Можеби, ако Исус не се врати порано па Тој да ги уништи религијата и да прочисти 90% од црквата Иначе Волтер го има кажано истово во 1778 година, дека за 100 години христијанството ќе го снема.
Тешко дека некој може, ама ирелевантно е. Вистината никогаш не зависела од тоа колку луѓе верувале во неа. Имало времиња кога мнозинството научници верувале дека Земјата е рамна плоча носена на желки, верувале во геоцентричен модел, верувале дека атомот е најситната неделива честита, верувале во постоење на етер, верувале дека времето е апсолутно и дека просторот е изотропен. Мнозинството од научната фела верувале во ова, а сепак денес знаеме дека ништо од ова не е точно.
@EvAngelos си христијанин верник веруваш во науката а силно тврдиш дека Исус кажал никој не го знае денот на неговото враќање? Наука и Исус? Нешто имаш згрешено..
Имало време кога црквата го уверувала народот дека Земјата е рамна плоча која ја носат китови.. научниците секогаш се користеле со докази не со "верувале". И најнефер дискусија е онаа мегу атеист и верник затоа што додека едните на секое зошто имаат затоа другите само слепо веруваат...
Запишале Неговите следбеници. Има манускрипти кои датираат од 1ви век. И историјата и археологијата и текстуалниот критицизам се наука. Ама да не одиме офтопик многу на оваа тема Зошто? Како тоа Исус противречи на науката? Што им фали на сите научници, доктори по наука, академици, Нобеловци итн. кои си ја терале науката и истовремено верувале во Исус? Па дури и таткото на научниот метод (Франсис Бејкон) бил христијанин.
Каква црква, научниците верувале во рамна земја уште пред наша ера, пред Исус да се роди, кога не постоела црквата Жал ми е што си опкружена со такви верници со слепа вера. Сепак имај предвид дека постојат и верници со разумна вера, со позитивен скептицизам и истражувачки дух. Еве овде имам пишувано за науката и верата, кликни на овој линк и уживај http://www.apologetika.mk/науката-и-вербата/
Верници со истражувачки дух.... избегавме од темата ама нема врска. Со љубов ќе прочитам па ќе коментирам.
Нема што да 'веруваш' или 'не веруваш' во теоријата на еволуцијата, не е догма. Можеш да веруваш или не, во приказна.. На пример: Адам и Ева. Убава приказна.. Ама сепак, приказна..
@EvAngelos , не знам како не ти се смачи да се рваш со едни исти таленти на овие теми? Ниту нешто ќе им докажеш ниту ќе ги преумиш. Само те тапшаат по теме и лудо се забавуваат, попат.
Така е. Како што вам нема да ви докаже за иконите, светците и сл., така па на нас атеистите за сè друго - уште помалку.
Напротив, баш ми е интересно, само сум ограничен со време. Поинтересни, поквалитетни и пообјективни се дискусиите кога има различни мислења и ставови, нормално се додека има емоционално зрели дискутанти. Замисли форум каде владее едноумие и сите се индоктринирани во Дарвинизмот или сите се креационисти? Тоа ќе биде само тапшање по рамо у стилот „ејј види колку сме ние у право ваауу дај си рака еј, а овие надвор другите глупи хаха веруваат у глупости“. Звучи малку субјективно нели? Убедувањата и аргументите најдобро се тестираат кога ќе ги ставиш во ринг со неистомисленици