Здраво драги членови, Доколку има сличен наслов го замолувам админот да ја избрише групата. Според психологијата (колку што јас знам) еден од подобрите работи е само-рефлекцијата. (поправете ме за зборот доколку не е така. се обидувам долги години да пробам да го решам проблемот со себе , кои веќе неколку години е присутен во мене. Со месеци сум на психотерапија, групна терапија итн. нажалост сум најверојатно неспособна или неспремна да променам некои работи на својот карактер. Пред да дојдам на главното: -свесна сум дека морам да се променам ЈАС, другите околу себеси не можам. -сум од многу дисфункционално семејство со психично и физичкл насилство -живеење во лоши услови (без струја со месеци итн.) -дете што дознава дека има посвоена сестра на 14 години, која ја запознава после долги год т.е на 23 години лично -до некаде и силување имало од машка страна итн. Мојот главен проблем што е следниов, неконтролирање на однос во тек на врска, со партнерот. Поточно: кога дознавам дека ме лаже зад грб за други жени, голи слики на телефон додека бевме заедно, симнување на датинг апликации додека бевме во прекин (во време на мојата бременост) . Од моја страна кога некој почнува да ме измејава уствари да ми се смее во фаца, и ме прави мене крива за сите настани т.е ме правеше ( не е една врска, станува тука збор за 2 врски) кои беа долги и озбилни. Доаѓа во мене невидена неконтролирана агресија зошто спротивниот пол упорно укажува дека сум тешко болна личност, префрлување за се на моја кривица итн. Доколку дојде до извинување или спуштање на топката , јас се смирувам али кога ќе почне со тоа ‘претеруваш’, ‘сите мажи сакаат да имаат други голи жени’ во телефонот (девојчето е иначе професионална проститутка до која што мојот претходен партнер повеќе пати бил). Не осудувам проститутки и тоа е работа не ме сфаќајте погрешно. он ме казни мене со ќутење, и тоа дека сум му ја набивала главата со проблеми и еднаш веќе засекогаш да сфатам дека ме сака, али морам да прифатам такви работи. Што јас не би ги прифатила. Му реков само дека сакам да си ја оладам главата и 1 недела нема да се видиме, он беше ладнокрвен и ми рече договорено. Тогаш пукнав од не знам што, дојде до гребење, шамар од моја страна напоменувам, за кое нормално се каам ( и он возврати) што е и нормално. Не се случува ова првпат да повторам. Психологот мој сматра дека имам депресија манична. Диагнозата од нејзе уствари не е ни баш потврдена. Доколку знаете некој психолог кој е професионален за вакви работи ве молам за контакт. мислење и критика се доброволни. Се срамам самата од себеси искрено. Фала многу за одговорите однапред.
Здраво! Јас сакам прво да те прашам некои работи: -Дали и друг пат си имала ситуација каде што си изреагирала со физичка агресија кон другиот? Или ова било првпат? - Ако имало и други вакви реакции од твоја страна, што те испровоцирало на тоа? -Дали често ти доаѓа наплив на негативни емоции како бес и лутина, како вулкан да речам?
Да посетиш психијатар и психотерапевт(не психолог) заедно со твојот партнер или евентуално сама. Веројатно ќе ти требаат и двајцата.
Ќе си баталиш психолог кој си нема поима од животот, и ќе си најдеш некој кој ќе те посочи искрено, а не само колку да те исклука со апчиња. После, ќе отидеш и ќе си изгуглаш reactive abuse, и сметам дека ќе се пронајдеш себе си тука и состојбата, а не дијагнозата. Сосема нормално е да пукне човек кога некој те лаже, манипулира, понижува, во очи те гледа и те убедува дека си луда, дека си замислуваш и дека ништо со очите што гледаш и со душата што осеќаш не е вистина, а он е правиот. Сигурно имаш и трауми и потисната агресија од детството, што лесно и успешно се регулира со психолог, самоспознавање и најважното - време.
