Според Чарлс Дарвин и неговата теорија човекот е потомок на мајмунот. Според религијата, и како што пишува во Стариот завет, првите луѓе на светот се Адам и Ева (која е направена од Адамовото ребро). (како што рече и Хипица) Дарвин колку сака нека се превртува во својот гроб, но јас цврсто стојам до она што го кажува религијата...Не ми е сватливо тоа дека сме потомци на мајмуни, како се претвориле тие во луѓе бе ?.... Но сепак секој има право на свое мислење, и до личноста е дали ќе ја поддржи науката или религијата...
Тоа се истите оние луѓе кои владеат со светот. И баш религијата е најмоќното оружје во светот. Такво луѓе постоеле уште од кога се пишувала Библијата. Има докзи дека Библијата е базирана на тоа што стварно се случило некогаш и намерно е напишана во таква форма за да се скрие вистината. Кога пред некоја година научниците од ЦЕРН со акцелераторот дадоа една теорија за тоа како настанал светот, нивниот исказ во потполност одговараше со напишаното од еврејската религија за тоа како настанал светот. Мистерија е како тие луѓе тогаш знаеле за толку мали честички. Има дешифрирано илијадници плочки од Вавилонците и Сумерите кои во јавноста не смеат ни да се спомнат. Не знам колку тебе тоа те интересирало ама сум читала доста на оваа тема и мислам дека оваа е една од најголемите мистерии. Научниците дознаа колку е старо сонцето па да не можат да дознаат луѓето како настаале.Вистината се крие од обичните луѓе а има докази како сме настанале. Има многу работи по кои ние луѓето сме едиснтвени од другите цицачи. Еволуција имало и ке има ама до во некои умерени граници ама за тоа дека сме настанале од мајмун или некој друг вид не верувам.
Мислам дека тие луѓе кои владеат со светот, не знаат за тоа како настанал човекот.Како второ со акцелераторот, може и проблеми да си направаат, релативни се нивните докази за тоа, како трето колку што добро можам да се сетам на плочките од Вавилонците и Сумерците, нема такво нешто.Религијата е стара, нема никаква врска дека тие луѓе кои сакале да владеат со светот, ја измислиле само заради контрола над луѓето.Луѓето кои некогаш владееле се поистоветувале со божествата во кои верувале, затоа се мисли дека ја измислиле религијата.А искрено не верувам дека некогаш ќе се открие како настанал човекот, како што ни до сега не е откриено.
Najbrzoto sto mozev da go najdam so prevod e ova. Tocno e deka za nekoi raboti se preteruva vo videoto ama sepak mislam deka ova e samo mal del od vistinata http://fakulteti.mk/news/11-07-17/tajni ... enata.aspx
Зарем сеуште постојат луѓе што веруваат во приказната за Адам и Ева? Како и да е - ваше право си е тоа, било логично или не... Во однос на еволутивните процеси, факт е дека има доста сегменти што не се научно потврдени и се сметаат како хипотези или пак појави кои науката сеуште не ги објаснила... Според мене суштината на еволуцијата се состои во следново - адаптација на видовите во средината во која живеат - мигрирањето нивно во нови средини, со нови услови и тамошното адаптирање им овозможува појава на нови фенотипски карактеристики (фенотип е целокупниот збир од сите анатомски, физиолошки и еколошки својства на еден организам) - мутацијата на генските алели -природната селекција - круцијален фактор во еволуцијата ( значи со одвивање на горенаведените процеси, во секое наредно потомство се елиминираат фенотипските својства кои не овозможуваат прогресивен развој на видот, а оние "добрите и корисните" остануваат и се пренесуваат во потомството...) - специјација (настанување на нови видови) ........ Во однос на потеклото на човекот од мајмуните, треба да се знае дека еволуцијата на човеколиките мајмуни течела во неколку правци...Имало и слепи гранки на таа еволуција, а денешните исходни форми од сиот тој процес се рецентните видови на мајмуни и човекот како единствен вид Homo Sapiens, род Homo, фамилија Hominidae мислам беше... Не знам тука што е толку конфузно... Процесите на мутација нека не ве бунат...Ги има илјадници типови мутации на генски алели, хроматиди, хромозоми, делови од ДНК и РНК нишката итн...Има мноогу за тоа...Битно е дека дел од тие мутации се корисни и овозможуваат варијабилност на својствата кај единката...Денешниот биодиверзитет се должи токму на тоа... Иако нема некои ептен цврсти докази за коацерватната теорија за настанувањето на органските материи -самиот почеток на содавање на жив свет, сепак држи вода таа хипотеза...Мислам дека дури и еден експеримент беше направен во лабораториски услов...
