1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Агресивно однесување кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 31 јануари 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.336
    Ја отварам темата поттикната од два настани:

    1. Тепачка во средното хемиско училиште. Напаѓачите, кои биле малолетни, влегле на час со ножеви и шипки, и нападнале неколку ученици и професорот. Не ми е целата да разговараме за овој случај, барем не во оваа тема, и не е ниту прв ниту последен, а тоа е страшното. Го имало од секогаш, ама станува се почесто и посурово.

    2. Родителска средба кај моето дете - ученик во прво одделение. Дисусии за тепачките меѓу децата во кои речиси секој ден има по некој повреден. Еднои дете со сршен нос, друго дете со модро око, и уште еден куп други со модрици. Едно дете, преместено од друго одделение поради агресивно однесување, поттикнува тепачки секој ден. Да биде уште полошо, детето е страшен лидер, и другите го следат. Родителите негираат дека има проблем со нивното дете, тврдејќи дека мора да е до учителките, бидејќи детето дома не прави никакви проблеми.

    Што мислите за агресијата кај децата којашто барем мене ми изгледа дека е се' поизразена во последно време, и се среќава уште од најрана возраст? Од кои причини се јавува, и како да се делува за нејзино надминување?
    Веројатно е начинот на живот, динамиката, агресијата кај возрасните како резултат на сите општествени промени кои се случија во послениот период, изгубените вредности, и сигурно има уште многу. Како и да е, се' ова се рефлектира кај децата, и во комбинација со насилството во цртаните филмови се создава една агресивна генерација која страв ми е да помислам како ќе се однесува за 15-20 години.
    Или можеби и ние сме биле такви, ама како родител се' ти се чини пострашно?
     
  2. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Ariel додека ние(зборувам за мојата генерација) на 7-8 години си ги полневме гаките со песок, си правевме торти и колачи од кал, игравме кошарка, криенка , трчкавица и се меневме со ливчиња, денешниве деца од по 7-8 години гледаат внимателно Долина на Волците, сите во градов се полат бараат пиштоли и пушки како на полат, имаат нож како на Полат, или пак седат дома или во интернет кафе и играат Кантар, што со нивното детство, тие и воопшто го немаат. Технологијата оди понапред внук ми од 6 години не можеме да го скорниме од компјутер бидејки по цел ден игра Кантар, ќе му се развикат ќе почна да плаче уу зошто зошто на почетокот му дозволиле тоа до прави и сега тој мисли дека е најнормало. Не си легнува додека не ја изгледа Долина на Волците па тој бил Полат па другарчето него бил не знам кој, па така вујно го пукнав , па таков бокс му удрив исто како на Полат. Со развојот на технологијава се одзема детството на децата, а со тоа стануваат се повеќе и повеќе аграсивни :x
     
  3. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Mислам дека децата некогаш премногу се разгалени,ама не сите.Eве еден пример,јас имам уште 2 помали сестри,и со најмалата сум разлика 7 години,и кога беше мала многу беше разгалено,и тато и мама многу ја галеа,е сега кога правеше беља од мене добиваше малку ќотек :lol: и дома ме караа зашто ја карам,а усвари палеше кревети,фрлаше се од фрижидер,што да кажувам :tmi: и додека живеев таму,таа страв имаше од мене,и многу ме слушаше :D се преселив и девојчево се збесна,на тато и мама секако им зборуваше,со сестра ми се тепаа нон стоп.E сега таа кога беше мала велеа Bолф4е остави ја мала е,не разбира ништо,што разбира таа? ама сега таа од мене има страв,само да ја погледнев луто ке се расплачеше,ама ете далеку сум,сега да ја контролирам :wasntme: а тато и мама не реагираа кога беше мала,е сега маки си имаат :rofl: ********************Hекогаш мислам е и до другарчината,има некои други пак лути што сакаат да влегуваат во невојла,зависи,на внук ми,дошло некое другарче од нашколо,и биле кај него в соба,а тој мал е 9 год има и другово му рекло напиши
    hot girls
    и срека мајка му што влегла ]:) а ми дојде една мисла сега дека и може да е од родителите што гледаат по дома како се однесуваат мегу себно,со пцовки,погрдни зборови и децата гледаат копираат и собираат лутина и ја истураат на друго место :worried: Cега не сум толку искусна да зборувам на темава ама ете што ми текна напишав,и случајот со сестра ми :$
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Мислам дека средината каде што живее и расте детето е пресудна за форирање на карактерот на детето и за неговото однесување. Децата се како сунѓер, како што зборуваме ние, така и тоа ќе прави, ако се обраќаме со погрдни зборови и тоа копира и истите ги користи, гледам кај моето дете е така. Пр. кога ја карав и викав мочличе едно и по некое време и таа почна да го користи тој збор. Секако тука влијание има и разгаленоста, колку повеќе ги галиме и мазиме толку повеќе на глава ни се качуваат. Мислам дека родителите треба да се усогласат и кога еден го кара детето другиот не треба му пружа заштита.
    Исто така и медиумите имаат свое влијание, и другарчињата. Кај нас на уличка има две постари дечиња со кои си игра ќерка ми и еден ден доаѓа и ми кажа една песничка што ја слушнала
    пушам цигара, грицкам грицки ти си голи цицки, и уште една дедо мраз дедо мраз дојде и кај нас, ни удри два-три шамари и една клоца во газ. :)
    Се си има свое влијание. Затоа мене ми се допаѓаат градинките, мислам дека имаат многу добро едукативно влијание кај децата.
     
