Здраво, дали некој знае да ми каже нешто за работа во Кроација осигурување ? На кој начин се работи, лесно, тешко и слично. Ви благодарам однапред
Здраво прва година сум на факултет сакам да најдам негде пракса или раб привремено. Знам дека не сака никој без искуство ќе може да ми помогнете?
Пред извесно време се пријавив во биро како пасивен барател на работа, бидејќи сум со бебе и не можам секој месец да одам до биро. При тоа вработениот што запишуваше податоци ми рече дека доколку си најдам работа може во секое време да отидам и од пасивни во активни да се префрлам? Има некој слично искуство, дали е ова навистина вака?
Да,кога сакаш можеш да се префрлиш во активни..јас така долго време бев во пасивни па се префлив..само во пасивни одиш да се пријавиш еднаш на 6 месеци ама рокот е само 3 дена..а на активно мора секој месец да се пријавуваш ама рокот е подолг,некогаш ми даваа 2 недели некогаш цел месец
Ако си најдеш работа зошто би се пријавувала во трудот. Ти тогаш ке бидеш вработена а не активен барател на работа. Ти во секое време можеш од пасивен да се префрлиш во активен барател на работа.
Се пријавив бидејќи немавме здравствено, мислејќи дека ќе ми бараат во фондот да сум пријавена во бирото, но таму гледаат само колку приходи имаш годишно. Доколку сама си најдам работа не треба ли претходно да сум прјавена во биро? Не ми е баш најјасно како оди сето ова затоа прашувам.
@Tajnaotrovna, колку што знам, за да се вработиш во државно*, мора да си пријавена во завод како (претпоставувам активен) барател на работа. * Колку ова во пракса реално се почитува појма немам (добро знаеме како одат државните вработувања кај нас) но знам случај каде жена не можела да биде примена на работа бидејќи не била пријавена во завод (а притоа имала прилично јак вмро-вски грб зад неа).
Доколку најдеш било каква работа, државна или приватна, без разлика за да те пријават како вработена, да ти тече стаж и осигурување, мора да си пријавена во агенција за вработување.
Здраво девојки, имам едно кратко прашање до вас...пријавена сум во завод како активен барател на работа,денес добив порака за на 09.02.2016 год да присуствувам на некаква обука,но доколку неоправдано не присуствувам ќе ме избришеле од евиденција на невработени...проблемот е во тоа што конечно најдов работа и чекам неделава да ме пријават и бидејќи сум втора смена на работа нема да можам да присуствувам...каде треба да го пријавам моето отсуство само за да не ме избришат од евиденција? Ви благодарам!
Тоа го пишуваат заради да има луѓе на тоа си некаква обука. Мене 100 пати ми има стигнато ваква порака и ниту еднаш не сум појден, и сеуште сум во евиденцијата... Немај гајле
што мислете за Огласите за вработување , што се објавени на страната на АВРМ ?? Дали има некој што се вработил преку АВРМ ?
Тие огласи се само за да се запази законот, бидејќи за секое работно место мора да се распише оглас. И тој оглас најчесто мора да биде објавен преку АВРМ. Знам, затоа што кога сменив работно место, се договарав со работодавачите два месеци и повеќе пред да почнам да работам кај нив, а огласот го објавија пет дена пред да ме примат. Значи, вообичаено прво се прави договор меѓу работодавачот и работникот, се носи пријава за потреба од работник во АВРМ, се објавува огласот, па работникот се пријавува најрано после пет дена од објавувањето. Инаку сум се јавувала на телефонскиот број оставен со огласот (ако има) или сум праќала ЦВ на мејл адресата... на телефон ми кажуваа дека местото е веќе пополнето, а на мејл адресата никој не ме удостои со одговор.
океј фала ти :3 иначе сега завршувам средно, така да се уште немам диплома, ама сакам да работам само преку летото, 2-3 месеци, дали ќе може сега да се пријавам со свидетелство од 8мо одд, и после кога ќе напуштам, крајот на август да се одјавам..затоа шо ќе планирам да студирам