1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адам и Ева или еволуцијата?

Дискусија во 'Религија' започната од LoVeR, 2 јули 2011.

  1. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Не знам зошто ама веќе подолго време во умот ми се врти ова прашање и никаде одговор нема а никој не знае ни да ми каже,а јас упорно го барам одговорот...Па решив ајде девојки вас да ве прашам што мислите вие,како настанал човекот од Адам и Ева или со еволуција(од мајмунот) ...Јас повеќе верувам во Адам и Ева....ама и ова другото не ми е јасно зошто на пример сега мајмунот не станува човек... :^)
    Можеби изгледа темава глупава ама ако сакате пишете ваше мислење.. |(
     
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Па убаво си знаеш, никој не знае да ти каже ниту пак ќе може во скоро време да ти каже. Тоа се теории и верувања, секој различно си верува, според себе како му е најлогично, па и ти исто така не се измачувај па кое најмногу ти одговара во тоа си верувај ;) .
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  3. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Јас верувам во еволуцијата.
    Маллце ми е бесмислено настанувањето од Адам и Ева.
    Од ребро :^)
    Знам прикзана како настанале од мајмуни ама незнам ни тоа колку е точно :tmi:
    Порано кога немало луѓе, еден дел од мајмуните продолжиле да живеат по дрвјата, а друг дел се симнале од дрвјата и почнале да живеат на земја.
    Со тек на време почнале да градат засолништа и почнало да им паѓа крзното и така.
     
    На SunnyGirl2, Sweet Harmony, Lolo5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Во секој случај многу повеќе ја поддржувам теоријата за еволуцијата отколку настанувањето на Адам и Ева. Тоа ми е некако бесмислено и нелогично. Можеби и теоријата за еволуцијата не е 100% точна, но јас и верувам многу повеќе.
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Јас верувам во првата теорија... тоа ми се чини поедноставна, и се разбира, верувам од религиозни причини.
     
    На cresa-jagoda и LoVeR им се допаѓа ова.
  6. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    665
    Не сме еволуирале од мајмун, туку од заеднички предок -проконзулот.
    Тука е кваката што сите ја погодуваат, па затоа теоријата за еволуција не е разбрана онака како што треба.

    Адам и Ева ги бришам директива, логички ја отфрлам таа теорија.
    Не кажувам дека верувам ни во еволуција, не е научно издржана.

    Врти -сучи, секој на своето.
     
    На turquoise и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  7. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Јас искрено не верувам во целост ни во првото ни во второто. За тоа дека човекот настанал од кал или ребро, некако не ми е многу логично, ама па од друга страна и докажано е дека секој животински вид еволуира само до одреден степен. Во секој случај доколку би бирала, малку повеќе верувам во еволуцијата.
     
  8. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.645
    Допаѓања:
    4.513
    Пол:
    Женски
    Еволуција :!: верувам во науката не во религијата
     
    На Angelllla му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Мене и двете теории ми се бесмислени, а поготово за еволуцијата, дека човекот настанал од мајмун |( , ни двете не се сигурни, впрочем никој незнае како настанал човекот, па во однос на тоа не би можеле да тврдиме за нешто за кое не го знаеме одговорот, се е до верувањето ништо друго.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Јас би да се држам до Адам и Ева (повеќе до Адам него до Ева :D :P ), ма колку сака Дарвин нека се лути и нека се превртува во гробот. Не сакам да мислам дека некој си мој прапрапрапра....n-пати ПРАдедо бил мајмун. Не не :shake:
     
  11. fatbeautiful

    fatbeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    58
    Па,по малку верувам и во двете никогаш во целост.Али што и да се случило и од што да сме настанале важното е дека денеска сме тука :D
     
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.764
    [​IMG]

    No hard feelings...
     
    На ColoursOfTheRainbow, crazyinlove19, Magnolija и 2 други им се допаѓа ова.
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.027
    Допаѓања:
    4.530
    Пол:
    Женски
    Ниту едното ниту другото. ИЛи и од двете по малку. Значи во записите на Сумерите убаво е објаснато дека човекот е настанат како резултат на генетска модификација од некоја друга цивилизација. Дури и името на докторот е споменато.
    Во еволуцијата не верувам ете зошто. Значи и ден денес како резултат на генетски грешки се раѓаат деца со крила или сирени мегутоа одма се убиваат уште неродени. Порано не се убивале ама умирале по некое време. И пак се доаѓа до тоа детско прашање
    Ако ние сме настанале од мајмун зошто ни еден мајмун не станува човек?
    Ете нека му се случи една генетска грешка на мајмунот и да се приближи малце повеке до човечкиот род. Плус тоа не е мајмунот тој кој има најблиска ДНК со луѓето туку свињата.
    Дали тоа значи дека сме настанале од свиња??