Не велам дека пирамидите не се мистериозни, само нема во нив ништо за што некој би се посомневал дека имаат врска со вселената или пак вонземјани.Пирамидата претставува ремек дело за старите владетели преку која тие ја покажувале својата моќ, но покрај тоа е гробница каде фараоните биле погребани.Пирамидите внатре се празни, на врвот во пирамидата има тајна соба која скоро била откриена од еден познат египетски научник, археолог, а како ја направиле тогаш не се знае.Се сметало дека со самото погребување на фараонот во пирамидата, неговата душа излегува преку врвот на пирамидата и се упатува кон небото, да речам нешто како Феникс, кон одредени соѕвездија.Тоа е целата работа околу пирамидите, а нивната мистерија е како биле изградени и дали било возможно да бидат изградени толку прецизно од човек.Тоа е целата нивна мистерија, но нема никаква врска со настанување на човештвото, а сега тие што владеат со светот, односно на оние кои моментално владеат, тоа е нивна констатација за погрешно толкување на нештата.Најпрецизни податоци може да даде археологијата, историјата.Додека пирамидата не е само нешто што го имале Египјаните...
Па баш тоа има во видеото дека има пирамиди низ цел свет и нивната поставеност е малку чудна ама ај да не сум оффтопик. Значи во тоа видео некаде на средината спомнуваат нешто за тоа како се појавиле луѓето. Mногу одамна прв пат слушнав за таa теорија и ми изгледаше смешна ама сега мислам дека држи вода тоа дека сме ние од некоја друга цивилизација направени (кој сака нека ми се смее слободно ама мене пологично ми е ова отколку приказните за адам и ева и еволуцијата) Рековме оваа тематика е една од најголемите мистерии понекогаш и сами не сме сигурни во тоа што го мислиме и затоа не ги осудувам сите што мислат различно од мене.
Сега се сеќавам на зборовите на професорката по биологија што ни предаваше во основно (професорка беше, не наставничка). Кога учевме за еволуцијата ни рече: "Порано се учеше дека човекот настанал од мајмунот, ама сега, бидејќи ни еден мајмун не стана човек, се учи дека човекот настанал од заеднички предок со човеколиките мајмуни (проконзулот)." Oд друга страна не мора да го сфатиме религиското верување толку буквално. Група научници, преку изпитувањето на ДНК на мажи од целиот свет, имаат откриено дека сите мажи на планетата имаат еден заеднички ген, тој ген потекнува од Африка, а ја имаат утврдено и неговата старост. Што значи дека сите мажи имаат еден ист предок, т.е. дека сите настанале од еден маж. Можеби тоа е библискиот Адам. Во секој случај, никој не знае што е со сигурност точно, а наше е да си избереме во што ќе веруваме.
Тогаш коментирав тука набрзинка што можев да заклучам од твојот пост, а сега го гледав видеото, се заборавив гледајки ептен сконцентирана бев вака, според тоа што видов, пак се зборува за тоа што го говори Библијата, знам имам слушнато за поврзаноста на пирамидите со вонземјани.Но, конкретно ќе кажам за Бог и Египјаните, настанување на човекот, уствари тоа што го кажав претходно поистоветување на фараоните со Бог, тоа е целата работа за тие храмови, пирамиди, божества итн.Тука се само претпоставки за тоа како настанал човекот,нити некој ќе знае некогаш како настанал, некои работи се преувеличуваат во ова видео, иако укажува на големата спиритуалност на Египјаните, а и другите цивилизации, дека сме некаков микс од суштества и мајмуни не ми е релевантен или сигурен доказ, повеќе ми делуваат некако измислени работиве во сето тое што говори во видеово, а и со наводното привидение на тој уметникот додека престојувал во пирамидата.Значи многу работи се преувеличуваат, да не кажам и дека се измислени.Ако почнам да зборам за пирамиди и кај ги има, а кај ги нема, кој со кого се поистоветува, сигурно ќе бидам оф топик Толку можам да кажам, бидејки не знам како настанал човекот, да знам ќе кажам веднаш иако тоа е мистерија која нити некој ќе ја дознае, само ќе има претпоставки и ќе си остане на сето тоа кој и во што верува, ништо друго. Се утепав од пишување доста беше
само едно не сфаќам ... да речеме Адам и Ева родат две дечиња машко и женско и сеа за внуци , братот и сестрата требаат да имаат односи а тоа е инцест.... ја имам прочитано библијата ама пак не ми е јасно.... исто со Ное. Неговиот син имал син и сега за тој син да има дете треба со братучетка да легне за да има дете.... Скептик сум се ми е сумљиво , така што ни еволуција ни Адам и Ева....