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ова време во кое живееме е премногу динамично ,на децата се им е на дофат,премногу информации имаат ,и се тоа доведува до последици за кои се прашуваме каде грешиме како родители.Точно дека медиумите имаат големо влијание на децата-еве еден пример.Син ми ми вика сабајле (има 7 години)дали кога сестра му ке пораснела ке одела во болница да и направат бебиња?Гледавме А1 и случајот со спонтаниот абортус, и детето разбрало дека во болница се прават бебиња и се губат бебиња. Тука јас се обвинувам ,но гледаме вести а исто и децата.
    И за во школо имавме ист проблем во прво одд.Тепачки секој ден,но децата заради тоа што прво одд. е такво какво што е(имаат многу малку за учење)гледаа Долина на Волците секој ден и само за пукање и тепање се разговараше.Сега во второ е малку поинаку,се подсмирија,имаат повеке за учење,компјутери им дадоа и нема тепачки.наставничките ни кажуваа дека како ке им се зголемуваат обврските ,така и децата ке се подсмират.Аза ова со средното хемиско,мислам дека е на нацинална основа,секогаш постоела нетрпеливост.
    И кај син ми во одд.има деца кои се лидери и кои се ''тепачи''И како за беља сите деца сакаат да бидат како нив и ги следат во нивните будалаштини.
     
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Можеби сум малку оф топик но сакав да кажам дека јас знам точно што се случило во Хемиското и проблемот бил околу една девојка. :?:

    А инаку да се навратам на темата. Сметам дека ова агресивно однесување се јавува прво заради воспитанието од дома зашто уште од мали децата ги слушаат родителите кога пцујат, се караат итн итн. И после тоа мислат дека тоа е правилно па го употребуваат пред другите. Второ - средината во која живеат. Зависи тоа од луѓето кои се околу нив, роднини, пријатели, соученици, маалски другари.. Или на пример во населбата ако има албанци, турци или сеедно некои што имаат поагресивно однесување и ти живејќи со нив ќе попримиш нешто. Сега велам, можеби. :!: Исто децата намерно или ненамерно може да се најдат во лошо друштво па и тоа придонесува и тоа да стане такво.

    Големо влијание има и технологијата и ете, ' големиот напредок ' на светов. Од цртани до филмови, серии како Долина на Волците што уште деца од 6-7 години ги гледаат и разни видео игри, може да стекнат насилно и агресивно однесување. Јас во второ одделение незнаев што е мување а камоли секс :^) , пи*ка, к*р и така натаму.. Секс за мене бил апстрактен поим. А сега, се најдов во ситуација, деца од второ одделение да ме пцујат, да ми зборат за мување, лапање и незнам ти што таму. ' Еј, еј имаш фејсбук?! Ќе те згазам! Ќе те пукаам како Полат Алемдар! Еее, ние избегавме од часови. '
    E ајде де, на што личи ова кажете ми? Можеби и ние сме биле напредни, ама до волку?! Јас сите овие работи ги дознав најмалку после 4-5 години. Нема што, напредува светов.. и генерациите што следат.
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Децата денес се размазени, да размазени без граници.Родителите не заземаат став на родител туку на другар.Каде бе дете од 1,2,3 год...да научи што е добро што лошо кога нема кој да му покаже.Не можеш на таа возраст да му бидеш ти другар...тоа може откако веќе ќе осознае доста за околината и себе,кога веќе ќе може и сам да донесе некаква одлука.Да не зборам за општеството во кое растат и живеат.Значи воспитанието зависи прво од семејството а после и до училиштата и улицата.Што да ви кажам кога дете од 2 год ако нешто не му се исполни дека одма дига рака на мајка или само себе се казнува,си гризе прсти или се гребе по лице?!Тоа кажува дека родителот не го воспитува како треба...Родителот треба да има стабилен став за се со детето, а не лабилен прво искарај па после мази или дај му па после земи му.
    Повеќето денешни млади родители некако како да се мрзливи да си ги воспитуваат децата,некако тоа им било заморно имале други проблеми...па ај полесно е пушти само нека си се воспитува.Ете такви деца стануваат после агресивни,несоцијални, арогантни итн.
     
