1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Агиос Јоанис, Пелион

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Dream-Girl, 17 август 2017.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Пред да одам на одмор барав ваква тема за местово тука, но ете не најдов и сметам дека заслужува да има, плус еве веќе 2ра година како е поактуелно и во туристичките агенции и доста луѓе почнаа да одат. Годинава бев, убаво местенце е ама има некои работи шо треба да се знаат.

    Климата е многу пријатна, бидејќи е планински + морски воздух споено, 2 у 1 перфекции :D Е сега морето е отворено и има огромни бранови, бранови шо се поголеми од луѓето значи преку 2метри и повеќе се, зависи од денот и нема шанса да се спасуеш, те бутаат, затоа и за малечки деца според мене не е водата... Се дешаваше 2 дена бранови, 1 ден мирно море, е кога беше мирно, плажата е перфекција.
    Има 3 плажи, реално местенцето е мало, плажите се Агиос Јоанис која е главната таа е со така малку покрупни каменчиња, другата плажа е Плака, таа малку ко подива е и има повеќе за пешачење до неа ама е многу убава и Папа Неро, таму има камп и најмногу кафичи, најразвиена е оваа и има песок и каменчиња, мешана е.
    Главна атракција у местенцево е мостот преку кој се стига до Папа Неро, а инаку кај мостов се спојуваат морето и река, стварно убава и необична глетка. Мислам дека немаше човек кој што не се сликаше на мостот и шо не го сликаше мостот. :D
    Инаку, за храна е доста скапо..има малку продавници и таверни, а доколку не се храните таму според мене пожелно е доста работи од дома да си носите, поготово леб, бидејќи е стварно скап за разлика од другите места. Спакуван црн ржан леб што има долг рок на траење е топ, јас си го носев бидејќи имам посебна исхрана и стварно ми се најде. :rofl:
    Температурите тука не достигнуваат повеќе од 33-4 максимални степени и тоа во време кога е сезоната за одмори, а замислете колку поладно е почеток на јуни и септември... :whew:
    Инаку местово е за релаксиран одмор, има само една дискотека која е така како поглавна Кавос се викаше мислам дека, ама местенцево е повеќе за уживање, без забави... :rofl: Туристите 80% се странци, а инаку и патот е доста тежок. До Волос е супер, но после се вози во планини и сите тие 40-50км до местово се стварно тешки, затоа и туристички агенции не возат до таму, туку те оставаат во Волос, па бараш превоз... :wasntme:
    Исто така ако одите тука обавезно и Волос да го посетите, барем на враќање, преубав град е, мене многу ми се допадна со околу 130 000 жители и одлични кафетерии, продавници и пријатен народ. Во Волос има и Lidl, ние застанавме и наваму и натаму, убаво снабден е.
    Бев сместена во хотел Маро, а како што можам да забележам нашиве агенции само хотел Маро и хотел Зефирос ги нудат, и двата се топ хотели, со поглед на море :)
    Исто така тука сниман е и филмот Mamma Mia и местово поради тоа е доста познато последниве години :D
     
    На Ahoy, Lilit, Annath и 2 други им се допаѓа ова.