    Значи како настанало човештвото е една мистерија која ја знаат мал број луѓе во светот. Ако се дознае тогаш ке ги снема религиите во светот а токму религиите се тие што не делат нас луѓето и што овозможуваат да бидеме манипулирани. Со развојот на науката било потребно нешто што ке им ја затвори устата на оние кои не веруваат во религиозната теорија за настанокот на светот. Токму тогаш била искористена Дарвиновата теорија. Дарвин рекол дека сите посложени организми настанале од попростите. Но Дарвин не рекол оти ние од мајмуни сме настанале. Туку тоа го искористил некој за да ни го испере мозокот. Затоа не е ни чудо што никаде ги нема плочите од Александровата библиотека, Сумерите, Египјаните. Ни оставиле само неколку епови колку да не залажат.
     
    На MaTo и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    Башка ниеден мајмун мажјак нема едно ребро помалку од левата страна. А што се однесува до коментарот погоре, кога светот во поголемиот дел нема да биде мистерија за сите научници, тогаш ќе размислам пак.
     
  15. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Знам дека прадедо ми ја карал баба ми ако кажела дека човештвото е настанало од мајмуни, што така ги учеле од школо, а не од Адам и Ева.

    Така да, наметнато ни е сфаќањето дека сме настанале од Адам и Ева, така не учеле по дома. И религија е една работа, науката е друга.
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    Религијата не се наметнува. Таа е личен избор, можеби коа те крстат не те прашуваат, ама кога ќе си зрела личност со изграден став, никој не може да те натера да одиш во црква, да се молиш пред спиење, и т.н. ако ти самиот не го сакаш тоа. Познавам многу патријахални семејства воспитани во духот на христијанството, а имаат деца атеисти.

    Науката е наука и јас ја почитувам, ама уште нема доволно одговори на моите прашања за да ја ставам пред религијата.
     
    На Angelllla и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. SieIstDieSonne

    SieIstDieSonne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    72
    еволуцијата е научна теорија која ја користат многу научници, и пред се биолозите. на земјата и биле потребни десет милијарди години еволуција пред да биде возможно создавањето на било каков живот :!: и факт е дека сите живи суштества се менувале со текот на времето, бидејќи се пронајдени нивните остатоци, таканаречени фосили. како што еволуирал човекот, така еволуирале и сите други живи суштества (затоа и постојат 1 000 000 видови на инсекти и 10 000 видови на птици..) и за крај, еволуцијата е основа на модерната биологија, што значи дека ништо во биологијата не би имало смисла без неа!! :geek:

    па да одговорам на прашањето: да, еволуција :f: а додека сум на темава, ги имате гледано овие? ги прашуваат натпреварувачките на Мис Америка дали еволуцијата треба да се предава во школо :fubar:

    http://www.youtube.com/watch?v=UkBmhM0R ... re=related

    а ова е пародија на оригиналното видео :lol:
    http://www.youtube.com/watch?v=9QBv2CFTSWU
     
    На turquoise му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Еволуција дефинитивно, но не од мајмун. Со Адам и Ева има многу нелогичности, директно кои одат против тоа што самата религија го преповеда.

    Секој организам е подложен на мутации во текот на животот, милиони мутации. Самиот човек се менува низ годините, веројатно и сегашниов вид понатаму ќе се промени. Сега како што идат генерациите, посебно кај девојките се заприметува поголем раст општо на целото тело, на екстремитетите, дланки, стапала итн... Порано луѓето имале поиздолжен и посплескан череп, сега имаме повисок и поизразен. Вилицата претрпела исто голем број на промени, порано била подспуштена сега е малку подигната. Тоа се малечки работи, но кога ќе се сумираат и кога ќе се споредат си милијарди години наназад, се добива логика. По милијарда години можеби луѓето ќе имаат поинаква форма на рбет затоа што се подолго и подолго се седи на столица и пред компјутер.

    Исто се верува дека порано мажите имале исто ХХ хромозоми, и дека со текот на времето едниот Х мутирал во Y, носејќи пропратно места на истиот кои неможат да се парат со местата на Х.

    Така да, сегашниот тип на човек е дефинитивно резултат на мутации, во споредба со човекот пред милијарди години. Веројатно тој човек бил мутант на некој друг организам... А како настанал првиот организам, опстоил и се размножил, тоа никој не знае и нема да се дознае.

    Адам и Ева теоријата е смешна, биолошки невозможна. Претпоставувам дека е создаден со судар на материја и антиматерија и емитирање на 2 гама кванти, ама па размножувањето е главен проблем тука.
    И подобро што не се знае, според мене.
     
  19. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.224
    само кратко ќе кажам- ЕВОЛУЦИЈА!
     
    На Angelllla му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Кои се тие луѓе? Јас мислам дека никој во светов не знае како настанало човештвото, па да го залажува цел свет со религија, религијата не е нешто ново, а ако некој вели дека знае како настанало човештвото, лаже, сигурно.Науката вели едно, а религијата друго, а дали е вистинито нивното тврдење е индивидуален избор на човекот во кое од нив ќе верува.