  8. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    224
    go butkam sin mi so kolicka pred nekoj den pominuvam pokraj edno osnovno uciliste i pokraj ogradata stojat decinja prvo ili vtoro odd,,,,,,i pominav i slusam tetke,tetke se vrtam mislam sin mi frlil nesto ili mu padnalo i vikam ,molam i tie na cel glas DA TI JA LIZEMEEEEEE,ne mi se veruvase,sama sum si zborela po pat,me posramotija,se vrakam i na maz mi mu vikam,ZNAES LI KOLKU SUM ZGODNA MOZAM DA SI FATAM DECKO OD PRVO ODELENIE,,,,,,,,,,,
     
  9. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Се согласувам дека кај децата има претерана агресивност, ама мое мислење е дека за се се криви родителите. Се залагам за она мислење дека најголемиот процент од тоа како една личност ќе се изгради паѓа на околината во која расте. Вистина има нешто и во гените и во самата активност на децата, но тоа е во занемарувачки помал процент. Детето учи од родителите и средината во која се наоѓа. Тоа од најраните години ги повторува постапките на тие одолку него, т.е учи како да се однесува во општеството.
    Кога родителот е агресивен и детето го гледа тоа, тоа подоцна се обидува да го копира тоа однесување. Исто така денешниве родители многу ги галат децата. Јас разбирам не треба со тепање со викање, ама пак треба некоја мерка да се превземи, не може само остави го што сака нека прави. Јас лично знам дете во градинка, уште, натепало некое дете и нон- стоп бељи правело и од градинката, ви се верува или не го избркаја. Ами тоа така не се прави.

    Кога детето пројавило уште толку мало асоцијално однесување, треба да се превземе нешто, а не да се одбегнува, или така да се остави. И мајка му вели, што да му правам таков е. Не е таков така сте го научиле.

    Не се децата криви, тие околу нив за стап плачат.
     
  10. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Немаше да има такви деца, ако денес родителите не беа толку зафатени со нивната работа, кариера или својот бизнис :^) . Одат наутро на работа, доаѓаат после пладне и легнуваат да одмараат или пак компјутерот пред нив и задубени во него, додека детето им раскажува како минало на училиште.
    Видиш-не видиш, детево се откажува од конверзацијата со самото себе па седнува и тоа на компјутер или пред телевизор.

    За телевизијата :tmi: не знам што попрво да искоментирам почнувајки од цртани со насилства што ги следат како БенТен.. потоа турскине серии со лиглиња, завршувајки со Долина на волците која е за +18, и како врв на тоа :o во сабота и недела ги даваат репризите од тоа Волците по цел ден.

    Потоа децата биле насилни, невоспитани, не седнувале да учат или книга да прочитаат. Епа ете сетоа тоа е резултат од напредната технологија и т.н ‘современи‘ родители :puke: .
     
    На avita и Ariel им се допаѓа ова.
  11. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто серијата долина на волците ја гледаа дури и деца од 9 години никогаш не ја гледав серијата долинна на волците ниту пак некогаш би ја гледала.Не знам што има интересно во таа серија за да ја гледаат деца од 9 години.
     
  12. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Е ајде де. Јас сум за тоа родителите да им забранат да ја гледаат таа серија, затоа што кај детето може да поттикне разни, страшни работи. Се шеташ надвор и гледаш деца разговараат за тоа ,,еј ја гледаше минатата епизода? кажи колку беше јако'' ,,Виде што рече Полат? ауу'' ,,едвај чекам да ја дадат новата епизода'' итн. :| Среќа што заврши и никогаш више да не почне. |( Никогаш не сум ја гледала и нема ни да ја гледам. Гледаат разни серии по цел ден и незнам ти што, и после зашто детево вака се понаша? па размисли |(
     
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.336
    Имам мака со малиот мој. Многу е мирен и сите ми го закачаат. Има едно дете со кое одат заедно на кошарка и пред секој тренинг го малтретира. Му го зема ранецот и му фрла се од ранец, а мојов не знае да се одбрани. Детето што го закача е една година постаро, но мојов е една глава повисок, и сигурна сум барем 5 килограми потежок. Сигурна сум дека да го бутне детето што го закача ќе падне, ама таков е, не сака да враќа. Фала богу, никој не го научил.

