1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адам и Ева или еволуцијата?

Дискусија во 'Религија' започната од LoVeR, 2 јули 2011.

  1. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Јас како верник се трудам да живеам живот водејќисе по Библијата колку што можам, црквата ја гледам како божји храм, некој ја гледа како машина за пари, некој како место од каде што го контролира народот. Знаеш ли колку книги се исклучени од Библијата? Зошто? Затоа што на големиот брат не му се допаѓаат.
    И пак ќе повторам дека никаква Лилит не е спомната во Библијата, може да го потврди тоа и @EvAngelos ако сака. Стариот Завет го учат и евреите, може да ти потврди некој ако познаваш дека тоа го нема во Библијата тоест Стариот Завет туку тоа е еврејски мит.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    И двеве теории не се нешто премногу научно издржани, со факти со се.
    Ама мој став си е дека сме со еволуција настанати. Не сум многу религиозна.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ама можеш да замислиш, колкава разлика би имало, доколку приказната за Лилит, како прва жена на Адам и жена која се противела да биде потчинета, би имало влијание врз верувањето... Или пак, Марија Магдалена да биде признаена како апостол на Исус.
    Знам дека не зависи од тебе, само си кажувам, за делот со опресијата врз жените и минимизирање на нивната улога во популаризирањето на Христијанството.
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.163
    Пол:
    Женски
    @WildMk
    На линкот пишува дека се спомнува во Книга Исаија 34;14. Еве што пишува во Библијата во Книга Исаија:

    14. Ѕверови пустински ќе се среќаваат со диви мечки, козли ќе се повикуваат еден на друг; таму вештерки ќе се одмараат и ќе ноѓаат спокојство.
    15. Таму ќе свие гнездо змија што лета, ќе несе јајца, ќе веде малечки и ќе ги собира под сенката своја; таму и јастреби ќе се собираат еден со друг.
    16. Најдете во книгата Господова и прочитајте; ниедно од тие нема да одмине, едно со друго нема да се замени. Оти самата Негова уста заповеда, самиот дух Негов ќе ги собере.
    17. Зашто Он Самиот им фрли жреб, Неговата рака ќе им ја раздели со мерка; засекогаш тие ќе ја владеат, од род во род ќе живеат во неа.

    Каде е овде Лилит?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    За католичката Библија е... Сите си имате различни Библии :)
     
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Не се две теории. Едната е теорија во научна смисла на зборот, што значи не е само погодување во празно, туку валидно објаснување на нешто од природата и се потпира на набљудување, експеримент и заклучок.
    Зборот теорија не е претпоставката, туку заклучокот. За нешто во научниот свет да се нарече теорија треба да помине низ постојано проверување и анализирање на фактите. Еволуцијата, патем, е очигледно дека се случува (факт), теоретскиот дел всушност само објаснува зошто и како се случува еволуцијата. Одгворот е природна селекција.
    Нешто како со гравитацијата, знаеме дека гравитацијата е вистинска и се случува, сите сме сведоци дека ако пуштиш нешто ќе падне, тоа е факт. Можеме да пресметаме да речеме колкаво забрзување има телото (со помош на законот за гравитација), ама зошто паѓа, тоа може да се објасни само со теорија.

    Второто не е теорија, а научна пак уште помалку. Само еден обичен мит во низата митови за настанувањето на светот, животот и сѐ по список.
     
    На Amellie13, theowndemon, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не е теорија она што е докажано во науката. Теорија е се' што може да биде логичко објаснување за некоја природна појава. Природен закон станува, откако ќе се докаже. Дарвиновата е сеуште теорија, бидејќи фалат докази, за да биде потполна, но е најлогично објаснување во моментов.

    Од друга страна, ова во Библијата, нема никаква логика. Затоа, во тоа веруваат оние кои се потпираат на чувства, а не на логика.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.163
    Пол:
    Женски
    Дека има разлики во преводот, да. Но првата жена секаде е наречена Ева, а не Лилит.
     
    На Orthophill и carangigia им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не само во преводот.
    А и да е само во преводот, нели Светото писмо е Божјата реч? Нели е една и непроменлива, а не кој сака-како сака да си ја тумачи и преведува, додава-одзема текстови итн? :)

    Штом се различни 'Библиите' , нешто не штима.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Зошто нема некоја трета опција? Јас мислам дека сме од друга планета (а таму не знам како сме настанале) и дека Арката на Ное бил вселенски брод.
    Човекот е толку совршено и сеуште до крај не проучено суштество, чиј настанок го препишувам на нешто далеку посовршено и помоќно.
     
