Инцестот како грозна појава со генетски проблеми, во првите векови од создавање на човештвото не било воопшто проблематично, тоа што се случило помеѓу децата на Адам и Ева, Абрахам и Сара, тоа не треба да се гледа како инцест...затоа што клучна точка на толкувањето на сексуалните односи помеѓу блиски роднини е времето ПРЕД и ПОСЛЕ ЗАКОНОТ. Тие односи постанале инцест откако Бог даде заповед против нив.
На почетокот имало хомосексуалци? Ако било нормално ќе имало според моја логика. Не кажав никаде дека хетеросексуалните немаат проблем со забременување. Имаат се повеќе додека порано не било во толку голем процент како денес. И кој ќе објасни конкретно зошто е тоа така? А ти бегаш од конкретни одговори на прашања кои ти ги поставувам. Зошто го правиш тоа? Ама џабе отворив тема и еве ќе престанам да пишам пошто очигледно до недоглед ќе оди тоа вртење во круг бидејќи имаме различен поглед на работите. И го прифаќам тоа. Не сме сите исти.
На кое прашање не дадов одговор? Бегај, бегај, ај Со бегање најубаво се "добива" дискусија, Патем, озбилно. Од кое прашање сум избегала? КЛЕВЕТА! Ко што би рекол соверникот твој на форумов
НЕ! А ти ќе ми објасниш ли мене и покрај тоа што денес нема инцест зошто има толку многу генетски пореметувања??? Сериозно.
Бравос Someonespecial, верувај во тоа што ти одговара. Бог нема(не знам дали веруваш ама претпоставка) , во Библија што пишува не верувај и во многу други работи, ама хомосексуалци постоеле верувај. Е ајде де слабо учев ништо не знам. Кажи ми научи ме нешто повторно можеби не сум прочитала некој твој коментар каде што си одржала лекција по биологија.
Девојче, временската зона на биднување на нешто не е битна, битно е дека нештото го има и постои. Кога не е битно, сфаќаш? За тоа од кога датира едното, а кога другото имам пишувано, да барам и да ги цитирам тука? Пошто генетските пореметувања се јавуваат не само од инцест туку и од други причини. Од природата и од надворешните фактори меѓу другото, Биологија за 1 година средно, Светлана Брашнарска. А како да го гледам ако не како инцест? Како да гледам на секс помеѓу брат и сестра, син и мајка и ќерка и татко? Дефинирај ми.
Може да бидам безобразна? Може, оти да не... Па вака, кога веќе одбегнуваш сите прашања кои не ти одговараат и се закачаш само за тие што ти одговараат... Со оглед на тоа што во Библијата не е опишан детално секој сексуален однос, и не се знае што се случувало додека да се создаде човештвото, што би го спречило Адам да му скокне на Каин кога му здосади Ева?
Поназад пишував некои примери кои до одреден степен ја докажуваат еволуцијата, ама знам дека не ти одговара да се трудиш да ги сфатиш. А и кога велиш дека немаш учено, не ме ни чуди што не ја сфаќаш еволуцијата.
Епа тогаш зошто го споредуваш со нешто што е нормално? На хомосексуалноста мислам. Во врска со генетски мутации, би ти посочила да отвориш учебници по биологија, конкретно биологија од 1ва до 4та година средно. Кој рече дека нема инцест денес?
ДАнгел, просто ми е неубаво што го читам овој твој коментар. Не сакам да знам за сексуалните односи на сите луѓе и многу ми е мило што не се опишани. Фала.
Убаво напишав ама значи не си разбрал или не си прочитал....ајде вака...Бог ги створил луѓето совршени во генетска смисла, така да деца од двајца браќа или две сестри нема да имаат деформитети кога ке се родат...на почетокот од создавањето на живот на земјата, непходно било мешање помеѓу роднини, но, после потопот кога од небото паднала водата и кога заштитната обвивка од тешките облаци исчезнала и почнал продор на радијација, гените почнале кај тогашните луѓе да се пореметуваат и ТОГАШ БОГ ДАЛ ЗАПОВЕД И ГО ЗАБРАНИЛ ИНЦЕСТОТ....затоа библијата содржи инцести, но не треба да се извртува и да се толкува како би и се исмејувале, туку времето ПРЕД и ПОСЛЕ заповедите да се знае.
I jas se vodam po ratio i emotio ama pa za Biblijata nema da napisam nikogas obicna kniga. Zalno e koga nekoj ne ja sogleduva nejziata vrednost,ne diskutiram za Genezisot opsto ima mnogu mudri soveti no koj ja procital znae i nema nikogas da ja narece obicna kniga ako go poucila nesto pametno.
Првите луѓе кои се размножиле, се поделиле во различни племиња. И да, тогаш имало инцест. Подоцна, Бог инцестот го прогласил за грев. И иако сите потекнувале од Адам и Ева и практично сите биле роднини, се сметале дека се различни припадниците на различни племиња, односно дека не се сродни. Така некако беше. Во Библијата ги пишува имињата од многу генерации, кој на кого му бил татко, брат итн. На некој му е глупо и нелогично, нека верува тогаш во еволуцијата. Некој друг верува во Библијата. Треба да се почитува сечие верување без толку навреди. Нема верник тука на кој не сте му се пуштиле.
Пред и после законот бе Не, извинете ама не можам да сфатам како луѓе ем со познавања на наука, ем со цврсти вистински морални вредности - можат навистина да веруваат и да ја материјализираат како веродостојна оваа приказна за настанокот на светот. Значи Бог за 7 дена го создал светот, човекот (поточно мажот) го создал од кал и му дувнал душа, жената (цел друг човечки организам) ја создал од реброто на мажот. После тие двајца со ист генетски материјал си се размножуваат, и нивните деца така, со инцест - сѐ до еден ден кога дедо Боже рекол дека инцестот е неморален, па сето тоа пред тоа пу пу не важи... Добро бе, а бракот (црковен каков што го знаеме) постоел ли на почетокот? И од кога тоа Господ рекол дека сексот пред брак е грев? Вклучете сопствен ум бе луѓе, аман... Трагикомично е.