Еволуцијата одамна е научно побиена и отфрлена во некои земји! Нема подобро и подетално објаснување од тоа што го дава Библијата за Адам и Ева, останува на секој да прифати во што ке верува, во Божјата вистина или во некоја човечка верзија или логика.
ееее девојки па јас паметна сум била (ненененене не сум самобендисана да се насмееме малце ) па вака... ке кажев... во библијата пишува дека АДАМ И ЕВА имале 2 СИНА па едниот го убил другиот значи останале АДАМ ЕВА и 1-от СИН... па тогаш како по ѓаволите тој се оженил со некоја си таму и имал деца ?
Јас се држам до еволуцијата повеќе отколку до Адам и Ева. Несфатливо ми е како Адам настанал од прав, а Ева од ребро... Еволуцијата е колку-толку поткрепена со некакви докази кои се малку посфатливи за мене. Иако постои се уште она „па зошто сега некој мајмун не стане човек“ сепак поуверилива ми е еволуцијата...
Ја мислам дека Библијата нема "логика" туку сите тие луѓе и настани се напишани со преносно значење. Не само што нема ''логика'' еволуцијата после Адам и Ева, туку и пред нив. Мислам Адам бил направен од глина, а Ева од неговото ребро...Не сака Библијата тоа да ни го каже, туку све е со некое алегорично значење. Сепак многу работи се надополнуваат. На пример во Библијата се вели :-'' И Господ создаде светлина!" Од каде знае Библијата која е напишана пред повеке од 2000 години, нешто што лугето го откриле пред неколку века. Имено и во теоријата за Биг Бег се потврдува дека првин од светот имало само светлина. И најголеите умови и научници всушност не ја побивале теријата за постоење на Господ. Дури и со цел да не бидат осудувани од црквата во Средниот Век тврделе дека нивните теории само ја дополнувале Библијата. Ниту еден голем научник не се побивал со фактот дека постои некоја енергија која недостига, некој момент кој не може и со сите реконструкции да се вметне, нешто секогаш недостига и таа мистрија секој има право да пополни со името Господ, Исус, Буда, Алах...Мене многу ми се допага напишаното во Библијата, никогаш нема да ми досади и секој ден да ја читам зашто ме замислува и ме тера да мислам што сака да пренесе. Една од омилените реченици ми е ;Дрвото се познава по своите плодови'' .Тоа значи дека секој човек се познава по своите деца... Не ми замерувајте, јас по професија сум ''научник'' и немојте да помислите дека ја негирам теоријата на Дарвин, само сметам дека науката почнува од средината, а не од почетокот.
како што кажа LoVeR зошто денешниот мајмун не стане човек? некако бесмислено ми е несватливо.Неможам да верувам во ова
Да, сосем во право си дека станува збор за алегорија, за се што е напишано во Библијата, освен историските податоци.Библијата е полна со прикази кои на веродостоен начин ги поткрепуваат сите ситуации во кои човекот би можел да се најде, значи без разлика на времето.Затоа и имам претходно кажано дека е бесмислен начинот за настанувањето на човекот, во однос на ова е алегорија, неможе никако поинаку да биде.Според мене, Бог е енергија и обратно, затоа се вели дека никој и никогаш не го видел, да не навлегувам сега за се што е напишано во Библијата, бидејки е општопознато. Точно, карактеристичен е односот на црквата во средниот век спрема овие работи, кои и не се мали, за да не се случило, тоа што се случило.Но, и теоријата на Дарвин не е баш релевантна, а прашање е дали е автентична.
Овде сум како лопата за фурна за пица-и така и така Ем верувам во Библијата, во тоа што е напишано во неја, ем верувам и на учените, зш кај нив све е докажено, имаат логика нивните зборови за тоа, дека произлизаме од мајмуните. Бев гледала на нешанал џеографик, како мајмуна се обидува да премине од другата страна на реката, но е многу матна и не гледа, и незнае дали и колку е длабока. Затоа мајмуната зеде една прачка (както обично лугето го прават тоа) и со прачката пред нејзе допираше даното и така премина реката. ТАА РАЗМИСЛУВАШЕ КАКО ЧОВЕК!! Таа воопшто размислуваше?!?! Останав вака WTF???