    Лани на крајот на годината веќе не сакаше да оди на кошарка, па потоа преку лето се премисли. Сега не оди ни еден месец на кошарка, а веќе побара да се отпише. Причината е иста - детето што го закача.

    Знам дека една од работите кои треба да ги преземам е да го запишам на нешто што ќе му помогне да се одбрани, но верувам дека ќе помине време додека можеме да видиме резултати. Во меѓувреме, не знам што да правам со кошарката. Не сакам да го отпишам затоа што не сакам да го научам дека кога ќе му згусти треба да се откаже. Од друга страна, не сакам ни да му продолжат фрустрациите, особено што не знам во која насока ќе се одвиваат.

    И не е само ова со кошарката, еве сега ми кажа дека три деца од негово одделение денес го закачале. Го бутнале, ама не паднал. Тој и не ги сфаќа работите толку трагично каолку што ги сфаќам јас, ама прашање е до кога. Мора да се реагира.

    Многу сум загрижена, а не знам како да му помогнам. Секој совет е добредојден.
     
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.190
    Допаѓања:
    235.188
    Ариел пробај да разговарате ти или еве татко му со него, нека му објасни дека понекогаш ќе мора да се одбрани, да возврати.
    Да не ме сфатите погрешно, ама понекогаш е потребно децата да знаат и да се „тепаат“ (оваа народски кажано), затоа што како што гледаш повеќето од нив се такви, покажуваат заби, се закачаат. Малиот твој е мирен и воспитан, ама другите не се и мора да научи да се снаоѓа и во таква ситуација, инаку во спротивно секогаш ќе го напаѓаат, полека ќе стане предмет на исмевање, а тоа лошо ќе влијае врз неговиот развој. Ќе се повлече во себе, нема да сака да излегува, па затоа додека е рано сеуште нека го научи татко му да се брани, па ако е потребно нека возвраќа и тој со буткање.
    Никако не го оправдувам насилството кај децата, ама некогаш е нужно зло. И ние додека бевме деца се случуваа вакви работи, посилниот секогаш победуваше, мислам дека ме сфати на што целам ;) .
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ариел јас моите ги учам вака први да не се задевате а ако некој ве задева да се браните без разлика дали е поголемо или помало од тебе Имаше едно 3 години поголемо од моето ова е од поодамна и секој ден го тепаше моето а последно беше што начекувајки го од продавница му ги земал и парите оклу 400 ден беа отидов го кажав на неговите дома ама ништо не превземаа а и нем акој оти има само мајка разведена и после едн анедел апак го тепал на школото и моево не сакаше да оди на сколо Му викам оди ти напред јас ке бидам позади тебе коа ке го видиш кажи ми Одам позади него јас и стигаме на школо и еве ти го тоа закачкот дојди и почна да го удира по глава е кога му отидов кога му плештив еден шамар па де да видам нека се задева пак :devil:
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Ариел,обиди се да разговараш со него , објасниш и укажеш дека не е должен да трпи такво насилство.Да им возврати,но не на ист начин како тие што се однесуваат кон него туку пример нека оди на игра на зборови, односно ако тие турнат со рака,тој нека турне со збор.Ако не успее и тоа,тогаш разговарајте со родителите на тие деца,па и со директорот на школото или одговорниот каде што оди на кошарка.Ако нема успех и од таа варијанта тогаш објаснете му дека ако не возврати сега и дека ако не собери храброст подоцна може да има големи последици за него и дека другите ќе му ги користат слабите страни во животот и понатаму ќе го злоупотребуваат.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Прва добра работа и напредок е тоа што ти како родител си свесна за ситуацијата и бараш решение. Има многу родители што воопшто не ги ни интересира ова па оставаат на случајности. :)

