Едно не ми е јасно, доколку Адам и Ева се првите луѓе, дали тоа значи дека сите ние сме еден инцестоиден производ?!?!?
Зарем треба да биде забранет или пак едноставно од биолошки, социјални и морални причини непрактикуван? Се надевам имаш сомнежи во она што го говориш.
Бог го забранил инцестот после потопот. Можеби и тоа била причината што биле изопачени луѓето па затоа имало потоп. Доволен е фактот да не го практикуваме инцестот е дека суштество родено од инцест не е како што треба дури, и кај животните.
Не. Синовите на Ное и нивните жени. Секако дека има и сомнежи во ова. Но за мене далеку поверодостојно е од еволуцијата.
Научно докажано е дека инцестот доведува до намалена фертилност, односно стерилитет. Еве да речеме дека Адам и Ева биле совршени, податок за нивното потомство дека ги наследило нивните совршености не постои, therefore нивните деца не би можеле да создадат потомство, одтука и теоријата за масовна популација на Земјата пропаѓа. Други несакани ефекти на самиот инцест се: сколиоза, расцеп на устата и нејзините структури, хемофилија, микроцефалија, џуџест раст, албинизам и др. Така да, или воопшто не би продолжило поколението или едноставно ние луѓето сме т.н мутанти.
Тие биле телесно совршени. Не претставувал проблем инцестот тогаш ниту постоеле несаканите ефекти на инцестот. Човекот не успеал да ги наследи нивните совршености поради изопаченоста. Погледни само последниве 50 години до каде стигна човештвото. Се е можно денес ама буквално, од генетско модифицирање, клонирање и што уште не. Како после ова сакаш да имаш такви совршености. Не е ни чудо што животниот век на човекот опаѓа.. До пред неколку десетици години животен век беше 100 години сега е 70 ама и 70 едвај доживуваме.
Ако сме од Адам и Ева зошто тогаш не сме сите еднакви од кај дојдоа јапонците со жолта боја, африканците со црна... Прашањакоимемачат
Животниот век е опаднат од други причини, радијација, загаден воздух, ГМО, загадување на почва, стрес, рак и ред други фактори и причинители. Нејсе, и јас сум телесно совршена, одејќи од органски систем до атом, ќе наидеш на куп нарушувања, неправилности и деформитети. Прашањето ми е, дали си запознаен/а со биохемија, генетика, општо самата биологија како функционира. И уште едно прашање, ако Господ ги создал Адам и Ева, кој го создал Господ од друга страна? За да почне нешто да функционира, треба нешто да претходи? Зарем Господ не дал разум на религиозните луѓе, да не цитираат и објаснуваат по книга?
Па поради тие работи и опаѓа животниот век кој сами си го кроиме нели тие причини самиот човек ги направил тие природно не постоеле.. Интересно прашање, и јас често си го поставувам. Бог е семоќен, тој постоел и тој создал се. Сепак пологично ми е ова од еволуцијата. Во свет во кој се треба да создадеш, еволуцијата вели дека настанал случајно така од ништо се почнало да еволуира во различни видови...Такви сложени организми како човекот, животните настанало од ништо? Не, се е создадено посебно интелигентна сила.
Прост пример, знаеш ли дека првиот коњ бил со големина колку една лисица? И тешко е да се замисли како настанале луѓето...Повеќе ми е веројатно дека сме донесен нечив експеримент, како еден вид на Труман шоу, отколку да замислувам нешто што нема никакви докази, туку се се темели на една книга. Не, нема никогаш да разберам како не барате логика, туку вашите верувања чисто и безрезервно се темелат на нечиви писанија. Затоа не сакам да дебатирам со теисти, не се водите според вашите инстинкти, туку стриктно се консултирате со она што ви го налага религијата. Нема везе, како ти чини тебе.
