Агресивно однесување кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 31 јануари 2011.

  1. detelinka123

    detelinka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2014
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    88
    Здраво мајки, би сакала совет од вас. Имаме мака со поголемиот син, има 3 години, почнува многу агресивно да се однесува. Некогаш знае од ништо да го бутне, искубе или гризне брат му, а исто и нас знае да не нападне. Почна да оди во градинка, но и таму истото го прави, учителките не можат ми минута да се тргнат од него, непредвидлив е, си игра до децата и наеднаш му доаѓа да искубе некое девојче или да гризне некое дете (до сега неуспешно, учителките го спречуват). Страв ми е за понатака, нормално ќе реагираат родители, но не сакам да го отпишам од градинка посебно заради што е дете со заостанување во развојот и му е потребна средина со врсници за да дојдеме до некој напредок.
     
  2. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Внук од мој брачед живее во англија исто се однесуваше агресивно во градинка на скоро полни 3 години. Од градинката им наложија да посетуваат 6 месеци дефектолог поради хиперактивното однесување ако сакаат да продолжат да го носат во градинка. Наводно се потсмирил сега.
     
    На mal.ecka и detelinka123 им се допаѓа ова.
  3. Mommyysk

    Mommyysk Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2021
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Јас го имам проблемот као ти. Имам син 3 год е, оди во градинка, ама денес почнал да ги бута децата, да ги штипе, кубе.. Ми кажаа воспитувачките, кажав дека идеме на дефектолог, ама се загрижив. Им реков не знае да си игра со деца, затоа го пуштам да се социјализира малку. Па во понеделник треба да одам на разговор во градинка, не викнаа.. Загрижена сум многу. А да напоменам, нњ јаде ништо во градинка, дали се трудат којзнае.