересира баш каде можам да видам колку вакви наставници/професори се бараат. А и на факултет сме по двајца - тројца во генерација, од кои еден дипломира на време, а на другите им треба барем уште една година, така да во овој случај за работа врски не требаат од причина што голема е веројатноста да бидеш единствениот што ќе конкурира, па каков и да си мора да те примаат. :D
    И ме интересира од каде ги наоѓаат тие професори за да ги вработат, кога толку малку студенти се запишуваат на овие насоки, а уште помалку завршуваат.
     
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    За училиштата во дневните весници и обично огласот трае 5 дена, законски минимален рок.
    Ги објавуваат во помалку читани весници затоа што тие огласи се за веќе вработени.
    И потполно се сложувам со Poenta, ако работата не ти е наредена не се надевај.
     
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    За тебе е добро што студираш наставни предмети кои се дефицитарни.
    Но, и од дефицитарниот кадар (диплониран) ќе најдат "подефицитарен" (недипломиран) кој нив ќе им одговара.Само ти ја објаснувам ситуацијата за да знаеш како треба да постапиш кога ќе треба да се вработиш.Се уште си студент, без работно искуство во образование и не знаеш каква е реалноста за вработување во државните институции.
    Доколку мислиш дека не ти се потребни врски, надевај се само на огласот.
    Воопшто не е смешно.Жалосно е како некој со години бара вработување,а некој го добива како на лотарија.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    дали некоја од вас или ваш близок има искуство со агенцијата
    ГЛОБАЛВОРК ИНТЕР
    Ул. Народен Фронт 19 А, Т.Ц. Беверли Хилс,
    канцеларија бр. 33А / 1 кат, Скопје

    ?

    нудат работа во Дубави
     
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Што к*р ги ставаат огласите на страната ако се веќе најдени работиници :@
     
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Мора за да може да ги пријави.
     
  20. sanja.sani

    sanja.sani Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    2
    Незнаев каде да го поставам прашањево, ако не е за тука бришете :) кога беше саемот за вработување јас не отидов, иако во пораката пишуваше задолжително присуство, ме интересира дали сум избришана од заводот за вработување? ако знае некој нека ми пише :) тие што беа дали ги запишуваа негде, дали водеа евиденција кој дошол а кој не ? и дали некој се вработи ?