Дали се ова добри навики и особини. Што ќе изгуби човек ако нема односи пред брак? Секако ќе ги има во бракот зар не ? Дали мислиш (болдирано) дека само тие кои читаат Библија и се верници не ги прават тие работи? Има и неверници кои почитуваат здравствени принципи и апстинираат од односи пред брак но, се ретки денес. Стварно имаш погрешна замисла за верниците. Никој не е совршен. И двете се согласуваме со тоа.
Потчинетост не е само мажот да биде груб кон тебе, да те малтретира физички или психички. Тоа е веќе насилство и кривично дело. Потчинетост и сексизам е и некакви правила да налагаат секогаш да послушаш што вели мажот, да бидеш скромна, тивка пред него. Патријархално воспитани луѓе не го ни чувствуваат и гледаат тоа како проблем, дури и лично за самите себеси, за жал. Потчинетост е и што верници скокаат како на најголема навреда на претпоставки дека Исус можеби бил женет, или дека Бог можеби е жена. Има жени (верници) кои овде на женски форум го негирале 8-ми март и целата борба за права на жените, токму заради вакви редови и поенти од Библијата какви што беа наведени во минатите страници. И ај те молам смали доживљај со тие предупредувања, суден ден, покајанија и сл. Ваљда разбра досега дека воглавно со атеисти/агностици дискутираш, така што други работи ни ги тангираат нашите чувства. Не може некој да ти суди и да одговараш пред него, ако не постои. *meme-то со црнецот со прст на чело* Стилов на кој пишуваш е голем доказ колкава улога има стравопочитта (со нагласување на стравот) во вашата вера.
Дали ти мислиш дека јас сум безгрешна? Ако човек од нешто се плаши ќе бега од тоа според мене. А атеистите бегаат.
Ако не се компулсивни коцкањето, пушењето, алкохолот, сексот, тогаш се нормална појава, ако се компулсивни, тогаш се болест. Каква врска има 'здравствени принципи' и секс пред брак? За тие кои се декларираат како верници и ја цитираат Библијата, сметам дека го следат она што таму е напишано, а не дека само се расфрлаат со цитати наоколу. Ако не го почитуваат напишаното и не ги следат религските правила и принципи, тогаш не се верници и не треба да се декларираат како такви.
Точно. А значи ли тоа дека во ништо не грешат? Според ова напишаното од тебе денес нема ни еден верник - што не е вистина.
Има.. ваљда... Пошто се покајуваш (пу-пу не важи) и пак си си верник. Извини.. не можам.. многу ми е целиов муабет без веза. Едноставно не можам да ги разберам некои работи. Спиритуалност разбирам, ама следење религија и религиозни книги ми е толку ... чудно.. што немам зборови (за чудо)
И јас едно време си мислев така, ама да ја знаеше еволуцијата немаше да користи изрази како „случајности“, „потекло од мајмун“ и веројатно ќе разбереше што се common ancestors еднаш засекогаш.
И што е ова објаснување по неорганичано од моето ако гледаме така. Дај не ме зафркавај. Ај може јас ќе останам зачната од Светиот Дух.....
Убаво си пишав „и кај другите животни од кои што они веруваат дека поттекнуваат“, а не дека директно од мајмуните поттекнуваат. Добро ја знам еволуцијата, ама сепак имај предвид дека и еволуционистите веруваат дека прадедовците на тие хипотетички „човеколики мајмуни“ личеле многу на денешниве исправени мајмуни. Затоа и во познатиот цртеж „парада на мајмуните“ кој го ставаат во секој учебник по биологија, убаво се гледа дека позади човекот чекорат мајмуни. Може не се исто што и денешниве мајмуни, ама ја се кладам во 100 евра дека доколку ти ги видиш овие животни позади човеков на цртежов дека ќе речеш еј види ги мајмунине како го следат човеков
Па ако се кладиш со некое дете помало од 5-то одделение (кога се почнува со биологија), можеби и ќе рече стварно вака и ќе го добиеш облогот...
Лејла, во приказната за абиогенезата и еволуцијата се е случајно. Нема планер, нема дизајнер. Жал ми е, но тоа е натуралистичкиот светоглед. Мајката природа иако разговорно ја нарекуваме „мајка“, сепак таа нема памет, слепа е, заедно со сите законитости во неа. Во приказната за еволцујата, главниот двигател и трансформирачки фактор на животните се мутациите. Guess what? И тие се случајни таму, освен ако некој не верува дека вонземјани си играле генетски инжинеринг со животните и така настанал човекот. Но во слепата природа не може да се предвиди кој ген ќе мутира. Ген може да мутира од зрачење, од слободни активни радикали во клетката и сл. Сите овие дејства се случајни од едноставна причина што не се планирани, ниту интелигентно водени од надворешен субјект (збориме за теоријата на еволуцијата нормално). Така што нека не ти ствара неугодност тој збор „случајно“. Тоа е верата на атеистите, натуралистите, еволуционистите - збир на последователни случајни случајности.