Незнам дали некој спомна до сега , но имаме и појава на измена и дополна на одредени списи зависно од периодот во кој се наоѓа даден податок. Некои работи се преувеличени во корист на црквата и религијата , други во корист на моќноста на даден владетел , трети за полесно да ги разбере широката маса во дадено време на (не)писменост. Не може да се даде точен одговор на одредени работи , бидејќи артефактот најден во in situ ситуација може да е распространет на неколку квадранти и слоеви , така да неретко се случува да се помисли на едно а да излезе нешто сосема друго. Поради движење на земјата неретко имаме и мешање на хронолошки слоеви , кадешто пример во исти слој имаме артефакт од рано железно време до рано христијанство , зависно нели населбинскиот простор колку пати е населуван низ вековите и која намена ја имал истиот. Па неретко имаме и принос на жртва (човечка, животинска , во редок случај и лидација ) во ѕидините на театарски коридори. Затоа се земаат мислења и литература на повеќе области со цел да се дојде до некој разумен заклучок од научна страна . Е имаме и момент кога доаѓа до појава на дупки во целата приказна поради немање на доволно литература од разноразни причини (меѓу која е и палењето до темел на Александриската Библиотека и нејзините списи , што науката од својот најголем дотогашен подем ја враќаат на ниско ниво ) за цели и корист на религија и нејзините фанатици доаѓаме до моментот дека секоја вистина е апсолутно точна во очите на дадена единка , научниците ја поддржуваат својата теорија , верниците својата замисла за настанокот на човештвото како такво. Затоа неможе да се конкретизира за одредена теорија дали е комплетно и апсолутно точна додека не се создаде реалната слика , со помош на артефакти , списи , фосили и слично што реално дава директен удар кон религијата во тој аспек бидејќи освен Библијата како запис ние немаме физички докази за постоењето на Адам , Ева , Мојсеј неговата арка и големиот потоп. Да земеме и во предвид дека во дадено време тогашните цивилизации верувале дека Атина е родена и створена во колкот на Ѕевс , што во денешницава ни изгледа и повеќе од смешно , нели ? Затоа науката детално навлегува во одредени сфери да најде некое логично објаснување кое моментално го немаме бидејќи нели имаме алка што фали , и одтука имаме потекло на теории на заговор до степен дека вонземјани си тераат експерименти и што уште не. Ама сепак во човековата природа е љубопитноста и потребата да даде одговор на се , па оттаму и потребата да најде начин да објасни некои појави во тоа време со тие информации да создаде некоја слика дека виша сила има контрола на некои работи , дури на некој начин да ја објасни својата немоќ и незнаење на одредениот начин на кој функционира овој свет , до степен на романтизирање и заплашување со приказни за настани кои можеби се случиле , можеби не.
И со бананата имаме, што незначи дека од банана сме настанале. Инаку во куче може повеќе љубов може да видиш одколку во мајмун што немора да значи дека од куче сме настанале. Човекот и пчелите се единствените кои користат комплексен јазик па немора да значи дека од пчела сме настанале.
Бананата е растение, а човекот е цицач така што растенијата и животните имаат различен еволутивен развој и тоа не се ни дискутира. Друго, нема врска љубовта на кучето со развитокот на хомо сапиенсот и дали мајмуните и кучињата покажуваат љубов. Мајмуните имаат различен карактер, емоции, љубов кон спротивниот пол, тага и притоа можат да научат јазик со симболи и нивниот начин на живот најмногу потсетува на човекот. Има многу интелегентни животни како што е на пример делфинот и папагалот, делфинот е единственото животно што користи повеќе проценти од мозокот отколку човекот ама нивниот развиток е во сосем друга насока од нашата, тие се цицачи во вода. Имало различни видови на мајмуни, исчезнати во текот на развитокот додека други пак се разиле во човеколики мајмуни како што се шимпанзата, орангутаните и горилата. Има многу различни теории за настанокот на човекот, можеби сме настанале од некој предок кој сега е изумрен и најблиску сме еволутивно до мајмуните.