Не си избришана, бев таму, но немаа потреба од основни работи како CV и мотивационо писмо, да ги кажуваат како требало да се направат, кога на нет можат да се најдат, се има, па и тука на форумот.Така да не те бришат, тоа само за колку да се појавиш.Инаку, од таму кај што аплицирав, не се јави никој, а и плус од тие компании таму, како и агенции за вработување, ми дадоа флаер, на него со податоци, каде се наоѓаат и слично, како и страна каде може да се регистрираш, арно ама не постои страната, проверив ја нема.Воошто и се сомневам колку реално беше се онака регуларно, како што претставуваа, па и кажуваа цифри за тоа колку вработиле , а врска нема.Мислам дека не си избришана, но сепак најубаво провери, а и да си била на саемот, не верувам дека ќе си била задоволна од истиот.
Дали некој знае наместо лична карта да се носи пасош за првпат пријавување во бирото, бидејќи личната карта ми е изгубена. Некој ?
Од денеска па до 10 март е активен новиот оглас за самовработување. Јас сакам да аплицирам за една моја луда идеја, па сакам да прашам дали некоја од вас има искуство како сето ово функционира? Треба ли да имам готов бизнис план кога ке аплицирам или таму ке ни помогнат во неговото составување? Знае некој?
има ли некој вакво искуство како мене..... Ми пратија порака на телефон во четврток да одам во АВРМ, кај некоја си службеничка пишано и е името и презимето, заради учество во обука. Дололку неоправдано не се јавам на поканата ке ме избришат од евиденција на невработени, дали некој имал вакво искуство, да се јави на оваа покана и доколку се јавил/а што понатаму ??
Да вероватно кај Дениза,обуката е глупости тешки,ке пополнич прашалник со некој основни податоци и ќе разговарате во група што е проблемот зошто не сте вработени кај мислите дека е проблемот дрн дрн,како психолошко советување да се тешите едни со други дека не сте само вие невработен и тоа е тоа,некој одат и по 3 пати 4 ама мора да одиш затоа што ке те избришат,тотален промашај според мене ке одиш ке видиш
Здраво, имам едно прашање, доколку некој знае ве молам одговорете ми. Јас на факултет сум со апсолвентски стаж, значи требаше да дипломирам пред пола година, но не успеав бидејќи имам уште некој предмет за полагање, но веќе не посетувам предавања. Е сега, сакам да се пријавам во заводот со документите од средно училиште, поради тоа што сакам да си оформам сопствен бизнис (не преку кредитите за самовработување). Знам тројца што ете со истиов мој статус на апсолвент се имаат пријавено во завод со свидетелство од средно без проблем, но пак ме фаќа страв. Знам дека додека активно студирам не може, но еве веќе сум со стаж. Ве молам за одговор. Ви благодарам однапред.
Појди во агенцијата за вработување прашајси. Јас имам другарка која исто како тебе нема дипломирано на време и се има пријавено со дипломата од средно
За сите оние што се од општина Аеродором дисперзирано одделени на агенција за вработување позади мегдоналс зграда 48 има игротрека до него
Девојки незнам дали прашањето ми е за тука ако не слободно префрлете ме во соодветна тема... пред една недела се вработив ама преку агенција вработување е сеа маката ми е што некам повеке да работам таму.. мислите ке ми прават проблем во агенција да го раскинам договорот?
Мислам дек ќе те избришат и нема да можеш да се пријавуваш поарно почекај додека да најдеш друга работа па префрли се, а кажи ми што работа ти најде заводов
Не ми најде заводот работа сама си ја најдов а имав договор потпишано со ВРАБОТУВАЊЕ.КОМ.. мислев дека ми праат проблем ама ок се заврши
Здраво. Ако може некој да ми одговори на следново прашање.Ме избришаа од завод за вроботување поради тоа што закаснив.Сега некој ми вели дека во текот на една година,избришаните не може да се вработат и да бидат пријавени, а јас очекувам во моментов да се вработам во државна институција. Дали е ова точно.Ако е ова точно,ова е чиста глупост.Ке испадне дека заводот наместо да им наоѓа работа на луѓево, ги оневозможува тие што веке нашле работа.
Мислам дека сега не можеш ти една година да се пријавиш како невработена (бидејќи си задоцнила) и на тој начин не те бројат во евиденција кога кажуваат бројки за невработеност. Измислиле еден куп финти само да се намали бројот на невработените со тоа што ги бришат на секој можен начин од евиденција, а всушност истите пак се невработени, само не можат да се пријават во агенцијата како такви. Ако имаш вработување, нема да има проблем да се вработиш иако си избришана од евиденција. Еднаш знам кога бев невработена, ќерка ми беше болна и не можев тој ден да се евидентирам туку утредента.... и нормално веднаш ме избришаа и не можев една година да се пријавам како невработена. Фактички не ја намалуваат стапката на вработеност, туку измислуваат финти како да им отежнат на невработените да се пријават како невработени.
Заводот не тие установа која ти наоѓа равота, туку установа којате води на листа како невработена и мораш да одиш лично таму секој месец/на 6 месеци или година, за да рие што работаат таму, меѓу пиење кафе имаат што демек да равотат. И дај во твојот град најди некој познат вработен таму или некој кој знае некој и нека не те заебаваат, само еден клик на компјутер и ќе те вратат на евиденција одма! Ако ти прават проблем, пиши ми лп да се обидам да ти помогнам!