-Дали и друг пат си имала ситуација каде што си изреагирала со физичка агресија кон другиот? Или ова било првпат? Со него втор пат. Секој пат кога ме казнува со ќутење. На пример најдов искористен кондом кај нас дома, кои не е од нас двајцата. Тогаш на пример. Контакт со бившата , телефонати од неколку саати без да ми каже него само да кажува дека јас сум за се крива и за лечење. Во главном 2 пати. Кога останав бремена, рачуници колку бебето ќе го кошта (до влажни марамици, пелени броење колку се потребни месечно). Тогаш исто. со бившиот истото беше, му ѕвонеа жени по цела ноќ на пример тоа кај него. Одеше на одмор со сите освен со мене итн. 3-4 пати углавном. - Ако имало и други вакви реакции од твоја страна, што те испровоцирало на тоа? лаги, манипулации, смеење во фаца кога си крив итн. -Дали често ти доаѓа наплив на негативни емоции како бес и лутина, како вулкан да речам? само во овие ситуации, по природа сум многу хармонична личност и има со мене смеа и шала. Освен тоа не сум и баш дете, него жена со завршен факултет и скоро постдипломски.
@izgubena:) процесот на промени трае многу долго. Особено ако си имала такво тешко детство со големи трауми. Не знам колку време работиш со психолог ама за промена ти треба барем една година. И искрена макотрпна работа на себе. Веројатно имаш и одбрано партнер кој не ти е соодветен. Ако имаш манична депресија тогаш веројатно ти треба и психијатар на почеток за да почнеш малку и со лекови да ги смириш првичните симптоми. За добри психолози Алтернатива, Психотерапика, Советувалиште за Хумана соработка. Ова ти го кажувам како психолог.
Не знам како да ти помогнам за сите прашања кои ги постави, ама човек кој те "казнува" со ќутење кога ќе му ставиш до знаење дека згрешил, не е добар човек, особено не партнер... Исто така мислам дека треба да посетиш психијатар, освен психолог.
Благодарам на одговорите. На терапија сум од Април 2024. Се надевам дека ќе помогне и да работам повеќе на себеси.
Дали ако прочиташ по втор пат ќе сватиш дека тие партнери не се за тебе?? Посети Психијатар и шетај во природа.
Ако не се лажам ти беше шо абортираше и си отиде од гадот ? Дали се врати ? Зошто уште имаш контакт со чудовиштето(да човек шо забременил жена и прерачунивал колку кошта бебе за мене е чудовиште.) Прво треба да сс совземеш и да не дозволуваш секакви глупаци да ти ништат самодоверба со вакви работи. Уште ќе казнува со ќутење... И не ,не сите мажи имаат слики од голи жени,посебно не од жени со кои биле а дома имаат девојка/жена. Еве мм нема слика ни од гола глумица во телефон. Секако работата на себе секогаш е позитивна но имаше една поговорка ,,пред да се прогласиш себе си за ненормален провери во какво опкружување живееш "
Од ова што го објасни имам малку појасна слика. Неколку моменти: 1. Ти си интелегентна и свесна за себе и своите квалитети. Свесна си и за своите проблеми, тоа е добро, да си самокритична за да имаш драјв да целиш кон подобра верзија од себе. Но имаш и неразрешни емоции, малку си престрога во таа самокритика. Тоа те прави полесна мета за манипулиторите кои играат на таков начин што ти ја поткопуваат самодовербата. Тоа ме носи до : 2. Партнери во минатото кои се манипулатори, нарцисоидни и неверни. Обично ваквите луѓе им се залепуваат на оние кои се емпатични, спремни да помогнат, да ги стават своите потреби после потребите на партнерот, кои се несигурни во себе и својата вредност и кои не поставуваат јасни граници во односот со партнерот. Ова те молам да не го сфатиш како тоа дека инсуинарам дека жртвата е крива, дека ти си крива, туку само како објаснување зошто нарцисоидните манипулатори секогаш злоупотребуваат некој што е тотална спротивност на нив. И обично никогаш не признаваат дека се такви, наместо тоа своите лоши особини ги препишуваат на своите партнери.. Речениците дека ти си преосетливата, ти претеруваш, ти си лудата, ти си во заблуда што е реалното итн итн се баш типични за нив и се како од учебник извадени. Веројатно си слушнала за gaslighting, flying monkeys, и слични добро познати техники со кои го контролираат и манипулираат партнерот. (Ако не ти се познати, провери ја Dr Ramani на Јутуб, има цел канал за оваа тема) За ваквите нездрави релации, најдобар лек е да се оддалечиш од таков партнер. Да го оставиш. Не знам дали си со него уште, некогаш ова е