Што значи ова? Дека сите останати организми (животни, растенија, габи, бактерии итн.) се создадени после човекот кој е најкомплексен организам? И ова тебе ти личи на наука, и воопшто ти одговара со значењето на поимот еволуција?
Не. Сите животни и растенија, габи, вируси, бактерии (ако прескокнав некое царство простете ми) се создадени пред човекот. Со тоа што Бог не земал кал и да создава тираносаурус, ајкула, кокошка, фикус итн., дуку само содејствувал во нивното создавање. За разлика од се` друго, круната на сета творевина човекот е создаден директно од Бога. Зеде Бог кал го оформи и го создаде човекот, му дувна животворен дух и човекот стана душа жива (подетално во книга Битие, првите глави).
Е де.. Адам. А Ева е отпосле направена, од реброто на Адам, за да има со што да се занимава господинов.
За да не биде сам господинот и за да биде целосен. Оти ништо што е само не е целосно. Затоа и Бог Отец Го роди Синот и Го происходи Светиот Дух.
Од сите други створенија не се нашло ниедно кое би било соодветно за друштво и помошник на Адам, затоа Бог ја створил Жената( за да си одговараат и физички и психички)
Ова се коси со борбата за рамноправност на половите. Ако вам ви е убаво, да бидете во потчинета улога, мене не ми е.
Етц етц и доаѓаме до инцестот. Што имате да кажете за инцестот меѓу децата на Адам и Ева ? Wannabe Lannisters
Рамноправноста никогаш нема да биде 100 постотна. Мене ми е убаво да му помагам на мажот, а и тој мене во секојдневните обврски. Не знам што ти разбираш под потчинетост. Малтретирање на жената? Мислиш ли дека во реалниот живот не постојат мажи кои што се малтретирани од жени?
Веќе го пишував ова... Бог го создал Адам, неговата 'совршена творба'. Му вдахнал живот и го ставил во Рајот за да ужива во неговите благодети. Но, на Адам му станало здодевно, па Бог ја направил Ева, од реброто на Адам. Таа не е 'оригинална Божја творб'а, туку копија од дел од Адамовото тело. Била направена за да се 'занимава' Адам, да не му е 'досадно' во Рајот. Адам (мажот) е совршенство, Ева (жената), е занимација за Божјото совршенство. Што подразбирам под полова еднаквост? Да не сум 'направена', за занимација на некој маж! Уште помалку мислам, дека мажот е совршен, а жената негова бледа копија.
Ako ti e ubavo da mu pomagas na maz ti i toj na tebe ti e ubavo da ti pomaga,znaci kako sto zenata bila sozdadena da pomaga na mazot neli i toj so svoeto sozdanie i postoenje mectael da ima na koja da i pomaga? Taka da ako e vistinita spored tebe tvojava vtora napisana recenica istovremeno se kosi so vistinitosta na prvata. Znaci iznesuvas pogresen zaklucok vo prvata E sega sto sekoj selektivno ja primenuva koga mu se saka ili ne saka,toa sozdava neednakvost na tema ramnopravnost. Inkvizicijata/mazite vo taa mracna doba vekovi i godini ja gazele i omalovazuvala zenata i nejzinite prava i doprinosi za covestvoto. Toa e vtemeleno i vo religijata. A toa e totalno pogresno tolkuvanje na vaznosta i ulogata na zenata vo covestvoto so nejzino potcenuvanje i davanje lazna uloga na sluginka na mazot,na nekoja napravena od masko rebro No pa i denes vo rok od polamalku od 100godini zenata doziveala nagla sloboda pa nekoj mnogu poletale i preterale vo baranje na ramnopravnost,preterale do nivo na dekadencija... Vo se umerenost. Ramnopravnost i te kako postoi,100%.
Ти остави ги децата на Адам и Ева. Гледај си за себе. Не е во ред, но така било за да се наполни земјата. Кога се наполнила се знае дека тоа не било дозволено. Никаде не пишува дека тоа било исправно - како што не е ни денес. Не само инцест и еден куп други работи има во кои луѓето грешеле. Тоа е последица на гревот, за жал. Секогаш сум се прашувала зошто луѓето толку многу се фаќаат за овие работи кога има многу други позитивности. Човекот е грешен но, секогаш може да избере подобар пат бидејќи Бог е милостив и проштева ако се покаеме.
Има такви книги колку сакаш. Искрено, во Медитациите на Марко Аурелиј ќе најдеш подобри совети за секој сегмент од животот на човекот отколку во Библијата.
А најубаво е ко жената лежи, шета ужива, а мажот нека работи и нека плаќа чистачки и готвачки или па сам нека исчисти и зготви. Или тука е мајката/свекрвата таа ќе мии зготви / исчисти / помогне.... Кај е тука рамноправноста? Во која област ја гледаш ти рамноправноста? Дај да земеме и ние жените бе да дигаме вреќи од по 50кг тешки и више, да работиме тешки физички работи како некои мажи. Ее веќе како го опишувате ова ко само на жените да им е многу тешко, а на мажите лесно....
Благодарам, сепак мислам дека Светото Писмо е извор на многу други позитивни книги. Читам и друга литература покрај Библијата.
Go izzemam tvojot muabet vo pocetnite recenici i ke se zadrzam na ona sto e pocrtano a od tebe pisano. Jas ja gledam posekako ramnopravnosta,za tebe neznam kaj ja gedas i kako ocekuvas jas magicno so eden komentar da te nateram da ja gledas. Prosto e ili sakas da ja vidids ili sakas da ne ja vidis. Ako dobro me razbra vo prethodniot komentar jas navedov deka ne e dobro ni toa mazite sto im pravele na zenite vo periodot na inkvizicijata no isto taka ic ne e dobro toa sto nekoi zeni na smetka na ramnopravnost so mazi odat vo ekstemno tolkuvanje na svoite prava i slobodi do stepen na dekadentnost. Tolku od mene za ova.
I Biblijata ne e za potcenuvanje kako sto navela @worrieddd ama ne e edinstvena kniga so takvi soveti
А жената ги има само тие опции? Да лежи, шета и ужива или да е само домаќинка? Скраја да е да работи и сама да може едни влошки да си купи, да не мора пари од мажот за тоа да бара. Вреќи можеби не дигаме, ама дигаме колички, торби полни со триста глупости внатре, еве не мора ни со деца да е поврзано, малку ли е физичката работа на жената? Па со мајка ми кога ќе сме чистеле низ дома еден шкаф дури да го преместиш рацете ќе ти паднат. И да, не можеме да бидеме исти со мажите никогаш... Ама можеме да бидеме истоправни. Ништо повеќе не се од нас, ништо помалку. За болдот, рамноправност во се гледам и секој треба да гледа така, да сме сите рамноправни. Арно те праша девојчето, одговор од ти остави ги децата на Адам и Ева и гледај си за себе е еквивалент на одговор на поп - Не гледај што правам, прави како што ти кажувам. Како да не се фатиш за такво нешто кога е огромен флоп во целата библија, а плус не е само тогаш спомнат, не ги заборавајте и децата на Ное во коработ. Сите биле роднини таму дури не наишле на земја, пак меѓу себе се плоделе Ако било така за да се наполни земјата и ако Бог е семоќен, што не направил повеќе луѓе па сите да се парат меѓу себе, а не само 2ца луѓе. Исто така 2 машки се родени јас колку што знам, Каин и Авел, девојче не е родено. Со оваа кочница што правиме? Има уште мала милијарда нелогичности, мене не ми е проблем да ги напишам.