1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адам и Ева или еволуцијата?

Дискусија во 'Религија' започната од LoVeR, 2 јули 2011.

  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Еднаш на факултет ја отворивме темава сосема случајно, па една професорка објаснуваше дека Адам и Ева прво имале двајца синови, а подоцна и неколку ќерки...А после се појавиле и некои други луѓе на другиот крај од светот :!: :?: :lol:

    WTF? Како се појавиле луѓето? Од земја никнале?
    Или синовите и ќерките на Адам и Ева се размножувале и сега сите сме инцести?

    Почна да се смее на прашањава, па и таа сама не веруваше во тоа што го зборува... а и немаше некое посебно логично објаснување. (сепак не и е темава по професија, но се отвори дискусија).

    И јас би сакала да слушнам за ова.
    :?:
     
    На Someonespecial и Ketchup им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Сум слушнала аргумент од верници кои ја отфрлаат еволуцијата, дека не е можно „од ништо“ толку совршено и избалансирано да се создадат сите живи организми, планините, реките, морињата итн. А како ви е логично за само 7 дена навистина да се создаде цела природа, со толку огромен напредок секој еден ден, како што има линк на претходната страница? :)
     
    На Gosh, Lella, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Само 3 се именувани но имала и повеќе. Тие биле телесно совршени без мутирани гени и слично па затоа не треба да не загружува инцест проблемот нас кои веруваме во тоа. Инаку и јас бев еволуционист до пред некое време но се сменив.
     
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Не го сфаќај тоа што те цитирам како напад, затоа што не е - едноставно, интересно ми е да дискутирам со тебе. :)

    Кога сме веќе кај прашањето „Што е живот?“, за кое велиш дека не те задоволуваат одговорите на биологијата, филозофијата и науката генерално, те прашав кој е одговорот кој Библијата го дава на прашањево, а тебе ти е пологичен.

    Прашувам, затоа што ја имам читано Библијата и сметам дека имам барем скромни познавања од неа, а одговор на твоево прашање во неа не сум сретнал - барем не директен.

    Кој е одговорот кој Библијата го дава на прашањето „Што е живот?“

    Ако веќе си решил да веруваш во нешто a priori - во случајов, во христијанството и во Библијата - несомено дека ќе успееш да најдеш рационализација за секое тврдење изнесено во неа.

    Да, сите елементи од кои е создаден живиот свет на Земјата се среќаваат на планетата Земја (логично, нели?), така да, од тој аспект, тврдењето дека сме настанале „од земја“ има логика. Од друга страна, ќе имаше логика и тврдењето дека сме настанале од вода (затоа што 50-75% од нашите тела е всушност вода) и дека сме настанале од воздух (пошто нели, ѕвездите и космосот) и тврдењето дека сме настанале од ништо (Big Bang и све тоа). Ако доволно сакаш, све можеш да рационализираш. :)

    Проблемот со рационализирањето на ствари во кои се верува a priori најчесто се прави со факти откриени a posteriori - у смисла, науката покажала дека нашето тело е изградено од органи, кои се изградени од ткива, кои се изградени од клетки, кои се изградени од молекули, кои се изградени од хемиски елементи - за да на крај твојата рационализација на еден прост исказ како „Бог го создаде човекот од земја“ биде - ете, Библијата е вистинита, затоа што елементите од кои е изградено човечкото тело се содржани во Земјината кора.

    Луѓето верувале дека исказот од Библијата „Бог го создаде човекот од земја“ е вистинит уште пред да знаат за постоењето на хемиски елементи и молекули - само што порано го рационализирале тоа на друг начин.

    И кога сме кај рационалноста на приказната за Адам и Ева, во Библијата има 2 различни приказни за настанокот на човекот.

    Во Првата книга Мојсеева (1:26-27) пишува дека Бог ги создал првите луѓе истовремено - и мажот и жената:
    Од друга страна, во истата книга (2:7-23), има доста поинаква верзија на создавањето:
    Бог го создава прво мажот, па решава дека му фали „помошник“ у животот, па му ги носи сите животни за Адам да им даде имиња, па откако не си одбрал помошник меѓу животните, се решил од неговото ребро да ја создаде Ева.

