1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адам и Ева или еволуцијата?

Дискусија во 'Религија' започната од LoVeR, 2 јули 2011.

  1. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Точно! :!:
    И јас верувам повеќе во еволуцијата...Пореална ми излгеда :?:
     
  2. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Незнам мене ми се верува повеќе ова со еволуцијава.
    Дека прилепчани се познати како мајмуни не за др.. :lol:
    Човекот настанал според мајмун по мое мислење.Но тој мајмун бил различен од денешниве.
    Аза ова со Адам и Ева не ми се верува ...
    Видете го ова...Па тие имаат папок :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    5.357
    Пол:
    Женски
    Јас верувам дека човекот еволуирал од човеколиките мајмуни (австралопитекус,питеконтропус-во биологијата овие ни ги пишуваше... :D)
    А за денешниве мајмуни да станат луѓе може ќе биде некогаш ама малку тешко дека ние ќе дочекаме да го видиме тоа :D
    Бидејќи сепак се работи за долг процес кој траел илјадници години
     
  4. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Ова ти е исто како да прашаш зошто Лејди Гага не стане пак нормален човек.
    И мајмуните не се исти како овие сегашниве.
    И тие доживеаа еволуција.
    На еволуцијата влијаат многу фактори, како надворешни, така и внатрешни.
    Ако не влијаеа ние сите ќе имавме ист надворешен изглед.
    И понатаму прашањава водат кон апсурд.
    Како што не може повторно да се создаде диносаурус,така не може и мајмунот да премине во човек од очигледни причини,иако повеќето луѓе се мајмуни заробени во тело на хомо сапиенс.
    Тие човеколики мајмуни хомоеректус,хомохабилис и незнам уште кој на времето си оделе на четири нозе.
    Поради создавањето на животински видови, се појавила и потребата за преживување. И пошо овие не можеле постојано да бараат храна на земјата,а на дрвото растеле плодови, така почнале со текот на времето да се исправуваат и се друго понатаму, откривањето на оганот, орудијата со кои ги ловеле животните, наколните живеалишта.
    Со текот на времето и мозокот им се развивал. Па и тие праисториски мајмуни беа со различна мозочна маса.
    Така да не е тешко да се претпостави како настанал човекот, тешко е да се претпостави како настанала живата материја воопшто на Земјата.
    Како настанала вселената.

    За верување е "Господ не се создал, Господ создава?"
    Не.
    Бидејќи и него мора некој да го создаде и тоа што го создало Господ треба од нешто да биде создадено.
    До недоглед..

    Адам и Ева.
    Колку за потсетување и надвор од тие хипотетички ситуации, бидејќи прочитав бисерчиња, Адам и Ева имаа две машки деца Каин и Авел.
    А, не.. што ако Адам и Ева имаа машко и женско, па овие да направат инцест.
    Ако Господ ги создал Адам и Ева и Ева е настаната од реброто на Адам, тогаш нели е логично и тие да се роднини и да се крвно поврзани?
    Или Адам бил нулта позитив,а Ева А негатив?

    Убаво е да се прочита Библијата и да се почитува поради нејзината старост и вредност, но да веруваш во стариот завет е исто како да веруваш во Хари Потер и неговите волшебни авантури.
     
    На Lolo5, turquoise, Sara123 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Некои луѓе веруваат дека луѓето настанале од Адам и Ева... :^)
    Чарлс Дарвин ја поставил теоријата дека сме настанале од човеколики мајмуни...Но, науниците до ден денес не ја откриле алката помеѓу мајмунот и човекот...Знам дека ние сме 98,8% мајмуни во генетиката...
    Но, никој не може да докаже од каде потекнуваме ...
     
  6. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Во оваа прилика само ќе кажам дека се држам до теоријата дека луѓето потекнуваат од заеднички предок со човеколиките мајмуни, но никако од истите. Минимално, основните сознанија кои ги имам во врска со оваа тема се доволни за да целата таа приказна дека први луѓе кои настанале биле Адам и Ева, т.е. она што го прикажува Библијата, за да не должам многу (која патем ја немам читано), ми изгледа апсурд.

    Доказ за тоа е целата еволуција во рамките не само на Земјата како таква, но и еволуцијата на самата клетка, и понатаму организмите на различни нивоа на организација. Сите имаме учено биологија (од основно, а повеќето и во понатамошното нивно образование) , ако не повеќе, барем оние работи кои се од есенцијално значење така да патетично е да се базираме на верувања, кога науката ни ги сервирала хронолошки сите тие податоци и информации (пр. Коацерватната теорија на Опарин, Дарвиновата теорија итн.).

    Не велат дека она што го прикажува науката е секогаш сигурно и веродостојно, но кога веќе имам можност на избор, тогаш секако во прв ред ги ставам истражуваните и аргументирани работи отколку пренесуваниот пишан збор.
     
