Имам едно прашање, уствари не јас туку пријателка моја ама ај јас ќе прашам Женава беше пријавена во завод како активен барател на раб, па бидејќи пропушти да се јави на време ја избришаа од евиденција и и рекоа дека може да се пријави пак после една год. Е сега она најде работа, ако е онака како што пишал некој погоре дека мора да е пријавена во завод, тоа значи дека неа нема да можат да ја пријават? По која логика е задолжително тоа дека МОРА да си пријавен како барател, за да можат да те пријават кога ќе најдеш раб? Еве не барала работа од ХУ причини, сега случајно нашла, кои се тие слепци да кројат нечиј живот?
нема врска , можат да ја осигураат кога сака работодавачот и кога сака да ја одјави ( мајка ми беше исто вака ) , АВРМ изгледа/служи само за статистика на невработени , и за вработување на партиски луге , за друго ништо .
Е да ама ivinakit пиша нешто друго, кој знае што е точно Веројатно ќе ми каже во понеделник па ќе пишам.. А за аврм мн нормално дека е само за статистики. И онака делуваат многу неспособни и малку дури накај глупави
@Dust нема врска, се пријавуваш во АВРМ со цел тие да ти 'најдат' работа и да имаат евиденција за бројот на невработени лица. Тоа што не била пријавена во аврм нема врска, работодавачот не го интересира дали секој месец се пријавуваш, освен ако не те пријвува со некоја од владиниве мерки- во тој случај мора да си активен барател во последните 6 месеци минимум
Тоа за мерките знам, еднаш ме "едуцираа" во аврм .. За ова другово не знаев ама претпоставував дека нема врска дали е пријавена. Фала
здраво, имам едно прашање, се надевам некој ќе знае да ми одговори.. Значи вака, редовен студент сум, апсолвент од лани, значи цела година само чистам испити без да имам обврска да одам на предавања. Минатата недела аплицирав за работа во една фирма и ме примија, меѓутоа ми рекоа дека пред да ме пријават треба да се пријавам во завод за да можат да ме пријават. Е сега бев во завод по прв пат да се пријавам, арно ама веќе сум била евидентирана во систем од пред 2 год кога 1 недела поработев на едно место ама не ми се свиѓаше работата и напуштив. Тетката од шалтер во завод ми кажа дека од новава фирма можат да ме пријават кога сакаат пошо сум у евиденција, ама мене ме копка да не имам некој проблем зошто ниту имам пополнувано образци ниту сум се пријавувала во завод. ако има некој со слично искуство нека ми пише дали имал проблем при вработување, позз
работодавачот ти вика така заради што сака некоја мерка од владата да искористи , инаку секако дека може да те осигура без да си пријавена во завод .
а доколку сум само евидентирана во систем со лична карта и диплома на увид, без да сум барател на работа, нема да можат да искористат некоја од мерките?
и чаре? да се префрлам вонредно на факултет со лекарско па да се пријавам во завод, или има и друг начин?
така е, само што работа тешко може да се најде, а работник лесно може да се смени.Останува да се надевам дека ќе може без мерки , што е веројатно бидејќи знаат дека сум студент и непријавена а нели требало минимум 6 месеци за да искористат мерка
Ме инетересира дали има некој искуство со пропуштен рок за пријавување. Јас го пропуштов вчера бидејќи си отишле еден саат порано поради празникот. И сеа незнам како иде процедурата со барањето за повторно евидентирање, и дали праат големи проблеми за еден ден ?
Да,прават проблем и за пола саат знам една моја другарка исто така не се пријави закасни во 4:30 им дојде ги молеше ама ништо,те бришат од евиденција и си чекаш цела година за ова не сум баш сигурна ама мн.си чекаш,ех така ти е у оваа наша мила земјичка,ама ако си најдеш работа што има врска што си избришана од евиденција,нели работодавачот те пријавува,и немаш врска со заводот.
Ако се пријавуваш секој месец не прават проблеми. Јас секој месец се пријавувам и некогаш одам и 10 дена покасно, ама ако си на шест месеци тогаш мислам дека треба да се пријавиш на време
Нема врска 1или 6 месеци нели во картонцето си има интервал од -до,ако не го запазиш рокот,знам другарка ми идеше и кај најглавниот молеше,само ништо,демек таква им била процедурата,те бришат.
Ако се пријавуваш секој месец се водиш како активен барател на работа, а на 6 како пасивен. Ако промашиш рок за пријавување те бришат и не можеш да се пријавиш 12 месеци.