    Не знам кој е твојот став за овие две бајаги различни приказни за буквално истата работа, ниту пак гледам како е било што од нив поиздржано од еволуцијата, т.е., не гледам никаква поврзаност помеѓу приказните за создавањето и еволуцијата.
     
    На theowndemon, Lella, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Самиот ПАПА рече дека човекот е настанат преку еволуција, а ова со Адам и Ева не е точно.

    Првиот човек кој треба јавно да тврди дека е точно ова со Адам и Ева, тој го тврди спротивното.

    Како да веруваш после во овие нелогичности за синовите и ќерките на Адам и Ева?
    Колку и да си верник, ќе го ставиш прстот на глава и ќе сфатиш.
     
    На Someonespecial и Lella им се допаѓа ова.
  6. zhu

    zhu Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2014
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Обично го користам аканутов за да прашувам мислења и совети во врска со здравјето, ама многу случајно ми се отвори темава и не можев да ве читам, а да не прекинам да се смеам.
    Страшно е тоа колку сме уназадени и конзервативни, и уште веруваме во бабини-деветини. Не ме разбирајте погрешно, јас сум истовремено верник, но и научник по професија, и навистина сметам дека постои некоја виша сила во нашиов универзум (значи сила, во некоја филозофска смисла на зборот, а не суштество со некои надбиолошки функции). Меѓутоа не можам да сфатам, до колку треба да си уназаден со сфаќањата за се уште да веруваш во ова? Зарем сеуште верувате и во штркот и во Дедо Мраз?

    Како може повеќе логика да има создавањето на Адам и Ева од „прав“ и од „реброто на Адам“ соодветно, и нивните соврешно немутирани гени (за кое патем нема НИТУ ЕДЕН материјален доказ освен Библијата секако) отколку еволуцијата за која има илјадници докази и суб-теории што ја потврдуваат истата. Еве да ви појаснам, гледам не ви било јасно како од мајмун се создал човекот. Најпрвин, тоа не се десило преку ноќ како што сугестира вашава претходна теорија, туку тоа било процес кој траел илјадници години, затоа имаме и неколку меѓу-фази (Homoerectus, Homohabilis и сл) помеѓу класичниот мајмун и човекот како Homosapiens. Тој меѓу-продукт, за да стане од мајмун во човек, бил подложен на различни приспособувања и промени, кој траеле мнооогу долго се дур не дое до својата конечна форма - модерен човек или Homosapiens. Најпрвин, започнал да се исправува за да ги дофати плодовите кои растеле на дрвајата, понатаму почнал да се групира во племиња и да размислува на некое повисоко ново со кое што почнал да ги развива мозочните ќелии, почнал да користи камења за да изработува алатки и оружја со кои што ги развил рацете и прстите итн.. да не набројувам имате многу археолошки докази за ова.
    За рајот и пеколот, тоа е сосема друга тема на која што немаме никакви докази ниту пак никакви анти-докази, затоа можеме на таа тема до сабајле да дискутираме и да ги браниме своите погледи, но факт е дека никој не знае што точно се случува после смртта (иако самата наука вели дека енергијата НИКОГАШ не исчезнува, само се претвора во друг вид на енергија, па така и енергијата од душата не може да исчезне само туку така)

    А за создавањето на свет, апсурдно е да се збори дека настанал во 7 дена и 7 ноќи или како беше таа теорија, еден обичен фетус не се создава за толку кратко време, а не па цел растителен и животински свет. Прогуглајте малце за теорија за коацерватните капки, како од групирање на неколку неоргански соединенија се создале органски соединенија, кои пак потоа се групирале во најситни форми на живот од типот на едноклеточни бактерии и амеби, а потоа во повеќеклеточни и така натаму...
    Бидете ми поздравени
    [​IMG]
     