Ти велам јас, можеш да се преправаш колку сакаш, ама не ја разбираш природната селекција. Да ја разбираше ќе знаеше дека логички нема смисла муабетов што го правиш. Во твојава приказна не можеш да им најдеш место на неповолните мутации. Тоа е еден оооогромен confirmation bias. Друга работа, и ти си една голема случајна случајност. Веројатноста баш ти да се родиш од сите сперматозоиди е страшно мала. Како би го оправдал своето постоење? Дали Господ ѕиркал и те одбрал тебе? Или пак едноставно ти си бил најпогодниот избор. Survival of the what now?
Господ не одбирал. Рачно! Нам ни треба потврда дека сме битни и посебни, на друго место не можеме да најдеме себеверификација, затоа го одбираме Господ, да ни ја 'даде' важноста.... И да се преценуваме.. малку повеќе..
Па тоа е целата суштина на религијата. Сме си ја измислиле за да се осеќаме посебно, да имаме некоја цел во постоењето. Ни треба да знаеме дека сме нечија најперфектна креација, дека сме центарот на постоењето. Не можеме да го свариме фактот дека сме by-product на природата, едноставно не е доволно добро, уникатно и специјално. Некои од нас, за среќа, ги надминале тие примитивни потреби.
Ја разбирам природната селекција и има смисла тоа што го пишав. Да немаше, јасно ќе ми покажеше што нема смисла, а не само „пу пу тоа нема врска“. И поволните и неповолните мутации се случајни. Мутацијата ја заболе увото (што го нема) дали ќе биде поволна или неповолна. „Неповолна“ е наша категоризација. Природа не разликува поволно од неповолно. Неповолните мутации не ги прават поволните - „планирани мутации“. И едните и другите се случајни. Понекогаш она што ние го категоризираме како поволна мутација - умира, а она што е неповолно - преживува. Сите сперматозоиди носат едни исти 23 хромозоми од мојот татко, така што сеедно кој хромозом ќе ја оплодел јајце клетката. Туку можеш ли ти да земеш хемиски елементи и од нив да направиш сперматозоид или јајце клетка? Не. Епа ако ти, која си интелигентно суштество - не можеш, зошто мислиш дека безмозочната и слепа природа можела да го направи тоа? Nonsense.
'Случајноста' во природната селекција е условена од законите на природата и моменталните услови, кои се исто производ на тие закони. 23 хромозоми, и маркери за еден куп различни физички варијации. Можеше да се 'погодиш' со поинакви физички карактеристики, со предиспозиции за други болести, можеше да бидеш и жена, а не маж итн итн.. Ама го знаеш и тоа.. нели?
Случајна природа, со случајни закони, со случајни моментални услови, едноставно пред секој збор можеш да го ставиш зборот случајно и да не погрешиш. И кога ќе помножиш две случајности - добиваш случајност на квадрат. Па на куб итн. Ај вака. Никој образован еволуционист нема да го оспори тоа дека генеологијата (родословот, наследувањето) од првата самооживеана жива клетка до тебе која пишуваш на форумов е низа на случајни мутации. Тоа што постојат и други линии (од браќа, сестри, први, втори братучеди), тоа нема врска со низата случајности од првата клетка до тебе.
Ти кажав јасно во следната реченица. Правиш confirmation bias. Кога велам неповолна, многу очигледно мислам на таква што не преживува, т.е. она што природата го смета за поволно. И секако дека не преживуваат само совршените мутации, туку и оние што не се доволно неповолни за да не преживеат. Не survival of the fittest, туку survival of the fit enough. Не гледам проблем овде. Она што тебе те буни е случајноста на мутациите. Погрешно го гледаш тој збор. Точно е дека мутациите се рандом мешање шпил на природата. Таа нема цел, ако се погоди нешто погодно, супер, ако не, оди во етерот. (еве те ме молам кажи ми пак како мојата употреба на зборот етер соодвестува со атеизмот јер е научна заблуда, многу релевантно, форава цепки ). Зборот ми е, зборот случајно го поистоветуваш со ,,невозможно без дизајнер". Едноставно не можеш да замислиш дека случајноста може да биде поволна. Како мислиш сеедно, ти и другите сперматозоиди не сте исти. Кажи ми, има ли улога Господ во твоето зачнување? Пази, ако нема си настанал со dumb luck и е скоро невозможно да постоиш. (Ова според твојата логика, каде random поволен избор на природата не е возможно да биде случаен).
Ако ги имаш сите параметри, сите закони, можеш да го ставиш во симулација и да 'предвидиш' што ќе се случи. И случајноста не е случајна, туку е можен исход.