Адам Мичел Ламберт (англиски: Adam Mitchel Lambert) (роден на 29 јануари 1982) е американски пејач, текстописец и актер од Сан Диего, Калифорнија. Во мај 2009 година, тој завршил како финалист на осмата сезона на American Idol. Што мислите за него?дали мислите дека ќе постигне огромна слава или тоа што е геј ке влијае на неговата кариера ? ? ваши мислења и коментари
Многу ми се допаѓа Whataya want from me од него. Искрена да бидам само таа и ја имам слушнато Сакав да искоментирам дека нема врска каква е сексуалната определеност на пејачот/пејачката, она што е битно се неговите песни. Барем за мене е така. Не ми пречи што е геј, само нека прави добри песни како оваа што ја спомнав Мислам дека скоро сите го делат ова мое мислење (освен некои хомофобични личности)
If I Had You и For Your Entertainment ми се омилени од него (покрај What Do You Want From Me). Мене ми е многу симпатичен и баш ми е срцка, ама штета што е геј Инаку се запрепастив кога во една интервју прочитав дека идол му е Бил Каулитз од Токио Хотел : "Adam Lambert has a crush on Bill Kaulitz"
Одaмна му го имам преслушано албумот и омилени песни ми се: What do you want from me, If I had you, Fever, For your entertainment, Time for miracles...
Тотало се слагам со тебе,не е важна сексуалната определеност, само што во едно интервју тој изјави дека кога го најавуваат тоа геј било секогаш напрет...The openly gay singer Adam Lambert,исто така дека не сака луѓето да го дожививаат како геј туку како пеач.. би ти препорачала да му ги слушнеш и др песни.многу му се убави поз
Адам Ламберт е една од најперспективните звезди на Америка во моментот. Според мене единствен наследник на Фреди Меркјури. Дечкото е едноставно фантастичен, таков распон на глас, такви настапи, изглед , се комплет што треба да има, има. И тоа уште на почеток на кариера, алал да му е. Го гледав Американскиот идол кога тој беше еден од учесниците, и за жал, сеуште постојат стереотипи и хомофобија па и вотаква демократска и напредно општество како Америка, и многу тактички му беа објавени слики во компромитирачки пози и drag queen изданија, и тоа беше и единствена причина зошто не победи. Кратко и јасно. На албумот на мое лично задоволство има песна од Matthew Bellamy од Мuse, која Мett несебично му ја даде, гласот на таа песна му е http://www.youtube.com/watch?v=5XOlGFpFxpc Инаку, за Адам , еден од најпознатите и најпризнаени британски музичари, Брајан Меј беше фасциниран од гласот и самата појава на Адам, што уште за време на идолот даваше изјави за него, а на финалето настапи со Queen, ( Brian May i Roger Taylor)и заедно со Крис ( дечкото кој победи) ја изведоа We are the champions. Адам имаше апсолутна доминација на сцената Да не зборам на памет, еве некои настапи. Сите што сакаат рок, знаат што сакам да кажам http://www.youtube.com/watch?v=0BiegN4-iT4 http://www.youtube.com/watch?v=PfR0JGWX62E http://www.youtube.com/watch?v=tE4Nl1-Fq5Y http://www.youtube.com/watch?v=DE8C1Th9iaU Enjoy!!
Не го слушам многу. Знам само 3 негови песни What do you want from me For your entertainment If i had you Инаку има убав глас и симпатичен е
Во лик не ми е симпатичен. Ич. Ме потсетува на Бил од Токио хотел, а него го сметам за исчупана кокошка. Ја знам сам Whataya want from me, и доста ми се допаѓа песна. Ја слушав по 10тина пати на ден, но ниту една друга песна не му знам. Има вака фин глас, може ќе слушнам уште нешто колку да не сум на една песна.
Ми се допаѓа како пее.Преубаво ја испеа песнава во финалето http://www.youtube.com/watch?v=47iU6wcW-Dk
Има јак вокал тоа не можам да го оспорам,има и ок изглед,се труди да биде поразличен од другите.И јас знам малце песни од него,се разбира What do you want from me ми беше хит коа искочи,се надевам ќе има успех иако у Америка секој ден веќе се појавуваат слични на него!
Има многу јак вокал ама на изглед не ми се допаѓа многу. Омилени негови песни ми се : http://www.youtube.com/watch?v=TZACqNnO9-E http://www.youtube.com/watch?v=wmXQFwlD ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=OgYtZD0cHck
Веројатно единствениот кој е попопуларен од победникот на американскиот идол таа година, бидејќи искрено јас не се ни сеќавам кој победи - знам дека беше помеѓу него и Адам Ламберт и - како и 90% од светот го знам токму Адам Ламберт. Ми се допаѓа неговиот глас и What do you want from me, му го преслушав албумот, ама остатокот од песните некако не ме воодушевија. Како да не му го погодиле толку стилот, има од се' по нешто и на крајот едно големо НИШТО. Но, млад е, има доволно време да се пронајде и реализира. Мене ми е интересен. Ова ми е најдобрата изведба од идолот. http://www.youtube.com/watch?v=PfR0JGWX62E
Еххх само колку го сакав кога ја почна кариерата. Сега немам слушнато многу за него, да не ја видев темата немаше да се сетам на него..
Неам пишано на темава,пу срам да ми е Ми се допаѓа човекот.Имам гледано интрвјуа од него и стварно ми се свиѓа како размислува,а и на изглед не е лош И шо ако е геј,пак има цела армија женски шо лудуват по него Знам поголем дел од песните негови.Омилена For Your Entertainment ама убави ми се If i had you,Whataya want from me,Cuckoo,Runnin и др.Иначе од тоа шо Адам го симпатизира Бил од Токио Хотел заклучив дека јас и Адам имаме ист вкус за момци Спојлер Јас за Бил ѕвезди симнувам