    На Gosh, Кена Рис, makedonkamak и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Животот претставува дух даден до Бога кој кога е споен со тело претставува жива душа. И неможе да ги гледаме само директните значења на библијата. Зошто кога ја читаше библијата не ја гледаше како ја прирачник по генетика на пример, бидејќи во неа има се детално објаснето. ''Ева е создадена од реброто на Адам'' Малку да подразмисли човек ќе сфати дека денес тоа е возможно. Дали знаеш какви ќелии содржи срцевината на ребрата и што се прави од нив? Од нив цел орган може да се направи.
    Затоа Господ му прати на човекот тврд сон; па кога заспа, му зеде едно ребро, и местото го пополни со плот.
    И Господ Бог создаде жена од реброто, што го зеде од човекот, и ја доведе кај човекот.
    А човекот рече: „Еве сега коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека ѝ биде името жена, зашто е земена од мажот!”

    Затоа Господ му прати на човекот тврд сон - анастезија
    реброто, што го зеде од човекот - операција
    и местото го пополни со плот. - корекција или пластична хирургија
    Буквално целата библија може да ја докажеш со научни факти експерименти и слично кои произлегле од еволуционисти.. Само што на човекот за жал многу полесно му е да верува здраво за готово.

    Неможам да верувам дека човекот настанал од мајмун само затоа што физички е сличен со него, ако е така повеќе сличности имаме со инсектите.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Не верувам во Адам и Ева. Повеќе верувам дека сме измутирани мајмуни неголи дека сме од кал па ни е вметнато душа...
     
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ни кажуваш да прогугламе а велиш си научник, обично не велат така научниците туку даваат докази и факти кои се уверливи..
    Сликава е креација на уметник и сеуште нема доволно докази еволуцијата за ова дури и тие што ги има може да се побијат исто со научни факти да не мешаме религија ако сакаш.
    [​IMG]
    Кога животот на денешниот човек е сведен на ваква ''еволуција'' нормално дека ќе верува се здраво за готово.
     
  10. zhu

    zhu Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2014
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Па да, ти викам да прогуглаш, пошто јас ти ги дадов основните докази и факти, а ти секако ако сакаш да видиш и повеќе примери и објаснувања за истите ќе прогуглаш. А ако тебе ти се поуверливи прав и застерени верувања отколку ФАКТИ И АРХЕОЛОШКИ ДОКАЗИ, слободно, се гледа колку си ограничен во паметот... само жалосно што со вакви луѓе го делам воздухот.
     
  11. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Не сум ограничен незнам како да ви објаснам. Јас библијата ја гледам како книга од сестрана наука незнам уште колку пати да кажам. Не значи дака ако не верувам во еволуција дека сум ограничен. Пред некое време и јас бев еволуционист. Прашав што е живот никој не ми одговори, сите ми велат ограничен, неписмен, неук и слично само за да го избегнат прашањето. Дај ги фактите да видиме, да се увериме.. Научно е докажано дека елементите од кои е составено телото на човекот може да се најдат во земјата. Кога човекот умира по некое време од него останува буквално пра, тоа може да се види најдобро на мумифицираните тела. Јас со научни факти и докази ти зборувам кои се произлезени од еволуционисти а ти ми велиш ограничен сум. Па да не ти останува друго што да кажеш, тоа најлесно е. Ако си за дискусија, изволте, ако си дојдена да кажуваш дали сум неписмен или огранишен те молам да не ме означуваш повеќе. Поздрав.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Интересни мислења, браво!
    Има една книга, заборавив како беше насловот а и не ја исчитав како треба...тогаш ми беше смешна и глупа..НО, сега вака се повеќе размислувам дека можно е да има пишани вистини во неа.
    Адам и Ева не постојат, ниту еволуција..ние луѓето на овој свет сме создадени од некои виши сили, некоја интелигенција која живее на друга планета а ние сме робови, рудари, донесени на земјава како заморчиња..е тие некои си ванземаљски суштества не одгледувале тука за да ни ја користеле днк-та која на нив им била потребна.
    Интересна..но дали е само научна фантастика..хмм..јас ќе почнам да верувам во оваа трета теорија.
     