потешко да се изведе отколку да се каже... 3. Некој пиша дека нормално е да се јавува негативна емоција кога некој те лаже, ама мислам дека и самата си свесна дека твоите реакции се нешто off, нешто што не ти е својствено и затоа бараш мислење. Гледаш дека ти се повторува во точно одредени ситуации - кога другиот нема обзир кон тебе. Причина за ваквиот излив на бес и лутина можно е да биде твој потиснат бес заради траумите од детството. Односот на родителите кон тебе, односот нивен меѓусебе, сето тоа многу влијае на психата на детето. Заради тоа што некои ситуации предизвикале силни негативни емоции кои за личноста биле премногу тешки за да се справи со нив би моментот, биле overwhelming, остануваат потиснати, не манифестирани, нерасчистени, не се процесирани едноставно како што треба. После долго време, во ситуации како што ги спомена, со партнер или други блиски кога се осеќаш лошо третирана од нив, тој бес се манифестира поинтензивно и агресивно. Ова е нешто на што баш треба да поработиш со психолог и што влече корени од минатите трауми. Ќе ти помогне да ги разрешиш тие емоции на лутина, вина, бес и др. на поконструктивен начин. Еве едно убаво видео од еден канал што го следам на кој се објаснети многу психолошки проблеми на едноставен начин. Ова е конкретно за оваа тема:
Не вреди ни да го мислиш ни да го премислуваш а уште помалку да разговараш со него. Убаво ти објаснила @Cosmic Girl каков и што е типот. Ако се вратиш во контакт може да те убеди да му се вратиш не потклекнувај. Исчисти ја траумата и од него и од абортусот пред да почнеш нешто ново. И секако со поголеми стандарди да е не дозволувај да ти се лепат вакви.
Добро што си заминала. Само имај на ум дека иако е добро да не се заборават нештата што сме ги научиле од лошите искуства и врски, не е пожелно да мислиш на нарцисоидниот бивши партнер и да го преанализираш. И тоа е сеуште некоја твоја ментална и емотивна инвестиција во некој што не заслужува толку од твојата енергија. Не дозволувај и после раскинувањето да си преокупирана со него. Прифати дека не е вреден за твоето внимание и насочи се само на она што ти е тебе потребно.
Што е тоа донекаде имало силување? Што значи? Кој ти го направил тоа? Сегашниот? Бившиот? Партнерите што си ги опишала се одвратни, рекоа чудовишта, да, и батали ги. Намерно ти уништуваат самодоверба за да те манипулираат.
@Tanjamm знам дека си со добра намера што прашуваш ама мислам дека пишала колку што сакала да пише. Те молам не го сфаќај ова како критика некоја. Јас не сум ниту нечиј адвокат секако таа самата ќе си одговори, само сакам да сме внимателни. Зошто некогаш евоцирањето на трауматичното искуство значи повторно преживување на тие негативни емоции за тој што го преживеал. И самата членка рече дека секој ден се навраќа со мислите на преживеаното, што не и помага да го надмине проблемот. Битно е таа да зацели од траумата, не да ја преживува повторно. Подобро е да се праша некој што имал вакви трауми дали сака или дали има потреба да си се искаже за нешто.
[QUOTE="Tanjamm, post: 7387773, member: 46851]Што е тоа донекаде имало силување? Што значи? Кој ти го направил тоа? Сегашниот? Бившиот? 3 братучед
Благодарам во секој случај за советите. Почнувам од наредната недела и групна терапија . Многу сум среќна и задоволна од мојот психолог искрено, некогаш се прашувам кој има нејзе да ја праша како е, зошто цел ден нас (пациентите) со различни приказни не слуша. искрено порано не бев ваква, не можам да кажам бесчувствителна али построга така да зе наречам но во последно катастрофална емпатија. Дури самоуништувачка. Ми се деси случка во местото кај што жувеам секој ден минам пред општина, и таму имало едно дете околу 18 години да речеме и секој ден ме гледало (јас не го имав искрено приметено), и отидов до интернет кафе да копирам нешто и ми приоѓа еден човек и ми вика молим те брат ми сега ќе го донесам само речи му дека имаш дечко и дека си зафатена. кога чекам јас пред интернет кафето и иде дечкото со брат со инвалидска количка на кислородна подршка и ми кажува дека многу му се допаѓам и дека би сакал да ме запознае и да бидеме заедно (дечкото беше со посебни потреби). Се скинав. Можеби е тоа што имам мајка која е инвалид и нема да биде уште долго жива. Не знам ете како и самата станав оваква. Ќе биде се. Фала за одговорите.