    На turquoise му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Епа Дарвин ја ја има поставено теоријата каде објаснува како животот настанал преку пат на еволуција.. меѓутоа не дава никакво објаснување за тоа како настанала материјата.

    Јас верувам дека може овие две работи да се спојат... Верувам дека Господ ја создал материјата и го започнал процесот на еволуција, и после сето тоа си течело како што објаснува Дарвин ??

    Затоа по малку од двете :emo:
     
  8. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Верувам во тоа шо ни го кажува библијата....адам и ева
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Порано верував дека од Адам и Ева настанале луѓето, но кога запознав еден човек се уверив дека сме настанале од мајмуни, е сеа некои имале повеќе среќа, некои помалце.
    И немојте да ми кажате дека денес мајмуните не евоулираат во луѓе! Погледнете околу себе :!:
     
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Адам и Ева, бидејќи свеста е нешто што не може да еволуира.
    Не верувам во теорија од која и самиот Дарвин кој ја поставил се откажал. Плус, кој ја створил Земјата така совршена? Од каде туку така „пристигнале“ мајмуните?
     
    На LittlePinky, Serafima и Gordana10 им се допаѓа ова.
  11. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Некои работи едноставно не треба да ги знаеме..
     
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Дарвин не се откажал од својата теорија , мислам мит од црквата создаден е тоа , демек на неговиот свештеник на смртна постела му рекол се откажува и се кае или пак на некоја си жена lady hope дека целото животно дело го одрекува како не :D , неговите блиски велат дека рекол дека му донела многу срам и била невкусна но сепак се држел до неа во тоа време црквата се правела да ги побие истомислениците , http://www.answersingenesis.org/articles/2009/03/31/darwins-deathbed-conversion-legend
    Од каде мајмуните ? Дарвиновата теорија зборува за еволуција од попрости кон посложени организми .
    Приказната за Адам и Ева буквално ако се сваќа тогаш смешна е во најмала рака ,но верувам дека има некоја метафора во неа но не можам баш да си ја разјаснам , како жената ќе потекне од мажот ист вид сме , па затоа дарвиновата теорија ми е пологична
    Кикирика и беладона има некои интересни размислувања баш сакам да знам, повеќе да пишат на темава ако не им е мака ? се сложувам дека религијата и науката не мора да се делат на црно - бело се испреплетуваат ...
     
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Дарвин бил еден многу умен човек, кој својот памет го искористил за лоши цели со цел да заработи пари.
     
    На Sara123, Serafima и Gordana10 им се допаѓа ова.
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека искрено верувал во неговата теорија , ама дека бил умен бил, и многу пред своето време без разлика дали му е точна теоријата , има многу недостатоци и во неа ...
     
  15. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Јој бре, ме плаши и во исто време ме разочарува кога читам мислења на вакви теми. Ко тема на проповедање во реднек американско црквиче во недела. Сфаќам и религија и се тоа, верување во што и да е, ама луѓето кои буквално ја сфаќаат Библијата, едноставно се припрости.

    Супер четиво е, само Адам и Ева се метафора, змијата и јаболкото исто така, како и создавањето на нациите. Или кхм...кога ќе подразмислам многу е веројатно една жена да има родено цела нација, не е тоа метафора, не, не.

    Еволуција дечки. Не се плашете за спасение, ако има Бог, и учени ќе ве прими во рајот. Читнете, истражувајте, информирајте се.
     
    На turquoise, Sara123 и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    И јас не го сваќам за грев ако сакаш да знаеш повеќе , да не сваќаш се буквално како што е напишано во библијата, ако е така цел форум ке одиме во пеколот :lol:
     
  17. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Си верувам во Адам и Ева и ќе си верувам, така ме научи по историја наставничката и така и ќе си остане. :D
     
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.980
    Допаѓања:
    166.544
    Пол:
    Женски
    Дарвин беше во право! Ева направи мајмун од Адам!! :rofl: :rofl: шала на страна..

    Адам и Ева ги отфрлам од старт. И еволуцијата на Дарвин научно не е издржана, меѓутоа од изборов шо го имаме, поверодостојно ми е да верувам дека потекнувам од мајмун...се разбира додека не се докаже спротивното. Сепак, моите верувања секогаш ги засновам врз науката пред се, додека пак, Библијата (ги имам читано и новиот и стариот завет) за разлика од К*ранот, таа сепак е менувана многу пати, кој стигнал ја мењал за свои потреби.
     
  19. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Ни едното, ни другото. Иако поверодостојна е теоријата на Дарвин. Не постои апсолутен доказ..
     
    На sweet-star, DeMelo и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Cheers to that ! :beer:
    [​IMG]

    1 слика-1000 зборови.