    На Gosh и Victorian им се допаѓа ова.
  13. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Незнам дали знаат дека 8% од човечкиот геном се ретровирални секвенци или ретровируси кои имаат РНК. А РНК денес се користи за генетска модификација тоест да вметнеме гуѓа ДНК во различни живи суштества.
    Среќа што тие 8% се деактивирани. Што значи дека некој го менувал човечкиот геном. А ти е сеуште веруваат дека сме настанале од мајмун. :clap: :rofl:
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  14. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Пред

    Пред некој ден прочитав дека прв пат научниците успеале да променат ген и дека тоа би било од големо значење за лекување на многу наследни болести.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Plot twist: Змијата на Адам и Ева е всушност алфа-рептилот од друга планета кој ги создал луѓето со генетски модификации!

    Well, I did not see that one coming.
    The spoke has been truthen. Illuminati confirmed.

    [​IMG]
     
    На Lianna Anna, Bender Rodriguez, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Со македонски зборови неможеш ли да го доловиш чувството што го замислуваш дека су кул во очите на другите?
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Не можам.
     
    На Gosh, Tan4ence, Vitaly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Да, но сето ова што го кажуваш е агрументирано a posteriori - откако науката ги открила стварите како операција, анестезија, пластична хирургија и сл. - затоа ти денес можеш да го рационализираш извадоков од Библијата на ваков начин.

    Ама, луѓе верувале во приказната за настанокот на Ева од реброто и пред науката да ги открие горенаведениве ствари, со таа разлика што порано тоа го рационализирале на поинаков начин.

    Муабетот ми е, ако е нешто доволно неопределено и недефинирано напишано, и ако сакаш, можеш да го рационализираш, ама најчесто a posteriori. Како пророштвата на Нострдамус - луѓето најчесто ги поврзуваат неговите нејасни описи во катрените со некој настан откако тој веќе ќе се случи. Од друга страна, ако се обидеме да ги употребиме бладањата на Нострдамус за да предвидиме нешто што допрва треба да се случи, резултатите се многу помалку импресивни.

    Сепак, ме интересира твоето мислење околу тоа зошто има две различни приказни за содавањето на човекот во Библијата - една во која Бог ги создава мажот и жената истовремено и друга, во која Бог го создава прво мажот, а потоа жената?



    И на крај, затоа што веќе ги спомна кристалите како модел за развиток на жив организам, еве ти една интересна теорија од Alexander Graham Cairns-Smith, кој ја користи глината како модел за еволуцијата.

    Врз што ја базира теоријата?
    • Глината е составена од голем број на мали кристали,
    • Секој кристал може да расте, ако се наоѓа во вода која ги содржи потребните хемиски компоненти,
    • Кристалите можат да се делат, така што кристалот-родител образува кристал-потомок.
    • Секој кристал има свои структурни особености, кои ги пренесува на своите потомци (наследување),
    • Ако се скрши, во структурата на кристалот можат да се појават промени и дефекти кои претходно ги немало (мутација),
    • Кристалите со структурни особености кои им овозможуваат побрз раст и „размножување“ ќе бидат поуспешни и ќе остават поголемо „потомство“, а оние помалку успешните постепено ќе ги снема (природна селекција).
    Интересно, нели? :)
     
    На Gosh, theowndemon, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Интересно е секако. Библијата нема 2 приказни за создавање на човекот туку таа говори дури за 7 начини. Само што треба додека ја читаме да анализираме текст по текст а не само механички да ја прочитаме.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Ако човекот е настанат од мајмун тоа значи дека цела цела Земја планета била населена со мајмуни? А тие како настане?

    Ако сме настанати од Адам и Ева би требало да нема луѓе со различна боја на кожа:?:

    Не верувам ниту во една, ниту во друга теорија, сигурно има нешто друго, а ние појма немаме
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.