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Не станува збор за различни Библии, туку за различен превод, а понекогаш и неправилен превод. Не е лесно да преведуваш антички јазици, особено кога нема слика до зборчето да објасни за какво животно станува збор. Некои животни што се спомнуваат во повеќе контексти и повеќе надворешни текстови, со користење на логика, разум , а особено доколку коренот на зборот е зачуван до денешниот модерен еврејски јазик може лесно да се заклучи дека е крава, птица, коњ и сл. Но некои специфични животни, кои ретко се спомнуваат, па оттука и потешко да се одгатне нивното значење.
    Еве @Bitter-Sweet каде се спомнува лилит, во оригиналниот текст на Библијата, 14-ти стих, некаде при крајот:
    http://www.scripture4all.org/OnlineInterlinear/OTpdf/isa34.pdf

    Такво животно е ова „лилит“ (еврејски збор). Во Библијата што ја користи @Bitter-Sweet тоа е преведено со вештерки. Во посериозните преводи тоа е најверојатно „був“ или некаков вид на був. Тоа е таа ноќна птица што навечер и светкаат големи очи (од одблесок на месечината), не спие, туку се одмара на некоја гранка.
    [​IMG]

    Еве слика од Лилит од полуматура.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Има разлика во Библиите на различни фракции. Една книга била Света, друга апокрифа.
    Освен тоа и низ вековите, се исфрлале делови и/или додавале делови (книги).
     
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Ама како ќе спречиш нестручни лица да преведуваат? Во тој случај треба инквицизија да им се вриши :D Епа не може и едното и другото. Или ќе дадеш слобода секој да си прведува како сака според можностите, или ќе имаш стручњаци да преведуваат, а на сите останати ќе им вршиш инквизиција. Пример кај нас првото издание на Светото Писмо на македонски јазик го водеше дедо Гаврил кој немал високо образование, ниту теолошко образование.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Те молам, не го заобиколувај делот со апокрифите.
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Ако ти дојде @Lilit сеа, ќе ти каже она тебе кој е вештерка кој був со големи очи :D
    Како успеа да и ја ископаш сликава од полуматура? Од матура имаш нешто?
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Така им одговара на атеистите, кои имаат паушално читнато нешто на гугл. Ама не е така. Точно се знае кои се канонските, поточно протоканонските книги, признаени и од евреите и од католиците и од протестнатите и од православните . Ова зборам за стариот завет, а Новиот завет е ист кај сите.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Трк во визбата на Ватикан :)
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Што барам таму? Си била таму, па да ми препорачаш нешто да видам?
    Плус Ватикан не е никаков фактор, иако е добро место за сајнс фикшн заговори дека таму се кријат „тајните“.
    Од стариот и новиот завет на Библијата се најдени илјадници манускрипти на три континенти, така што Ватикан воопшто не е потребен за текстуален критицизам на Библијата.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Католичката црква е најголемиот колонизатор во светот... со тоа 'мисионерската' работа нејзина и крстоносните војни итн итн. Што мислиш, немаат 'залихи' од артефакти како што имаше Германија во втората светска војна, и Англија и Франција и ден-денес? :)
     
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Мислиш, имаш теорија, најди докази и бум, станува закон. Она што велиш може да биде логично објаснување се нарекува хипотеза. Во секојдневниот говор најчесто наместо хипотеза кажуваме теорија.
    „Имам теорија дека комшивката ми ги краде цвеќињата.“ Не, немаш теорија, имаш хипотеза. За да биде теорија треба да провериш дали навистина комшивката ги краде.

    Теорија е краен стадиум, не е почеток. Законот, од друга страна, се добива математички со набљудување факти и самиот себе си ја потврдува вистинитоста. Веќе го спомнав, законот за гравитација, тој кажува од што зависи големината на силата со која се привлекуваат две тела, ама не кажува зошто.
    Закон за еволуција не ни може да постои, бидејќи законите се однесуваат на опипливи работи. За неопипливите, теориите се as true as it gets. Не можеш да докажеш дека имало Биг Бенг или дека космосот е изграден од жици така директно како што можеш да докажеш дека потопени тела го истиснуваат својот волумен.

    Законот не е на повисоко ниво од теоријата, се работи за различни работи, а не за исто нешто што е условено од бројот на докази (што и да значи тоа).

    Еве посликовито:
    [​IMG]
     
    На Someonespecial, Bender Rodriguez, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.