1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адам и Ева или еволуцијата?

Дискусија во 'Религија' започната од LoVeR, 2 јули 2011.

  1. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    И еволуцијата некој ја измислил... Верувам дека Адам и Ева биле создадени. Не верувам дека сме настанати од мајмуни, а мајмуните од нешто друго. Еден е што создава - Бог. И научниците се трудат да направат од ништо нешто, си експериментират. Така да зошто да не верувам дека Бог, кој е над сите научници, некогаш обликувал и створил живо суштество кое го нарекол човек? :)
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.952
    Пол:
    Женски
    Ammmm what???
    Еве и тоа прочитав, Госпо научник дека бил8-|
     
    На Someonespecial и Tan4ence им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    A Бог кој го создал?:D
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  4. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Сезнаечки, семоќен итн. Не мислев на научник.

    Постои одсекогаш. Не го знаеме почетокот а крај нема. Вечен е. За жал вечноста е неразбирлив поим за нас. Но, верувам еден ден ќе разбереме.
     
    Последна измена од модератор: 1 септември 2018
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sofija099

    Sofija099 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Ти прочитав подолу Бог постои одсекогаш вечен е... во тоа веруваш а тоа дека човекот настанал од мајмун а мајмунот од "нешто друго" не ти е верно? Не те судам само прашувам. Можеби па тоа "нешто друго" е всушност вашиот Бог...
     
  6. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Јас сум христијанка читам Библија и верувам во тоа што го пишува во неа, бидејќи верувам дека е вистинско тоа што го пишува во неа. Во Библијата пишува во 1.Мојсеева 1:26
    Потоа рече Бог: „Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите – над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!”

    Се живо во природата е создадено од Бога. Тоа е моето верување. Подлабоко не навлегувам. Зошто ти како човек прифаќаш дека претходно си била животно? Јас не го прифаќам таквото учење и не верувам тоа. Човекот е создаден според Божјиот лик.
     
    На Vitaly, Bitter-Sweet и Orthophill им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Христијаните не веруваат во создаден Бог, туку во вечен Бог. Бог што има свој почеток едноставно по дефиниција не може да биде Бог. Така што на ова поле, и атеистите и христијаните се согласни во тоа дека не веруваат во таков создаден Бог. Добро е, барем во ова се согласуваме :)

    Глаголот „создавање“ е врзан со време. Нештата се создаваат во даден временски момент или интервал. Некој создал нешто вчера, некој на 3 Мај 2017, некој на 14 Јануар 1878 година итн. но не можеш да создадеш нешто во бесконечно минато време.
    Ако некој ти рече дека ќе ти направи торта после бесконечно години, тоа едноставно значи дека нема да ти направи торта.
     
  8. Sofija099

    Sofija099 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Едноставно од мала на работите гледав многу просто. Тој направил човек по неговиот лик а црната раса кој го признаваат за Бог? Што го инпирирало баш сега денес ќе прави ноќ или ден. Хаха прашањата се толку само прости и детски што никој верник никогаш не ми ги одговори... ги има уштре многу. Од страна на научниците поточно од луѓето кои веруваат во науката а не во Бог секогаш бев ислушена и се трудеа колку што можат да ми објаснат. Одговор од верник никогаш не добив.
     
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    А кој те излажал дека Бог го создал човекот како белец? :)
    Еве ти линк со одговор: Ако Адам и Ева биле белци, тогаш од каде се црнците?
     
  10. Sofija099

    Sofija099 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Зошто? Каде виде хумор?
     
  12. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Бог не гледа на боја. Ние луѓето гледаме. Битно сите изгледаме исто физички(машки и женски) со исклучок на бојата.
     
    Последна измена: 1 септември 2018
  13. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Жено и господ бил човек имало човештво и во негово време?

    Јас не верувам дека од Адам и Ева па Ева украдела јабука па така господ и рекол ке ете казнам ке му бидеш роб на мажот е од тие прања на мозоци жените пателе со години и векови измачувани тепани, психички и физички матретирани а мажот уживал во своите права. Да не го е некој снимал тоа или видел па да кажува дали она украдела јабука па шо и кажал гопсод тај шо го е тоа пишувал ваљда е женомрзец, примитивец и шизофреничар, инаку верувам дека човекот е создаден од прашина од честички на пример како е направена земјината топка така и човекот.

    Па затоа луѓето се и дискриминирани бре и жени и црнци жените украле јаболко и господ ги казнил а црнците оти не била создадени од него. Од болни умови произлегоа дискриминациите не сум против бог и ја верувам ама не верувам дека тој не создал.
     
    Последна измена од модератор: 4 септември 2018
  14. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    И да ти одговорам нема да веруваш. :)

    Како веруваш во ова, а во Адам и Ева дека згрешиле поради јаболкото (љубопитноста што ќе им донесе ако каснат од него) не веруваш? И двете работи ги пишува во Библијата.
     
    Последна измена: 4 септември 2018
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Оти е тоа повеќе за верување земјата е создадена од честички буквално се кој ги видел Адам и Ева со јаболкото жити се?
     
  16. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Веруваш ти дека Христос дошол на земјата, умрел, воскреснал и се вознел на небото?
     
    На carangigia и Orthophill им се допаѓа ова.
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Верувам дека го родила мајка, за прикаската детска за Адам и Евам се кажува дека жената ја казнил со тоа што ке раѓа во болки а мајката богородица како го родила Исус? Јас секако верувам со Господ ама не во вакви празни сознанија што некој примитивец ги напишал од досада.
     
  18. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Ок во тоа веруваш иако не си била присутна. Иначе во стариот завет пишува така дека мажот имал повеќе права од жената. Но, во новиот пишува дека мажот треба да ја сака и почитува жената како и таа него. А не знам јас дали Дева Марија имала болки кога раѓала. Не е ни битно. Секоја жена е приказна за себе кога е во прашање раѓањето.
     
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Што мислиш ова од кој завет е?
     
    На Lianna Anna, Someonespecial, Tan4ence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Од новиот е секако. Ако мажот е авторитет не значи дека жената нема право на никаков збор. Мислам дека во тоа време на жените не им било дозволено да поучуваат и проповедаат во јавност. Јас ова го разбирам дека се однесува за во јавност. И тоа не значи мажот ако има авторитет дека жената е роб и слугинка. А јас мислев на овие стихови од Послание на св апостол Павле до Ефесјаните 5та глава:

    22. Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господа,
    23. зашто мажот е глава на жената, како што е Христос глава на Црквата, и Он е Спасител на телото.
    24. Но, како што Црквата Му се покорува на Христа, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сè.
    25. Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа.
    26. за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото;
    27. та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернение, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна.
    28. И така, мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат своите тела; оти, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси.

    Тука е споредба со Христос и Црквата и мое мислење е дека е најдобрата споредба од сите други.
     
    На carangigia и Orthophill им се допаѓа ова.