    Е сега, според мене не знам колкаво е твоето детенце ама единствено решение е да разговараш отворено со него. Објасни му дека не само сега, туку и понатака во животот не смее да се откажува од своите соништа, желби и цели само заради тоа што на некој тоа не му одговара и дека секогаш треба да се брани па макар и физички. Колку и да звучи примитивно, понекогаш кај ваквите ситуации кај децата враќање или одбрана со физички удар е единственото решение, иако според мене тоа треба да биде последниот степен. Ќе му биде малце потешко да собере храброст да се спротивстави ама штом направи еден чекор понатака нема да има проблем. Пред се мислам дека треба да му дадеш дознаење дека културата и добрината секогаш треба да му бидат на прво место, меѓутоа и дека се си има еден праг на толеранција. И дека тие две работи не секогаш треба да бидат на прво место по секоја цена. Мислам дека малце ќе му биде потешко тоа да го сфати од причина што ќе му биде чудно како сега одеднаш ти му говориш нешто спротивно на тоа од претходно ама со упорност ќе сфати.

    Всушност кога убаво ќе подразмислам сите сме се нашле некогаш во ваква ситуација, помалку или повеќе. Не е страшно ама треба на време и на почеток да се реагира, зошто како поминува време станува се потешко.

    ilipili мислам дека е лесно Ariel да отиде кај родителите на другото дете или кај професори или тренерот и да се пожали на ситуацијата. АМА каква поука ќе извлече детето, дека секогаш кога ќе му притежи мама е тука да ја реши ситуацијата и нема да знае да се одбрани.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Машко мислење се надевам е добредојдено .Сите деца поминуваат низ една таква фаза каде што на некој начин се малтретирани психички и физички од свои врсници .. (се разбира да не се надминат границите на толеранција ).Проблемот што го имаш Ариел е сериозен :!: и треба да се навлезе постепено и темелно да се искорени.Не станува збор за насилникот само туку и за твоето дете.Знам дека како загрижен родител ( нормален и културен ) несакаш работите да се решаваат насилно ...Не препорачувам да менува спорт поради овој проблем (посебно не спорт што не го сака колку да се одбрани ) .Внимавај твоето дете до каде му е границата на толеранција бидејки како непишано правило е да му пукне филмот и да направи некоја беља (што не е посакувана ) па да се кае ..Мора да се изнајде причината за конфликтот (при разговор одоколу ) што го иритира насилникот ..Последната опција е тренерот !Он е педагог и се разбира дека мора да изнајде начин да ги вклопи како тим ,доколку и од него не се добие некаков резултат има родители тоа дете (зависно на која возраст е детето не секогаш родителите можат да влијаат на таквите деца но барем ке се обидат ).Без разлика на годините на детето непријатно ке се почувствува родителот да застане на негова страна (пред сите ) .Ако нема решение и не се смири насилното дете со опомени од синот твој превземи мерки со тренерот и родителите други без да гледаат сите деца .Така они нема да знаат што се случува и каква стратегија правите а резултатите ке бидат видливи сигурен сум .Макар и со телефонски разговор со тренерот или родителите може да се најде начин да се спречи таквото однесување на немирното дете .
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Предлозите што ги кажувате за разговор со детето или родителите се во ред но најчесто нудат само привремен резултат а родителот не може ни физички стално да му биде заштитник на детето. Најдобро и трајно решение е детето само да знае да се одбрани инаку секогаш ќе има ниска самодоверба и ќе живее во страв од (нечие) повторно изживување.

    Да се спротистави и да биде истепано нема некоја поента но да се спротистави и веќе никој да не смее да го закача и те како има ефект.
     
    На sofijanoka, Peppermint, Umbrella22 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.336
    Ви благодарам за советите.

    Јас секогаш сум го учела дека не треба да почнува прв да се тепа, но дека треба да се одбрани ако некој друг почне. Само кога ќе размислам, немало многу ситуации во кои требал сам да се брани. Немаше проблеми ниту во градинка, ниту во училиште, но отсекогаш се дружел со помирни деца. На дополнителни активности и дружби е речиси секогаш со сестра му, а таа е постара и го чува како бубреже во лој :D . Ова е една од грешките во воспитувањето кои ги имаме направено - воопшто не е самостоен затоа што сестра му му ги решава сите проблеми.

    Се договоривме дека ќе почне да оди на часови за самоодбрана, а ќе продолжи и со кошарката. Не сакам да го отпишам при првата криза, но ако работите се одвиваат на полошо и по неколку месеци, сепак ќе го отпишам додека малку му зајакне самодовербата. Се надевам дека ако дојде до отпишување, ќе успеам да го проценам вистинскиот момент.